Астероидно семејство

Астероидно семејство — групација од астероиди кои споделуваат слични сопствени орбитални елементи, како што се големата полуоска, занесеноста и наклонот. За членовие на семејствата се смета дека се делови од претходни астероидни судири. Поимот астероидно семејство е поспецифичен поим од астероидна група чии членови, сепак споделуваат голем дел на орбитални особености, но не се поврзани едни со други.

Графика на сопствениот наклон наспроти големата полуоска за нумерираните астероиди. Астероидните семејства се видливи како посебни групирања. Изразените Керквудови јазови ја разделуваат јадрената област. (A, B+C, D, E+F+G)

Општи својства уреди

 
Цртеж на сопствениот наклон наспроти занесувањето за бројно означените астероиди.

Поголемите значајни семејства содржат неколку стотина именувани астероиди (и многу други помали кои сè уште не се анализирани или пак откриени). Малите, збиени семејства можно е да имаат и околу десет именувани астероиди. Околу 33% до 35% од астероидите во главниот појас се припадници на астероидни семејства.

Познати се околу 20 до 30 потврдени астероидни семејства, со дополнителни неколку десетици групации. Повеќето астероидни семејства се во главниот појас, иако постојат и други налик семејни групи како што се Паладиното семејство, Унгарското семејство и Фокеиното семејство кои се наоѓаат на помалата полуоска или имаат поголем наклон од главниот појас.

Едно од пронајдените семејства е поврзано со џуџестата планета Хаумеја.[1] Некои истражувања се обиделе да изнајдат доказ за судирните семејства меѓу тројанците, но до денес не постои потврден доказ.

Потекло и развој уреди

Се смета дека семејствата се создаваат како резултат на судирите меѓу астероидите. Во многуте или повеќето случаи родното тело е распаднато, но имаме и случаи кога неколку семејства кои своето потекло го должат на удари по површината на родното тело без да се уништи (на пример Веста, Палада, Хигија и Масалија). Овие кратерни семејства вообичаено се состојат од единечно големо тело и бројни астероиди кои се многу мали. Некои семејства (на пример Флориното семејство) имаат сложени внатрешни структури кои не се убедкливо објаснети во моментов, но пшостои можност да произлегуваат од неколку судири во истата област во подолг период.

Поради методот на потеклото, сите членови имаат слични состави како и повеќето семејства. Значајни исклучоци се оние семејства (како што е Вестиното семејство) кое се создало при издвојувањето на родното тело.

За астероидните семејства се смета дека имаат животни векови од милијарди години, во зависност од различни фактори (пример помалите астероиди исчесзнуваат побрзо). Ова е значително покусо од староста на Сончевиот Систем, само неколку се останати од самиот почеток на Сончевиот Систем. Распадот на семејствата се случува поради постојаното споро расејување на орбитите предизвикано од растројувањата од Јупитер и останатите големи тела, и секако поради судирите помеѓу астероидите кои ги сронуваат сè до мали астероиди. Подоцна овие мали астероиди стануваат дел на растројувањата на Јарковскиевиот ефект кои може да ги истурка кон орбитална резонанција со Јупитер. Кога ќе се случи ова, тие мошне брзо се исфрлени од астероидниот појас. За одредени семејства се добиени опипливи вредности за нивната старост, која пак може да изнесува неколку стотина милиони години па до неколку милиони години како што е збиеното Карино семејство. Старите семејства се смета дека содржат неколку мали членови и ова е основата за определување на нивната старост.

Се претпостаљвува дека многу од старите семејства ги имаат изгубено скоро сите мали и средни членови, при што остануваат само неколку од поголемите членови. Пример за ваков вид на остатоци од семејство се парот 9 Метида и 113 Амалтеја. Понатамошните докази за големиот број на семејства во минатото потекнува од анализата на хемиските односи во железните метеори. Тие покажуваат дека во минатото морало да постојат најмалку 50 до 100 издвоени родни тела, кои оттогаш се раскршени и нивните јадра се соголени и се создадени сегашните астероиди (Кели и Гафи 2000).

Препознавање на членовите, натрапнички и позадински астероиди уреди

Кога орбиталните елементи на астероидите од главниот појас се исцртуваат (вообичаено наклонот наспроти орбиталното занесување, или пак наспроти големата полуоска), бројни различни насобирања се забележливи наспроти позадинската распределба на несемејните астероиди т.н. позадински астероиди. Овие насобирања се астероидните семејства. Натрапнички се оние астероиди кои се во семејството засновано на нивните сопствени орбитални елементи, но имаат својства различни од останатите членови на семејството, што наведува на фактот дека тие, спротивно на останатите членови на семејството, не потекнуваат од истото родно тело кое се распаднало при некој дамнешен судир.

Опис уреди

 
Споредба: оскулаторни Кеплерови орбитални елементи на лево (не се издвојуваат семејствата) наспроти сопствените орбитални елементи на десно (семејствата се издвоени).

Строго гледајќи ги работите, семејствата и нивните членови се препознаени со анализа на сопствените орбитални елементи, наместо со моменталните оскулаторни орбиталните елементи, кои редовно флуктуираат на временски периоди од десетици до илијадници години. Сопствените елементи се поврзани константи на движењето кои остануваат непроменливи во периодот од најмалку десетина милиони години, а во некои случаи и подолго.

Јапонскиот астроном Кијотсугу Хирајама (1874–1943) бил првиот кој ги определувал сопствените елементи на астероидите, и прв ги препознал неколку од истакнатите семејства во 1918 година. Во негова чест, астероидните семејства понекогаш се нарекувани и Хирајамови семејства. Ова особено се однесува на петте истакнати семејства откриени од негова страна.

Хиерархиски метод на зајатување уреди

Денешниоте сметачки претраги имаат препознаено повеќе од стотина семејства.Еден од најкористените алгоритми е хиерархиско зајатување, кои пребарува за групирања со најмали меѓусебни растојанија во просторот на орбиталните елементи, и брановита анализа, со која се добива карта на густината на астероидите во просторот на орбиталните елементи, и пребарува за густински максимуми.

Границите на семејствата се понекогаш бледи и на границите се слеваат со позадинската густина на астероидите во главниот појас. Од оваа причина бројот на членовите меѓу откриените астероиди е вообичаено приближно познат, и припадноста на членовите во близина на рабовите е неопределена.

Дополнително, некои од натрапниците кои се хетерогени позадински астероиди се очекувани во центарот на семејствата. идејќи поголемиот број на членовите на семејството настанале при судирот се очекува да имаат подеднаков состав, повеќето натрапнички астероиди како начело може да се препознаат по спектралните својства кои не се исти како со поголемиот број на членови на семејството. Истакнат пример е 1 Церера, најголемиот астероид, кој е натрапник во семејството порано познато како Церерино семејство, а денес како Гефионово семејство.

Спектралните одлики може исто така да се користат за да се определи членството на астероидите во надворешните области на семејството,на начинот којшто е искористен како на пример во Вестиното семејство, чии членови имаат невообичаен состав.

Видови семејства уреди

Како што е претходно спомнато, семејствата кои настанале поради судир кои не го нарушил родното тело, но делумно исфрлило делови се наречени кратерски семејства. Постои и друго именување за да се направи разлика меѓу различните видови на групи кои се помалку различни или постои помала статистичка сигурност од поголемиот број на истакнати „номинални семејства“ (или јата).

Јата, згрутчувања, кланови и племиња

Поимот јато исто така се користи за да се опише мало астероидно семејство, како што е Кариното јато.[2] Згрутчувања се групирања кои имаат мал број на членови кои се јасно видливи од позадинските астероиди (на пример Јунонското згрутчување). Клановите се групирања кои постепено се претѕопуваат во позадинската густина и/или имаат сложена внатрешна структурашто пак прави истите со потешкотија да се определи дали се сложена групација од неколку преклопувачки групи (на пример Флориното семејство). Племиња се групации за кои постои помала сигурност да се статистички значајни во однос на позадинската густина пред сè поради нината мала густина или големата несигурност во орбиталните параметри на членовите.

Список уреди

Истакнати семејства уреди

 Нисино семејствоВестино семејствоФлорино семејствоЕосово семејствоКоронидино семејствоЕвномино семејствоХигиино семејствоТемидино семејствоУнгарско семејствоАстероидно семејство#Сите семејстваАстероиден појас
  •   Ниса: 19.073 (4.8%)
  •   Веста: 15.252 (3.8%)
  •   Флора: 13.786 (3.5%)
  •   Еос: 9.789 (2.5%)
  •   Коронида: 5.949 (1.5%)
  •   Евномија: 5.670 (1.4%)
  •   Хигија: 4.854 (1.2%)
  •   Темида: 4.782 (1.2%)
  •   Унгарија: 2.965 (0.7%)
  •   Сите останати семејства: 21.500 (5.4%)
  •   Позадина: 295.000 (74.0%)
Распределба на повеќето истакнати семејства, останати семејства позадински астероиди (се до бројот 398.000)[3]:23

Помеѓу бројните астероидни семејства, Еосовото, Евномииното, Флориното, Унгарското, Хигииното, Коронидиното, Нисиното, Темидиното и Вестиното семејство се најистакнатите семејства во главниот астероиден појас. За целосен список, Погледајте Астероидно семејство § Белешки.

Еосово семејство уреди

Еосово семејство (прид. еоски), 221 Еос , 9.789

Евномиино семејство уреди

Евномиино семејство (прид. евномски; FIN: 502) е семејство на S астероиди, именувани според астероидот 15 Евномија. Станува збор за најистакнатото семејство во средиштето на астероидниот појас и 6-то по големина семејство со 5.670 познати членови, или приближно 1,4% од сите астероиди во главниот астероиден појас.[3]:23

Флорино семејство уреди

Флорино семејство (прид. флорски) 8 Флора 13.786; Аријадско семејство именувано по 43 Аријадна

Унгарско семејство уреди

Унгарско семејство (прид. Унгарски) 434 Унгарија 2.965

Хигиино семејство уреди

Хигино семејство (прид. Хигиски ) 10 Хигија 4.854

Коронидино семејство уреди

Коронидино семејство (прид. коронидски) 158 Коронида 5.949

Нисино семејство уреди

Нисино семејство (прид. ниски) 44 Ниса 19.073; Хертиско семејство по 135 Херта

Темидино семејство уреди

Темидино семејство (прид. темидски) 24 Темида 4.782

Вестино семејство уреди

Вестино семејство (прид. вестински) 4 Веста 15.252

Сите семејства уреди

Во 2015 година, регледот препознал 122 значајни семејства со вкупен број на членови од 100.000 астероиди, засновано на целиот каталог на нумерирани астероиди, кој се состои од скоро 400.000 тела во тој период (Погледајте го каталошкиот индекс за моменталниот број на нумерирани астероиди).[3]:23 Податоците се достапни преку „Податочниот пребарувач за астероиди“.[4] Првата колона на оваа табела го содржи семејниот идентификационен број или семеен идинтификационен број (СИБ), што претставува обид за бројчено означување на препознаените семејства, независно од нивното име во моменталната употреба, бидејќи постои можност ова име да се промени со дополнителни откритија, што доведува до употреба на повеќе имиња во литературата и дополнителната збунетост.[3]:17

СИБ Семејство Ознака Број на членови Местоположба Таксономија средно
албедо
Родно тело · Белешки Категорија Список на астероиди
001 Хилдино семејство HIL 409 раб C 0,04 153 Хилда; прид. Хилдиски; во поголемата динамиичка група со истото име.
(a–e–i: 3,7–4,2 ае; > 0,07; < 20°)
кат список
002 Шубартово семејство SHU 352 раб C 0,03 1911 Шубарт (во динамичката Хилдина група) кат список
003 Унгарско семејство H 2965 раб E 0,35 434 Унгарија; сместено во динамичната група со истото име.
(a–e–i: 1,78–2,0 ае; < 0,18; 16°–34°)
кат список
004 Хекторово семејство HEK 12 раб 624 Хектор (Јупитеров тројанец) кат список
005 Еврибатско семејство ERY 218 раб CP 0,06 3548 Еврибат (Јупитеров тројанец) кат список
006 „Неименувано семејство“ 006 7 раб 0,06 (9799) 1996 RJ (Јупитеров тројанец) список
007 Џејмсбондово семејство 007 1 внатрешност ASP 9007 Џејмс Бонд список
008 Аркесилаево семејство ARK 37 раб 20961 Аркесилај (Јупитеров тројанец) кат список
009 Еномско семејство ENM 30 раб 0,06 4709 Еном (Јупитеров тројанец) кат список
010 „Неименувано семејство“ 010 13 раб 0,09 (247341) 2001 UV209 (Јупитеров тројанец) список
401 Вестино семејство V 15252 внатрешност V 0,35 4 Веста (прид. Вестински) кат список
402 Флорино семејство FLO 13786 внатрешност S 0,30 8 Флора кат список
403 Баптистинино семејство BAP 2500 внатрешност X 0,16 298 Баптистина кат список
404 Масалиино семејство MAS 6424 внатрешност S 0,22 20 Масалија, прид. Масалиски: (2,37 до 2,45; 0,12 до 0,21; 0,4 до 2,4) кат список
405 Ниско–пулански збир
(Хертино семејство; Евлалско семејство)
NYS 19073 внатрешност SFC 0,28
0,06
44 Ниса/142 Пулана познато и како Хертино семејство (135 Херта). Го вклучува и Евлалското семејство (495 Евлалија) кат (44)
(142)
406 Еригоново семејство ERI 1776 внатрешност CX 0,06 163 Еригона, прид. Еригонски кат список
407 Класирино семејство CLA 179 внатрешност X 0,05 302 Клариса кат список
408 Суламитино семејство SUL 303 внатрешност C 0,04 752 Суламита кат список
409 Лусиенино семејство LCI 142 внатрешност S 0,22 1892 Лусиена кат список
410 Евтерпино семејство EUT 474 внатрешност S 0,26 27 Евтрепа кат список
411 Датурино семејство DAT 6 внатрешност S 0,21 1270 Датура; неодамнешно семејство со следниве членови: (60151), (90265), (203370), (215619) и (338309) кат список
412 Лукаскавинско семејство LCA 3 внатрешност S 21509 Лукаскавин; членови: (180255), (209570) кат список
413 Клиово семејство KLI 330 внатрешност C 0,07 84 Клио кат список
414 Химерно семејство CIM 108 внатрешност CX 0,06 623 Химера кат список
415 Халдеино семејство
(Салијско семејство)
CHL 132 внатрешност C 0,07 313 Халдеја; поинаку наречено според 1715 Сали според Масеиро кат список
416 Свеино семејство SVE 48 внатрешност CX 0,06 329 Свеја кат список
417 „Неименувано семејство“ 417 9 внатрешност (108138) 2001 GB11 список
701 Фокеино семејство PHO 1989 внатрешност S 0,22 25 Фокеја кат список
501 Јунонино семејство JUN 1684 средина S 0,25 3 Јунона (прид. Јунонски) кат список
502 Евномиино семејство EUN 5670 средина S 0,19 15 Евномија кат список
504 Немезидско семејство
(Либератришко или Жденехорсово семејство)
NEM 1302 средина C 0,05 128 Немезида „(прид. Немезидски)“; исто така именувано според 58 Конкордија „(прид. Конкордиски)“ и 3827 Жденехорски. Поранешно Либератриксово семејство според Запала (1995) и Челино (2002) кат список
505 Адеонино семејство ADE 2236 средина C 0,07 145 Адеона кат список
506 Мариино семејство
(Римско семејство)
MAR 2940 средина S 0,25 170 Марија; поинаку именувано по 472 Рим.[5] кат список
507 Падовино семејство PAD 1087 средина X 0,10 363 Падова; понато и како Лидиско семејство [C] · 110 Лидија · прид. Падовски; Лидиски кат список
508 Еолино семејство AEO 296 средина X 0,17 396 Еолија кат список
509 Хлоридино семејство CLO 424 средина C 0,06 410 Хлорида, прид. Хлоридски кат список
510 Мисино семејство MIS 702 средина C 0,03 569 Миса, прид. Мисински кат список
511 Брангенино семејство BRG 195 средина S 0,10 606 Брангена кат список
512 Дорино семејство DOR 1259 средина C 0,05 668 Дора, прид. Дорски кат список
513 Мерксиино семејство MRX 1215 средина S 0,23 808 Мерксија, прид. Мерксиски кат список
514 Агниино семејство AGN 2125 средина S 0,18 847 Агнија кат список
515 Атридово семејство AST 489 средина C 0,08 1128 Астрид, прид. Астридски кат список
516 Гефеново семејство
(Церерско семејство; Минервско семејство)
GEF 2547 средина S 0,20 1272 Гефен, прид. Гефенски; a-e-i: (2,74 до 2,82; 0,08 до 0,18; 7,4 до 10,5); познато и како Церерско семејство „(прид. Церерски)“ по 1 Церера; и Минерва „(прид. Минервски)“, семејство именувано по 93 Minerva (identified interloper) кат список
517 Кенигово семејство KON 354 средина CX 0,04 3815 Кениг кат список
518 Рафитино семејство RAF 1295 средина S 0,25 1644 Рафита, прид. Рафитски (се смета дека е натрапнички астероид; не е член на семејството); членови (1587) и (1658) кат список
519 Хофмајстерово семејство HOF 1819 средина CF 0,04 1726 Хофмајстер кат список
520 Јаниново семејство IAN 150 средина S 0,32 4652 Јанини кат список
521 Казуино семејство KAZ 44 средина S 0,21 7353 Казуја кат список
522 Иново семејство INO 463 средина S 0,24 173 Ино кат список
523 Емилковалскиево семејство EMI 4 средина S 0,20 14627 Емилковалски; членови: (126761), (224559) и (256124) кат список
524 Бругмансиино семејство 524 3 средина S 16598 Бругмансија; членови: (190603) и (218697) кат список
525 Шулхофово семејство SHF 5 средина S 0,27 2384 Шулхоф; членови: (81337), (140600), (271044), (286239) кат список
526 „Неименувано семејство“ 526 58 средина C 0,06 (53546) 2000 BY6 список
527 Лорово семејство LOR 2 средина C 0,05 5438 Лор; друг член: (208099) кат список
528 Леонидино семејство LEO 135 средина CX 0,07 2782 Леонида; подеднакво исто како Вибилиското семејство: VIB (и наведено како такво); (4793) кат список
529 Вибилиино семејство VIB 180 средина C 0,06 144 Вибилија; се спомнува само во спиокот на Запала, но не и во оној на Несвори ; подеднакво исто како Леонидското семејство: LEO. кат список
530 Феово семејство PAE 146 средина X 0,06 322 Фео кат список
531 Митидикино семејство MIT 653 средина C 0,06 2262 Митидика (не е наведен во семејството); членови: (404) и (99) кат список
532 Хенанско семејство HEN 1872 средина L 0,20 2085 Хенан кат список
533 Ханино семејство HNA 280 средина CX 0,05 1668 Хана кат список
534 Кармино семејство KRM 124 средина CX 0,05 3811 Карма кат список
535 Витово семејство WIT 1618 средина S 0,26 2732 Вит кат список
536 Тиобетско семејство XIZ 275 средина 0,12 2344 Тибет кат список
537 Ватсониино семејство WAT 99 средина L 0,13 729 Ватсонија кат список
538 Џонсово семејство JNS 22 средина T 0,05 3152 Џонас кат список
539 Аериино семејство AER 272 средина X 0,17 369 Аерија кат список
540 Јулинино семејство JUL 33 средина S 0,19 89 Јулија кат список
541 Постремино семејство POS 108 средина CX 0,05 1484 Пострема кат список
801 Паладино семејство PAL 128 средина B 0,16 2 Палада (прид. Паладско) кат список
802 Галиино семејство GAL 182 средина S 0,17 148 Галија кат список
803 Ханзино семејство HNS 1094 средина S 0,26 480 Ханза прид. Ханзиски; a-e-i: (~2,66; ~0,06; ~22,0°)[6] кат список
804 Герзуиндово семејство GER 415 средина S 0,15 686 Герзуинд кат список
805 Барселонско семејство BAR 306 средина S 0,25 945 Барселона кат список
806 Тинино семејство TIN 96 средина X 0,34 1222 Тина кат список
807 Брукатово семејство BRU 342 средина CX 0,06 4203 Брукато кат список
601 Хигиино семејство HYG 4854 надворешен CB 0,06 10 Хигија кат список
602 Темидино семејство THM 4782 надворешен C 0,07 24 Темида (прид. Темидски) кат список
603 Силвино семејство SYL 255 надворешен X 0,05 87 Силвија; семејство во Кибелската група кат список
604 Мелибеино семејство MEL 444 надворешен C 0,05 137 Мелибеја, прид. Мелибејски кат список
605 Коронидино семејство KOR 5949 надворешен S 0,15 158 Коронида кат список
606 Еосово семејство EOS 9789 надворешен K 0,13 221 Еос кат список
607 Емино семејство EMA 76 надворешен C 0,05 283 Ема кат список
608 Бразилиино семејство BRA 579 надворешен X 0,18 293 Бразилија, прид. Бразилски (се претпоставува дека е натрапнички астероид; не се вбројува во семејството) кат список
609 Веритасово семејство VER 1294 надворешен CPD 0,07 490 Веритас, adj. Веритаски; поинаку, Ундинашко семејство по 92 Ундина кат список
610 Каринино семејство KAR 541 надворешен S 0,21 832 Карина. Неодмана создадено семејство сместено во Коронидското семејство.[3]:8,18 кат список
611 Наемино семејство NAE 301 надворешен C 0,08 845 Наема, прид. Наемски кат список
612 Тирелино семејство TIR 1395 надворешен S 0,07 1400 Тирела кат список
613 Лисјаохуашко семејство LIX 756 надворешен CX 0,04 3556 Лисјаохуа кат список
614 Телрамундово семејство
(Клитемнестрино семејство)
TEL 468 надворешен S 0,22 9506 Телрамунд; поинаку именувано и по 179  Клитемнестра од Масеиро и Милани кат список
615 „Неименувано семејство“ 615 104 надворешен CX 0,17 (18405) 1993 FY12 список
616 Харидино семејство CHA 808 надворешен C 0,08 627 Харида кат список
617 Теобалдино семејство THB 376 надворешен CX 0,06 778 Теобалда, прид. Теобалдски; a-e-i: (3,16 до 3,19; 0,24 до 0,27; 14 до 15) кат список
618 Терентиино семејство TRE 79 надворешен C 0,07 1189 Терентија кат список
619 Лауово семејство LAU 56 надворешен S 0,27 10811 Лау кат список
620 Биглово семејство BGL 148 надворешен C 0,09 656 Бигл. Неодамна создадено семејство сместено во Темидско семсјтво (сите членови се запишани како Темиди). Го вклучува и астероидот 7968 Елст.[3]:7,8,18 кат список
621 Коронидино семејство (II) K-2 246 надворешен S 0,14 158 Коронида "второ семејство" кат список
622 Терпсихорино семејство TRP 138 надворешен C 0,05 81 Терпсихора кат список
623 Фрингилино семејство FIR 134 надворешен X 0,05 709 Фрингила кат список
624 Дурисеново семејство DUR 27 надворешен X 0,04 5567 Дурисен кат список
625 Јаковлево семејство YAK 67 надворешен C 0,05 5614 Јаковлев кат список
626 Санмарчелово семејство SAN 144 надворешен X 0,19 7481 Сан Марчело кат список
627 „Неименувано семејство“ 627 38 надворешен CX 0,05 (15454) 1998 YB3 список
628 „Неименувано семејство“ 628 248 надворешен S 0,10 (15477) 1999 CG1 список
629 „Неименувано семејство“ 629 58 надворешен S 0,21 (36256) 1999 XT17 список
630 Еглино семејство AEG 99 надворешен CX 0,07 96 Егла кат список
631 Урсулино семејство URS 1466 надворешен CX 0,06 375 Урсула кат список
632 Елфридино семејство ELF 63 надворешен C 0,05 618 Елфрида кат список
633 Итино семејство ITH 54 надворешен S 0,23 918 Ита кат список
634 Инарадино семејство INA 38 надворешен CX 0,07 3438 Инарада кат список
635 Анфимово семејство ANF 58 надворешен S 0,16 7468 Анфимов кат список
636 Маркониево семејство MRC 34 надворешен CX 0,05 1332 Марконија кат список
637 „Неименувано семејство“ 637 64 надворешен CX 0,05 (106302) 2000 UJ87 список
638 Хрватско семејство CRO 93 надворешен X 0,07 589 Хрватска кат список
639 Имхилдино семејство IMH 43 надворешен CX 0,05 926 Имхилда кат список
640 Гибсово семејство GBS 8 надворешен 331P/Гибс "P/2012 F5 (Гибс)"
641 Јулијанино семејство JLI 76 надворешен CX 0,05 816 Јулијана кат список
901 Евфросинино семејство EUP 2035 надворешен C 0,06 31 Евфросина кат список
902 Алаудино семејство ALA 1294 надворешен B 0,07 702 Алауда кат список
903 Улино семејство ULA 26 надворешен X 0,05 909 Ула; семејство во Кибелската група кат список
904 Лутерино семејство
(Картвелијско семејство)
LUT 163 надворешен X 0,04 1303 Лутера; именувано исто така и по 781 Картвелија кат список
905 Ерменско семејство ARM 40 надворешен C 0,05 780 Ерменија кат список

Други семејства или динамички групи уреди

Други астероидни семејства според различни извори (кои не се на списокот погоре), при што на списокот се вклучени и неастероидните семејства:

Семејство Родно тело Категорија Опис
Емилиино семејство 159 Емилија Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 62 членови.
Алиндино семејство 887 Алинда Кат Алиндската група е опишана од projectpluto.com
Амнеридино семејство 871 Амнерида Кат Мало семејство 22 членови препознаени од страна Запала (1995).[9] Поголемиот број од членовите се припишани на блиското Флорино семејство од Несворни (2014).[3]
Аниево семејство 8060 Аниј Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 31 член.
Ашковино семејство 3460 Ашкова Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 59 членови.
Астреино семејство 5 Астреја Кат Големо семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 169 членови. Најмал број на изброени членови: (5), (91), (262), (355), (765) и (1121).Истото семејство не е наведено во записите на Запала (1995).[9] Од Несворни (2014) се смета дека е остаток поради резонантната поставеност (z1 = g + s − g6 − s6 = 0).[3]:19
Августино семејство 254 Августа Кат Мало семејство составено од 23 астероиди препознаени од страна Запала (1995).[9] Поголемиот број од членовите се придодадени на блиското Флорино семејство според Несворни (2014).[3]
Авзонино семејство 63 Авзонија Единствен член. Член на Вестиното семејство според AstDyS-2 и Несворни (2014).[3]
Бонтеково семејство 10654 Бонтеко Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 13 членови.
Броково семејство 6769 Броков Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 58 членови.
Бауерово семејство 1639 Бауер Микро семејство со 10 членови според Запала (1995). Прид. Бауерски. Поинаку се нарекува Ендимиониско семејство по 342 Ендимион.[C] Сите членови: (1639), (3815), (8832), (14306), (15666), (22286), (32637), (85133), (120446) и (145685).[9] Дел од ова семејство припаѓа на блиското Кенишко семејство според Несворни (2014).[3]
Синдиграберово семејство 7605 Синдиграбер Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 19 членови.
Клематисово семејство 1101 Клематис Кат Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 17 членови. Подгрупа на големото Алаудско семејство според Несворни (2014).[3] Сите членови: (1101), (5360), (22044), (25982), (29963), (32240), (37628), (66174), (71688), (83362), (83790), (97516), (110030), (132961), (147858), (181960) и (223933).
Кибелска група 65 Кибела Кат Кибелската група според Asteroids, Meteorites, and Comets – by Linda T. Elkins-Tanton и projectpluto.com. Според категоријата на Википоедија има 32 членови. Не се спомнува како семејство од стран на Запала (1995), Несворни (2014) и AstDyS-2 (Src), каде овие тела се сметаат за дел од позадинското население.[3][9]
Дејанирино семејство 157 Дејанира Кат Микро семејство со 5 членови според Запала (1995). Сите членови: (157), (2290), (5276), (10779) и (17377).[9] Сите се припадници на позадинкото население според Несворни (2014).[3]
Девајново семејство 3561 Девајн Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 19 членови.
Дупонтино семејство 1338 Дупонта Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 133 членови.
Епеево семејство 2148 Епеј Семејство од јупитерови тројанци според Фернандо Роиг и Рикардо Гил- Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Евмелско семејство 5436 Евмел Семејство од јупитерови тројанци според Роиг и Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Евријалово семејство 4007 Евријал Семејство од јупитерови тројанци според Роиг и Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Фаино семејство 751 Фаина Кат C семејство со 12 препознаени членови според Запала (1995).[9] Сите членови: (751), (2089), (2420), (3637), (3904), (5083), (8087), (10741), (10744), (11497), (12975) и (29086). Станува збор за астероиди од позадинското население од кои три каменести членови припаѓаат на каменестото Мариино семејство според Несворни (2014). Не се води како семејство во податотеката (Src)
Гриквашка група 1362 Гриква Кат Гриквашката група (не е судирно семејство) опишано од projectpluto.com. Нестабилна група на астероиди кои се во резонанса 2 :1 со Јупитер.
Ханскино семејство 1118 Ханскија Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 116 членови.
Хаумејско семејство Хаумеја Кат Станува збор за заднептунско семсјство. Од 2017 година, и сегашната категоризација семсјството се состои од 10 членови (вклучувајќи го и родното тело).[D]
Хелиово семејство 895 Хелио Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 50 членови.
Хестиино семејство 46 Хестија Кат Несворни го преместил семејството (поранешна ознака СИБ 503) на кандидатски статус, и (46) во позадина.[3]:19 Исто ткак сѕтанува збор за позадински астероид според Милани и Кнежевиќ (AstDyS-2).
Хигсоново семејство 3025 Хигсон Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 17 членови.
Хипасово семејство 17492 Хипас Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 7 членови.
Хубертино семејство 260 Хуберта Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 26 членови. Несворни го смета за семејство со кандидатски статус .[3]:19
Калхасово семејство 4138 Калхас Станува збор за семејство од јупитерови тројанци според Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Лаодикино семејство 507 Лаодика Кат Семејство со 2 членови. 507 Лаодика и 635 Вундција се основните челенови на Еошкото семсјство според (507; 635) и позадински астероиди според Несворни (507; 635).[3]
Левиново семејство 2076 Левин Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 1534 членови.
Либератриксово семејство 125 Либератрикс Кат 3 наведеничленови. Според AstDyS-2 125 Либератрикс е позадиснки астероид , и член на Немезидското семејство според Несворни.[3] Позадински астероид: 301 Баварија (и двата AstDyS-2 и Nesvorný). 9923&nbspРоналдтиел е јадрен член на Агниското семејство според AstDyS-2.
Махаоново семејство 3063 Махаон Семејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Марсилско семејство 40134 Марсили Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 16 членови.
Мартесово семејство 5026 Мартес Кат Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 481 член. Најголемите астероиди се членови на Еригонското семејство според Несворни (5026; 9879).[3]
Матераниино семејство 883 Матеранија Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 169 членови.
Мекленбуршко семејство 6124 Мекленбург Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 78 членови.
Меланфииино семејство 12973 Меланфија Семејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Менелаево семејство 1647 Менелај Семејство од јупитерови тројанци според Милани (1993).[11] Дел од Менелајскиот камп според Роиг и Гил-Хатон .[10]
Нелево семејство 1547 Неле Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 344 членови.
Ноктурнино семејство 1298 Ноктурна Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 186 членови.
Нохавицино семејство 6539 Нохавица Кат Претходно познато како семејство „1982 QG“ . Втро член: (9935) 1986 CP1; двата се позадински астероиди според AstDyS-2 и Nesvorný.
Подарково семејство 13062 Подарк Семејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Прокнино семејство 194 Прокна Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 379 членови.
Регинитино семејство 1117 Регинита Кат Подгрупа на познатото Флорино семејство. Позадински астероид според AstDyS-2 и Nesvorný.[3]
Синденово семејство 10369 Синден Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 24 членови.
Такехирово семејство 8737 Такехиро Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 57 членови. Несворни го смета за семејство со кандидатски статус.[3]:19
Теламоново семејство 1749 Теламон Семејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Траверсино семејство 5651 Траверса Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 56 членови.
Универмосковско семејство 6355 Универмосква Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 13 членови.
Жванетцкиево семејство 5931 Жванетцки Семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 23 членови.
Легенда':

Поврзано уреди

Наводи уреди

{{|30em|refs= [3]

[4]

[5]

[7]

[8]

[9]

[10]

[11]

}}

Дополнителна литература уреди

Надворешни врски уреди

  1. Michael E. Brown, Kristina M. Barkume, Darin Ragozzine & Emily L. Schaller, A collisional family of icy objects in the Kuiper belt, Nature, 446, (March 2007), pp 294-296.
  2. David Nesvorný, Brian L. Enke, William F. Bottke, Daniel D. Durda, Erik Ashaug & Derek C. Richardson Karin cluster formation by asteroid impact, Icarus 183, (2006) pp 296-311.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 Nesvorný, D.; Broz, M.; Carruba, V. (December 2014). „Identification and Dynamical Properties of Asteroid Families“ (PDF). Asteroids IV: 297–321. arXiv:1502.01628. Bibcode:2015aste.book..297N. doi:10.2458/azu_uapress_9780816532131-ch016. Посетено на 23 June 2017.
  4. 4,0 4,1 „Small Bodies Data Ferret“. Nesvorny HCM Asteroid Families V3.0. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 22 July 2017.
  5. 5,0 5,1 Masiero, Joseph R.; Mainzer, A. K.; Bauer, J. M.; Grav, T.; Nugent, C. R.; Stevenson, R. (June 2013). „Asteroid Family Identification Using the Hierarchical Clustering Method and WISE/NEOWISE Physical Properties“ (PDF). The Astrophysical Journal. 770 (1): 22. arXiv:1305.1607. Bibcode:2013ApJ...770....7M. doi:10.1088/0004-637X/770/1/7. Посетено на 25 April 2018.
  6. The Hansa family: A New High-Inclination Asteroid family
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 7,15 7,16 7,17 7,18 7,19 7,20 7,21 7,22 7,23 7,24 7,25 7,26 7,27 7,28 Milani, Andrea; Cellino, Alberto; Knezevic, Zoran; Novakovic, Bojan; Spoto, Federica; Paolicchi, Paolo (September 2014). „Asteroid families classification: Exploiting very large datasets“ (PDF). Icarus. 239: 46–73. arXiv:1312.7702. Bibcode:2014Icar..239...46M. doi:10.1016/j.icarus.2014.05.039. Посетено на 17 April 2018.
  8. 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 8,12 8,13 8,14 8,15 8,16 8,17 8,18 8,19 8,20 8,21 8,22 8,23 8,24 8,25 8,26 8,27 8,28 Knezevic, Zoran; Milani, Andrea; Cellino, Alberto; Novakovic, Bojan; Spoto, Federica; Paolicchi, Paolo (July 2014). „Automated Classification of Asteroids into Families at Work“. Complex Planetary Systems. 310: 130–133. Bibcode:2014IAUS..310..130K. doi:10.1017/S1743921314008035. Посетено на 17 April 2018.[мртва врска]
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 V. Zappala (1995). „Asteroid Dynamical Families – EAR-A-5-DDR-FAMILY-V4.1“. NASA Planetary Data System. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 7 December 2017.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 Roig, F.; Ribeiro, A. O.; Gil-Hutton, R. (June 2008). „Taxonomy of asteroid families among the Jupiter Trojans: comparison between spectroscopic data and the Sloan Digital Sky Survey colors“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 483 (3): 911–931. arXiv:0712.0046. Bibcode:2008A&A...483..911R. doi:10.1051/0004-6361:20079177. Посетено на 29 June 2018.
  11. 11,0 11,1 Milani, Andrea (October 1993). „The Trojan asteroid belt: Proper elements, stability, chaos and families“. Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy. 57: 59–94. Bibcode:1993CeMDA..57...59M. doi:10.1007/BF00692462. ISSN 0923-2958. Посетено на 29 June 2018.