Артур Томас Дудсон

Артур Томас Дудсон (англиски: Arthur Thomas Doodson; 31 март 1890 - 10 јануари 1968) — британски океанограф.

Артур Томас Дудсон
Роден(а)31 март 1890
Бутстаун
Починал(а)10 јануари 1968(1968-01-10) (возр. 77)
Познат подудсонови броеви

Животопис уреди

Местото на раѓање на Артур е Бутстаун, Салфорд, неговиот татко Томас Дудсон е раководител во текстилна фабрика. Средно образование го завршил во училиштето Рочдејл па потоа во 1908 година се запишал на Универзитет во Ливерпул, дипломирајки на катедрата за хемија во 1911 г. и математика во 1912 г.. Тој бил изразито наглув и му било тешко да најде работа но започнал да работи во Феранти во Манчестер како тестирач на мерни уреди.

Во 1919 г. се преселил во Лондон за да работи на анализата на плимите и осеките и во 1929 станал помошник директор на Ливерпулската опсерваторија за анализа на плими и осеки. Од тој момент тој целосно се посветува на анализата на плимните движења воглавно во океаните но исто така и во езерата, и бил прв кој создал методи за плитки води како што се естуарите. Висината на плимата и табелите за водените струења се од голема важност за наведувањето, но овие детални движења се доста сложени.

Дудсон објавил обемен труд за неговата работа на анализата на плими во 1921 г.. Со ова се овозможил начин за создавање на плимни потенцијали кои можат да се запишат во хармониски облик. Дудсон разликувал 388 плимни честоти. Анализите на Дудсон од 1921 г. биле засновани на тогашните месечеви теории на Е.В. Браун. Тој исто така измислил практичен систем за одредување на различни хармонични компоненти на плимно-генерирачкиот потенцијал.(Погледај Дудсонови броеви) Дудсон исто така се вклучил во осмислувањето на уредите за предвидување на плимите, од кои најупотребувана била на пример „Doodson-Légé TPM“.

Меѓу другите работи, Дудсон исто така бил и соавтор на „Admiralty Manual of Tides“, ХМСО Лонодн 1941, (Дудсон А.Т., и Варбург Х.Д.), со второ издание во 1973 г. Дудсон починал во Биркенхед на 10 јануари 1968 година. Бил оженет двапати.