Атанас Јовев Муртински — македонски револуционер, струмички војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Атанас Јовев
Роден 1867
Муртино, Струмичко
Починал 1924

Животопис уреди

Јовев е роден во струмичкото село Муртино и затоа го добил прекарот Муртински.[1] Бил еден од поистакнатите селски раководители на МРО, какви што биле и: Васил Наков (Дрвош), Алекса Иљашев (Попчево) Ѓорги Митушев (Три Води), Божин Ѓоргиев[2] (Барбарево), Миљко Витанов (Робово), Панде Филев Смиљков (Дабила), Атанас Галев, Доне Јуруков, Трајко Барбутов, Мите Манавски, Андон Попов[3], Велко и Ристо Џолеви[4] (Моноспитово) и повеќемина други дејци кои одиграле особено важна улога во животот на Организацијата во Струмица и струмичко. Во неговиот дом во Муртино често престојувале раководители и дејци на Струмичкиот револуционерен округ, меѓу кои бил и војводата Христо Чернопеев. Откако османлиските власти присобрале информации за револуционерната активност на Атанас Јовев-Муртински, се создала реална можност и опасност за негово затворање и изведување пред османлиските судови. Во 1906 година формирал чета, која дејствувала сè до Младотурската револуција во 1908 година.[5] Револуционерна дејност покажал и во периодот од почетокот на дваесеттите години од XX век кога дошло до возобновување на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) под раководство на Тодор Александров. Починал во 1924 година.

Наводи уреди

  1. Пандевски, Манол, Ѓорѓи Стоев - Трнката (1969). Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Сојузот на здружението на борците од НОБ – Струмица. стр. 218. Посетено на 2015-01-12.
  2. Божин Ѓоргиев бил делегат и на околискиот Конгрес на автономистичката ВМРО, којшто се одржал 1923 година на планината Беласица
  3. Трајко Барбутов-Шерко, Мите Манавски и Андон Попов (сите од с. Моноспитово) поради нивната револуционерна ангажираност и во подоцнежната автономистичка ВМРО на Тодор Александров, во дваесеттите години од XX век, биле осудени на смрт од страна на српските власти и стрелани пред народот на извесно место меѓу градот Струмица и селото Дабила.
  4. Ристо Џолев во 1923 година од српските власти е осуден на 8 (осум) години строг затвор. Окован во тешки пранги бил одведен во Нишкиот затвор.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 67.