Атанас Раздоловмакедонски револуционер и писател.

Атанас Раздолов
Роден 1872 година
Берово, Македонија
Починал 1931 година
Софија, Бугарија
Занимање Македонски револуционер и писател

Биографија уреди

Раздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.

Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.[1]

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.

Творештво уреди

 
Биста во градот Берово

Раздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.

Пример од поезијата на Атанас Раздолов уреди

Следната поема е извадок од „Песните на востаникот“.

Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената

Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка

Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава

Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!

Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.

Белешки уреди

  1. Раздолов, А., Бѫдащето на Балканския полуостровъ, Варна, 1914, Печатница на Д. Тодоровъ, стр. 14

Надворешни врски уреди