„Аталанта“ (француски: L'Atalante) — француски филм од 1934 година, во режија на Жан Виго, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Жан Дасте (Jean Dasté), Дита Парло (Dita Parlo), Мишел Симон (Michel Simon) и Луј Лефевр (Louis Lefebvre).[1] Исто така, во филмот се појавува и познатиот француски поет Жак Превер.

Синопсис уреди

Жулиет (ја игра Парло) и Жан (го игра Дасте) веднаш по венчавката заминуваат со речниот брод „Аталанта“ за Париз. Со нив се помошникот на Жан, стариот морнар Жил (го игра Симон) и едно малдо момче (го игра Лефевр). Кога пристигаат во Париз, Жулиет е нестрплива да го види градот, но таа и Жан не можат да го остават бродот, зашто во меѓувреме излеува Жил. Така младенците се принудени да останат во бродот цела ноќ и поради тоа Жулиет му е лута на сопругот. Сепак, утредента, тие излегуваат во еден ресторан каде на Жулиет ѝ се додворува еден продавач. Подоцна, тој ја посетува на бродот, но во тој миг пристига Жан и го брка продавачот. Лут поради флертувањето на Жулиет, Жан го напушта бродот, а потоа и таа си заминува во градот. Таму, Жулиет безуспешно бара работа, а во меѓувреме, Жан испловува, лут на сопругата, но несреќен поради разделбата. Затоа, Жил оди да ја побара Жулиет, ја наоѓа и ја враќа на бродот. Така, таа и Жан се повторно заедно.

Наводи уреди