Атентат во црквата „Света Недела“ - Софија

Атентатот во црквата „Света Недела“ претставува најголемиот терористички чин во историјата на Бугарија, а во тоа време и во светот.

Атентат во црквата „Света Недела“
Црквата по атентатот
МестоСофија, Бугарија
Датум16 април 1925
ЦелЦрква Света Недела
Вид нападбомба
Мртви213
Повредени500

Атентатот бил извршен на 16 април 1925 година на Велики четврток, кога група од левоориентирани комунисти, членови на Воената организација на Бугарската Комунистичка Партија (БКП) со експлозија го срушила покривот на црквата Света Недела во Софија. Во тоа време во неа се одржувала церемонијата на погребот на генерал Константин Георгиев, убиен на 14 април истата година од други дејци на комунистите. Главната цел на нападот била да се ликвидира воената и политичката елита на земјата, вклучувајќи го и царот Борис III.

Позадина уреди

По неуспехот на Септемвриското востание во 1923 година БКП била забранета од Врховниот суд на 2 април 1924 година. БКП не ги почитувала одлуките и продолжила со своите илегални активности. Владата започнала со апсење и убивање на многу нејзини активисти што нанело тежок удар на структурите на партијата. Раководните луѓе решиле да го возвратат ударот со ново насилство. Кон Централниот комитет (ЦК) на БКП била основана посебна специјална кривична група, вклучувајќи ги Доросиев, пензионираниот капетан Иван Минков и Велко Червенков, со задача да извршуваат убиства на луѓе на клучните позиции во војската, полицијата и високи државни функционери. Воената организација на БКП, предводена од пензионираниот мајор Коста Јанков и Иван Минков организирала мали терористички групи. Истовремено, полицијата продолжила успешно да ја уништува нелегалната структура на БКП[1].

Во декември 1924 година група дејци на Воената организација го привлекле Петар Задгорски, клисар на црквата „Света Недела“. Димитар Хаџидимитров и Димитар Златарев, раководител на секцијата на оружјето во ВНП, предложиле да се убие директорот на полицијата Владимир Начев. Тие се надевале дека на тој начин со ликвидирање на голем број клучни фигури во полициската и воената хиерархија ќе се намали притисокот врз БКП. Според историчарот Георги Марков, идејата била прифатена со ентузијазам од Станке Димитров, секретар на ЦК, кој во почетокот на 1925 година ја споделил со Георги Димитров и Васил Коларов, во тоа време генерален секретар на Коминтерната. Тие не го одобриле предлогот, бидејќи сметале дека таквата акција треба да биде проследена и со подготовка за големо востание[1].

Во меѓувреме, владата ги зацврстила активностите против илегалната комунистичка партија. На 11 февруари бил уапсен, измачуван и убиен влијателниот функционер на софиската организација на БКП Велчо Иванов, а малку потоа на улицата биле застрелани комунистичките пратеници Тодор Страшимиров и Харалампиј Стојанов. На 10 март била прифатена промена во Законот за заштита на државата, која ги зголемила надлежностите на властите. Според законот, смртна казна се наложила не само на дејците на нелегалната БКП, но и за оние кои им помагале или ги криеле. На 26 март бил убиен Доросиев, раководител на секцијата на оперативната активност кон Воената организација на Комунистичката партија[1].

Во меѓувреме Васил Коларов кој се наоѓал во странство, повторно го повикал раководството кон умереност, но тие му одговориле дека се подготвени да го спроведат планот и без одобрение на Коминтерната, во која спаѓа и самата БКП.

Атентат уреди

Раководството на Воената организација на БКП за извршување на атентатот го избрал Петар Абаџиев, кој во втората половина на јануари 1925 година стапил во контакт со клисарот Петар Задгорски. Со негова помош во текот на неколку недели Петар Абаџиев и Асен Павлов успеале да внесат на таванот вкупно 25 кг експлозив. Тој бил поставен во еден пакет над еден од столбовите на главниот бедем кој се наоѓал во јужниот влез на зградата. Експлозивот требало да биде разрушен со бикфордов флекс со должина од 15 m, кое би им дало можност на бомбашите да побегнат.

Планот за атентатот предвидувал најпрвин да биде убиен доволно висок претставник на државата, кое би ги собрало на едно место голем дел од политичката и воената елита на едно место за да може експлозијата да предизвика поголем ефект. Поради засилената безбедност на директорот на полицијата Владимир Начев, Воената организација одлучила да избере друга жртва, чиј погреб да послужи како мамка за нападот. Во 20 часот на 14 април пензионираниот генерал Константин Георгиев, пратеник од владејачката Демократска слога бил убиен од Атанас Тодовичин пред црквата Свети Седмочисленици.

Погребалната церемонија на генерал Георгиев била закажана за 16 април, Велики четврток. Во 7 часот Задгорски го пропуштил на таванот на зградата Никола Петров, кој требало да ја предизвика експлозијата. Поворката во црквата влегла во 15 часа. Службата била раководена од софискиот митрополит Стефан, иден бугарски егзарх. Првично ковчегот бил ставен до столбот, но потоа се истата била поместена поради големиот број луѓе кои дошле на церемонијата. Така случајно највидните присутни се оддалечиле од местото на експлозијата.

Согласно планот на атентаторите, кога луѓето ќе се собрале и кога службата ќе започнала, Петар Задгорски дал знак на Никола Петров да ја го активира експлозивот, по што двајцата ја напуштиле зградата. Тоа се случило околу 15:20 часот. Експлозијата успеала да ја сруши главната купола на црквата.

Жртви уреди

Во нападот биле убиени 134 лица, други пак починале подоцна од повредите и така вкупниот број на жртвите е 213. Повредените се околу 500.

Загинале 12 генерали, 15 полковници, 7 подполковници, 3 мајори, 9 капетани, 3 пратеници и бројни граѓани, вклучувајќи ги и децата. Случајно, сите членови на владата се здобиле само со полесни повреди. Цар Борис III не бил во црквата, бидејќи присуствувал на погребите на убиените во нападот против него во Арабаконак два дена порано.

Последици уреди

Дел од организаторите на нападот како Димитар Златарев, Петар Абаџиев и Никола Петров успеале да побегнат од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во Советскиот Сојуз. Заговорниците се обидиле да ги ликвидираат својот соучесник Петар Задгорски, но тој успеал да се предаде на полицијата и да признае за сторените дела и за планот. По ова била откриена локацијата на шефовите на Воената организација на БКП на чело со Коста Јанков и Иван Минков. Јанков бил убиен додека се брани во куќата, а Минков се самоубил пред да биде фатен.

Смртни казни добиле Петар Задгорски, потполковникот Георги Коев, во чија куќа се криеле Иван Минков, и Марко Фридман, шеф на одделот во Воената организација на БКП. Во отсуство на смрт биле осудени Станке Димитров, Петар Абаџиев, Димитар Грнчаров, Николај Петрит и Христо Косовски како последните тројца веќе биле убиени во текот на претходните недели. Смртните пресуди биле исполнети со јавно бесење на 27 мај.

Вечерта на 16 април во земјата била прогласена воена состојба, што останала во сила до 24 октомври. За време на воената состојба Владата презела репресивни мерки против крајната левица, познати како Априлските настани.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Марков, Георги (2003). Покушения, насилие и политика в България 1878-1947. София: Военно издателство. стр. 222–228. ISBN 954-509-239-4.

Надворешни врски уреди