Астероид од типот G

Астероиди од типот G — релативно редок тип на јаглеродни астероиди кои сочинуваат околу 5 % од сите астероиди. Најпознат астероид од оваа класа е 1 Церера, воедно и најголемиот познат астероид.

Најголемиот астероид Церера е од типот G.

Особености уреди

Овие астероиди се начелно слични на телата од типот C, но има силна ултравиолетова впивна особина под 0.5 μм, а може да е присутна и особина од околу 0,7 μм, што укажува на филосиликатни материјали како глина или микашист.[1]

Во класификацијата по SMASS, типот G одговара на типовите Cgh и Cg, зависно од присуството или отсуството на впивна особина на 0,7 μм. Типот G, типот C и некои ретки типови понекогаш заеднички се ставаат во пошироката група C на јаглеродни астероиди.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. D. J. Tholen Asteroid taxonomic classifications in Asteroids III