Атанас Христов Џолев – Насомакедонски револуционер, четник во ВМРО (Автономистичка).

Атанас Џолев
Роден Атанас Христов Џолев
1898
Моноспитово, Отоманско Царство
Починал 13 ноември 1986
Деца Страхил Џолев, Ристо Џолев

Животопис уреди

Роден е во 1898 година во село Моноспитово, Струмичко, во семејство на земјоделци.[1] Татко му Христо Џолев и дедо му Велко Џолев се ВМОРО револуционери. Завршува седми клас и во револуционерното дело се вклучува како член на селската милиција на ВМРО, а во 1923 година пребегнува во Бугарија. Таму е четник во четата на Георги В‘ндев, а по препорака на Александар Василев - Алеко пашата, тој е назначен и за секретар на Штерју Влахов.

Мемоари уреди

Меморите на Атанас Џолев, не се пишувани во Софија, туку истите се пишувани во Струмица во зимата 1973/74 година во старата куќа на Атанас Џолев на ул. „Тошо Арсов“ бр. 10. Меморите се пишувани на машина за пишување од страна на Борис Караманов, сопруг на неговата внука Василка Караманова, додека Атанас Џолев директно ги диктирал настаните.

Еден примерок од мемоарите е даден на Борислав Мицков, професор на педагошка академија во Штип и син на Ристо Мицков со кој Атанас Џолев ја отслужувал доживотната робија во затворот во Софија.

Објавување уреди

 
Демант на Василка Караманова

На 8 ноември 1997 година, мемоарите на Џолев под работен наслов „Последната исповед на Атанас Џолев“, со тврдења дека истите се пишувани во Софија, се објавени во дневниот весник „Нова Македонија“, уредувани од страна на Зоран Тодоровски.

Веднаш по нивното излегување, внуката на Атанас Џолев, излегува со демант во „Нова Македонија“, во кој ги негира околностите на пишување на мемоарите. Закажена е средба меѓу Василка Караманова и Зоран Тодоровски, но средбата никогаш не се остварила.

Предавање на мемоарите уреди

 
Предавање на мемоарите

На 21 јули 2010 година, оригиналот на мемоарите биле предадени во Историски архив на Македонија - Струмица, од страна на Борис Караманов.

Во спомените, Атанас Џолев јасно ја нагласува својата македонска национална свест.

Голема желба имам ова мое излагање да се изнесе во дневната штампа за да може да се прочита од поголем дел читатели за тие трагични денови и какви големи личности загинале како вистински броци за слободата на Македонија од братски куршуми со желба на бугарските влади.


Цитати од фељтоните издадени во Нова Македонија уреди

„Нашите македонски револуционери, во чии редови бев како обичен војник на Македонија, бевме прво за нејзино национално ослободување, зашто времето течеше и не можеше да се чека во Егејска Македонија нашите браќа Македонци да станат Грци, во Србија да станат Срби и во Пиринска Македонија да станат Бугари. За Македонците тогаш, национално поробени од трите балкански држави, беше важно слободно да се викаат Македонци, да говорат и да пишуваат на својот мајчин македонски јазик, а дали националистичките или социјалистичките раководители ќе им ја донесат слободата, не беше толку важно пред 50 години. Со тоа сакам да подвлечам дека историјата на македонскиот народ од пред 50 години треба да ѝ претходи на онаа од 1941 година до денес, за да се разбере и од идните поколенија на македонскиот народ дека нивните татковци, дедовци и прадедовци не живееле во летаргичен сон од 1903 до 1941 година.“ [2]


„Во рамките на целокупна Македонија, ВМРО се бореше подеднакво против трите завојувачки балкански држави, за целосно автономна и самостојна Македонија… Со ликвидирањето на Санданистите, се стави крај на таа борба, а бугарскиот врховизам го приграби ВМРО, преку Иван Михајлов, Кирил Дрангов и други послушници на бугарската влада на Александар Цанков.”


„Вековнатa желба и замисла на сите бугарски политички буржоаски партии до 1944 година беше Македонија да биде бугарска, дека не постои одделна македонска нација и дека ние Македонците сме биле само еден дел од бугарскиот народ. Тоа ние, вистинските Македонци, го сметаме за бугарска буржуаска лакомост за завладување на туѓи територии и за асимилирање на други, одамна поробени народи.“ [3]


Надворешни врски уреди

Наводи уреди