Архитектонско цртање

Архитектонско цртање или цртежите на архитектоттехничко цртање на градба или проект за градба што спаѓа во дефиницијата за архитектура. Архитектонските цртежи се користат од страна на архитектот и другите за голем број цели: да се развие идеја на дизајнот во еден кохерентен предлог, да се соопшти идејата и концептот, да се убеди клиентот на основаноста на дизајнот, да му овозможи на изведувачот на градбата да ја конструира правилно, како запис за завршена работа или како запис за градба која веќе постои.

Стандардни изгледи кои се користат во архитектонските цртежи.

Архитектонските цртежи се направени според збир на конвекции кои вклучуваат одредени изгледи (план на кат, оддел и слично), големина на листот, единици за мерење и размери, анотација и унакрсно референцирање. Вообичаено цртежите се направени со мастило на хартија или сличен материјал и сите копии се прават исклучиво рачно. Дваесеттиот век го замени цртањето на паус хартија, така што механичките копии ќе се избегнат ефикасно.

Развојот на компјутерите игра голема улога во методите кои се користат за дизајнирање и создавање технички цртежи,[1] правејќи го мануелното цртање речиси надминатои отворајќи им нови можности на формите користејќи органски облици и комплексна геометрија. Денес поголемиот дел од цртежите се создадени со КАД Софтвер[2]

Големина и размер уреди

 
Архиртектонски цртеж, комбинација од висини, дел и план: Цртеж од Вилеј Ревелеј од предлогот за затворот Паноптикон на Џереми Бентам 1791.
 
Главниот план на катот во Куќата на кралицата, Гринвич (Британија).

Големината на цртежте се одразува на материјалите кои се достапни и големината која е погодна за транспорт - свиткани или во ролна, поставени на маса или закачени на ѕидот. Процесот на скицирање може да наметне ограничување во големината што е реално употреблива. Големините се утврдени според доследен систем на големината на хартијата во согласност со локалната практика. Најчесто најголемата димензија на хартијата што се користи во модерната архитектонска пракса е ИСО А0 (841 мм × 1,189 мм или 33.1 инчи × 46.8 инчи) или во САД Арх Е (762 мм × 1,067 мм или 30 инчи × 42 инчи) или Голема E димензија(915 мм × 1,220 мм или 36 инчи × 48 инчи).[3]

Архитектонските цртежи се цртаат во размер, што овозможува релативните димензии да се точно претставени. Размерот се одбира со цел целата зграда да ја собере на одбраната димензија на листот и да се покаже потребната количина на детали. Во размер 1:100 во метарска вредност, ѕидовите обично се претставени со едноставни контури што одговараат на целокупната дебелина. Во поголем размер како на пример 1:20 во метарска вредност се претставени слоевите кои се составени од различни материјали коишто ја сочинуваат конструкцијата на ѕидовите. Конструктивните детали се прикажани во поголемите размери, а понекогаш и реалната големина (размер 1:1)

Скиците во размер овозможуваат димензиите да бидат „прочитани“ од цртежот,односно да се измерат директно. Кралскиот (империјалниот) систем на мерење (инчи и стапки) е подеднакво разбирлив и лесно се чита со помош на обичен линијар. На цртеж во размер од една осмина инч на една стапка, деловите од една осмина на линијарот можат да се прочитаат како една стапка. Архитектите често користат размерник со различни размери означени на секој крај. Третиот метод, кој се користи од страна на градежници во проценката, е да се измери директно од цртежот и да се помножи со размерот.

Димензиите можат да бидат измерени од цртежот направен на стабилен медиум како што е паус хартијата. Сите процеси на репродукција се соочуваат со мали проблеми, особено сега со најразличните методи на копирање секој цртеж може да биде прекопиран, или можат да бидат направени копии на многу различни начини. Како резултат на тоа димензиите треба да бидат напишани (разбирливо) на цртежот. Демантот „Не отстапувајте од димензиите“ често е испишан на архитектските цртежи, за да ги заштитат од грешките коишто настануваат со копирањето на цртежите.

Стандардни изгледи кои се користат во архитектонското цртање уреди

План на кат уреди

План на катот е најосновиот архитектонски дијаграм гледиште од горе кој ја прикажува распоредот на простории во градбата на ист начин како мапа, но ни го покажува распоредот само на еден одреден кат од градбата. Технички тоа е хоризонтален пресек низ градбата (конвенционално на четири стапки/еден метар и дваесет сантиметри над нивото на подот). Прикажани се ѕидовите, прозорците,

Наводи уреди

  1. Gary R. Bertoline et al. (2002) Technical Graphics Communication. p.12.
  2. Wisegeek, basic definition of the scope of CAD drawings.
  3. David Byrnes, AutoCAD 2008 For Dummies. Publisher: John Wiley & Sons; illustrated edition (4 May 2007). ISBN 0-470-11650-1