Артуро Еразмо Видал Пардочилеански фудбалер, играч од средниот ред на „Барселона“ и на чилеанската фудбалска репрезентација.[3]

Чиле Артуро Видал
Лични податоци
Роден на 22 мај 1987(1987-05-22)(36 г.)
Роден во Сантјаго, Чиле
Висина &100000000000001810000001,81 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 23
Агент Чиле Фернандо Фелисевич
Младинска кариера
Роделиндо Роман
Мелипиља[2]
Коло Коло Коло Коло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Коло Коло Коло Коло 36 (2)
2007-2011 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 117 (15)
2011–2015 Јувентус Јувентус 124 (35)
2015–2018 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 79 (14)
2018– Барселона Барселона 2 (0)
Репрезентација
2007 Чиле Чиле 20 13 (8)
2007- Чиле Чиле 100 (24)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Како разноврсен играч кој може да игра на неколку различни позиции , Видал ја пронашол неговата омилена позиција во „Јувентус“, покажувајќи се како играч од светска класа на позицијата box-to-box midfielder во средниот ред способен за помагање на своите соиграчи и во двете насоки одбраната и нападот. Со овие предиспозиции играјќи за „Јувентус“, бил наречен „Воинот“ (Il Guerriero) од страна на италијанскиот печат, заради неговата цврста игра и силните двобои во кои влегува.[4]

Во 2013 година, Видал бил рангиран како единаесетти најдобар фудбалер во светот од страна на Блумберг.[5]

Ран живот уреди

Видал е роден во Сан Хоакин, општина на работничката класа во чилеанскиот главен град Сантјаго, како второ од шесте деца на Еразмо и Жакелин.[6] Тој има уште двајца браќа и три сестри.[7] Неговиот потенцијал бил откриен од страна на неговиот чичко и откако се пробал во неколку помали клубови, тој подоцна им се приклучил на младинските одреди на локалниот Примера Дивизион клуб Коло Коло.[4][8]

Клупска кариера уреди

Коло Коло уреди

Видал својата кариера ја започнал во првенството на Чиле во најпознатиот и најтрофеен тим од оваа земја Коло Коло, каде тренер бил Клаудио Борги.[9] Тој го направил своето професионално деби во првиот натпревар, од двомечот за доигрувањето за титулата против Универсидад де Чиле нагости. Видал влегол во игра после нешто помалку од 10 минути како замена за повредениот Гонсало Фиеро. На крајот Коло Коло победил со 2-1 што било доволно и со пораз дома од 0-1 да го освојат првенството. Во следната сезона (Клаусура 2006) тој станал многу важен дел од тимот и ќе го одведе Коло Коло до нивната втора првенствена титула по ред. Видал постигнал три гола во Копа Судамерикана 2006. Неговите добри игри им фатиле око на скаутите на различни европски клубови.

Баер Леверкузен уреди

По завршувањето на Апертура 2007, Видал се разделил со „Коло Коло“ и заминал во Бундеслигашот Баер Леверкузен на 1 јули 2007. „Баер“ го следел неговиот напредок некое време и неговите добри игри на У-20 Светското првенство истата година го убедиле спортскиот директор на „фармацевтите“ Руди Фелер да го доведе во клубот.[10] Двата клуба се согласиле за надомест од 11.000.000 $, а „Баер Леверкузен“ платил 7.700.000 $ за 70 % сопственост на неговиот договор. Неговиот трансфер го срушил претходниот национален рекорд од 9.000.000 $, колку што платил „Вилјареал“ за услугите на Матијас Фернандес (исто така од „Коло Коло“) во 2006 година.[11]

Откако го пропуштил првото коло во првенството поради повреда, своето деби за новиот клуб Видал го направил на 19 август во поразот од „Хамбургер“. Својот прв гол во Бундеслигата го постигнал во својот трет меч против „Хановер“ во победата од 3-0.[12]

Видал бил клучната алка во тимот на „Баер“ во сезоната 2008-2009 кога тие стигнале до финалето на Купот на Германија каде биле поразени од „Вердер Бремен“. На патот до тоа финале Видал постигнал три гола: против „Аугсбург“ во второто коло (2-0),[13] против Бајерн Минхен во четврт-финалето (4-2)[14] и против Мајнц во полуфиналето (4-1 по продолженија),[15] а исто така имал и две асистенции.

Во сезоната 2010-2011 Видал постигнал 10 првенствени гола и бил прв стрелец на тимот кој заврши на крајот како втор зад шампионот Борусија Дортмунд. Исто така Видал имал и 11 асистенции за своите соиграчи со што бил на делба на второто место во лигата во оваа категорија.

Јувентус уреди

 
Видал во дресот на Јувентус против Шахтар Донецк во декември 2012.

По одличната 2010-11 сезона, Видал бил поврзуван со разни клубови, вклучувајќи го и соперникот на Баер во Бундеслигата, Баерн Минхен. На 22 јули 2011 година, тој одлучил да му се приклучи на Серија А клубот Јувентус за 10.500.000 , потпишувајќи петгодишен договор.[16] Тој го направил своето официјално деби во првото коло од новата сезона против Парма, влегувајќи во игра во второто полувреме од клупата за резерви на местото на Алесандро Дел Пјеро; а само шест минути по влегувањето тој го одбележал своето деби со прекрасен погодок во првиот официјален натпревар на новиот стадион на клубот. Јувентус го добил натпреварот со 4-1, а Видал го постигна третиот гол во 74-тата минута. Во првите неколку натпревари тој најчесто влегувал од клупата, борејќи се за место во почетната постава со Клаудио Маркизио да биде партнер на Андреја Пирло, сè додека тренерот Антонио Конте не се решил за формација со три внатрешни играчи за врска. Својот втор гол за клубот го постигнал во натпреварот од 14-тото коло во Серија А против Чезена, кога во 83-тата минута реализирал од пенал за да ги постави конечните 2-0 за Јуве. Во дербито на сезоната (меѓу првиот и вториот) против Милан на 25 февруари во ремито 1-1, Видал бил исклучен во 89-тата минута кога судијата Паоло Талјавенто му покажал директен црвен картон, за груб старт одзади врз Марк ван Бомел[17] Во натпреварот против Џенова (завршил 0-0) на 11 март, Артуро играл како централен одбранбен играч поради проблемите со повреди на поголем број играчи од одбраната. На 22 април 2012, Видал постигнал два гола во убедливата победа над Рома со 4-0[18], што за него било првпат да биде двоен стрелец по доаѓањето во Европа. Видал ја завршил неговата дебитантска сезона во италијанската лига со 7 постигнати гола, и се појавува како едно од откровенијата на сезоната во која имал голем придонес за освојувањето на скудетото со Јувентус.[19][20]

За сезоната 2012-2013 тој го отстапил дресот со број 22. на новото засилување Квадво Асамоа и го зел дресот со број 23., негов омилен (кој веќе го носел во Коло Коло и Баер Леверкузен). Во дебито во сезоната на 11 август постигнал гол од пенал со кој му помогнал на Јувентус да дојде до победата од 4-2 по продолженија против Наполи во италијанскиот Суперкуп. Својот прв погодок во новото првенство Видал го постигнал на 2 септември, повторно со удар од белата точка во победата со 4-1 нагости кај Удинезе. Во истиот месец, на 19-ти, во неговата дебитантска сезона во Лигата на шампионите, ја затресол мрежата на гостувањето кај Челзи помагајќи му на Јуве да дојде од 0-2 до 2-2. На 29 јануари 2013, со погодок го одбележал гостувањето кај Лацио во полуфиналето на италијанскиот куп со што успеал да реализира гол во сите четири турнири од сезоната во кој Јувентус имал играно (заедно со Вучиниќ). Во оваа сезона Видал го потврдил нивото од претходната година, па дури имал и подобри статистички показатели, што покажува фактот дека е еден од најплодните стрелци на Јувентус: благодарение на фактот што ќе стане главен изведувач на пеналите во тимот, ја завршува сезоната како прв стрелец со 15 голови во сите турнири од кој 6 од пенал. На 5 мај 2013 година, неговиот гол од пенал го одлучил натпреварот против Палермо со што на Јувентус му носи одбрана на титулата и второ скудето по ред за Видал.[21]

 
Видал против Реал Мадрид во Лигата на шампионите во октомври 2013.

Неговата трета сезона во Торино Видал ја отворил со освојување на вториот Суперкуп, играјќи на 18 август 2013 година во натпреварот во кој Јувентус го победил Лацио со 4-0;[22] а против бјанкочелестите, исто така, тој ги постигнал својоте први сезонски голови, постигнувајќи два со кои го отворил резултатот во првенствениот натпревар во кој Јувентус уште еднаш убедливо го совладал противникот од Рим сега со 4-1 на 31 август.[23] На 14 септември Видал постигнал гол и во дербито на Италија против Интер во Милано, израмнувајќи на 1-1 (што било и конечен резултат) во 75-тата минута од натпреварот, само две минути подоцна откако домаќините го отвориле резултатот. Својот прв гол во Лигата на шампионите 2013-2014 го постигнал од пенал во нерешениот натпревар 2-2 со Галатасарај.[24] Во петтото коло од групата Б во истото натпреварување, Видал го постигнал првиот хет-трик во кариерата, во победата на Јувентус над Копенхаген со 3-1, со головите постигнати во 29., 60. и 64. минута, при што, првите два гола ги постигнал од пенал.[25][26] Видал станал првиот чилеански играч кој успеал да направи хет-трик во врвните европски клупски натпреварувања,[27] и трет бјанконеро во историјата (по Инѕаги и Дел Пјеро).[28] На 3 декември 2013, тој го обновил својот договор со Јувентус до 2017 година, за плата од 4,5 милиони € по сезона плус бонуси.[29] По завршувањето на сезоната го освојува своето трето последователно скудето.[30] Видал бил еден од клучните протагонисти во сезоната со 11 голови во првенството и 7 во европските натпреварувања или вкупно 18 (што е негов личен рекорд), со што го подобрил својот рекорд на постигнати голови во сите три случаи. Сепак, крајот на сезоната за играчот од средниот ред не бил најдобар, бидејќи заработил повреда на коленото во полуфиналето од Лигата на Европа против Бенфика. Видал бил опериран на почетокот на мај како би се опоравил за настап на Светското првенство во Бразил.

 
Видал излегува на терен пред натпреварот од Суперкупот на Италија 2014.

Четвртата сезона со Јувентус, сега со нов тренер Масимилијано Алегри, Видал ја отворил наоѓајќи се помеѓу светлината и сенката, најмногу поради тоа што сè уште се опоравувал од последиците на повреда која ја залечил премногу брзо,[31] главно поради стравот дека нема да може да придонесе доволно за својот клуб како во претходната сезона.[32] Сепак, на 24 септември ја отворил сметка на голови, постигнувајќи ги првите два гола во победата со 3-0 над Чезена на домашен терен, во четвртото коло од Серија А 2014-2015.[33] На 30 ноември, за време на дербито против Торино го отворил резултатот од пенал во првото полувреме, а потоа му асистирал на Андреја Пирло за победничкиот гол во 94-тата минута со кој Јувентус победил со 2-1.[34] Под раководство на Алегри, Видал бил преместен понапред во срцето на играта во 4-3-1-2 формација, каде тој имал улога како напаѓачки играч од средниот ред како поддршка за двајцата напаѓачи. На 14 април 2015, повторно од пенал, го постигнал решавачкиот гол за пласманот на својот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите, со триумф над Монако со вкупен резултат 1-0.[35] На 2 мај, неговиот погодок со глава, го одлучил натпреварот на гостувањето против Сампдорија со што Јувентус математички го обезбедил скудетото, четврто по ред за чилеанецот и за Јуве,[36] додека на 20-ти истиот месец го освојува својот прв наслов во Купот на Италија, играјќи како стратер во финалето одиграно во Рим против Лацио, во кое Јувентус победил со 2-1 по продолженија.[37][38] Конечно, на 6 јуни, Видал станал првиот чилеански фудбалер во историјата кој играл во финалето на Лигата на шампионите,[39] иако Јувентус не го освоил трофејот, по поразот од Барселона со 3-1.[40]

Баерн Минхен уреди

На 28 јули 2015 година, Видал се вратил во Бундеслигата, потпишувајќи четиригодишен договор со „Баерн Минхен“ за сума од 37.000.000 € плус до 3.000.000 € во бонуси.[41] Видал дебитирал за „Баерн“ четири дена подоцна во Суперкупот на Германија против „Волфсбург“, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Тијаго во 74-тата минута.[42] Натпреварот завршил 1-1; „Баерн“ загубил во пенал-серијата, во која Видал бил еден од прецизните изведувачи.[43]

Репрезентативна кариера уреди

 
Видал (првиот горе, од лево) во 2007 заедно со соиграчите од селекцијата под 20 години.

Видал ја претставувал У-20 репрезентацијата Чиле на Јужноамериканското првенство за играчи под-20 години во 2007 во Парагвај, каде што постигнал шест гола. Така тие избориле квалификација за У-20 Светското првенство. Видал учествувал и на ова натпреварување, каде што постигнал два гола докажувајќи се како една од предностите на тимот, кој го осовил историското трето место. Нелсон Акоста имал намера да го повика за Копа Америка 2007,[44] но се сметало за неосновано играч од под-20 категоријата веднаш да биде повикан во сениорскиот состав.

Помеѓу 2007 и 2009 бил повикан неколкупати во репрезентацијата на Чиле за квалификациите за Светското првенство 2010, каде популарните La Roja, го освоиле второто место и избориле пласман на мундијалот. Видал дебитирал против селекцијата на Венецуела на 7 февруари 2007. Тој бил повикан за Светското првенство 2010, каде ги одиграл сите четири натпревари сите почнувајќи како стартер. Во 2011 учествувал на Копа Америка во Аргентина, собирајќи три настапи и забележал еден гол против Мексико.

Во јуни2015 година, Видал настапил за репрезентацијата на Чиле на „Копа Америка 2015“, каде во првите две кола постигнал три гола. Потоа, ноќта меѓу 16 и 17 јуни, во алкохолизирана состојба, тој предизвикал сообраќајна несреќа, а по јавното извинување, останал во репрезентацијата.[45]

Натпревари на кои постигнал хет-трик уреди

Досега во својата кариера Артуро Видал само еднаш успеал да постигне три гола на еден натпревар или т.н. хет-трик.[46] Тоа се случило на 27 ноември 2013, кога како играч на Јувентус постигнал два гола од пенал и еден со глава против ФК Копенхаген во групната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2013-2014.[26]

Титули уреди

Клупски уреди

  Коло Коло уреди

  Јувентус уреди

Репрезентација уреди

Наводи уреди

  1. juventus.com (уред.). „Артуро Видал“. Архивирано од изворникот на 2015-05-12. Посетено на 13 февруари 2012.
  2. Енрико Фракаси (22 јули 2011). „Артуро Видал:Приказната за новиот бјанконеро“. juvemania.it. Посетено на 11 ноември 2011.
  3. Твитер профил на Артуро Видал
  4. 4,0 4,1 „Воинот Видал: "Овој Јуве личи на мене: трчање и борба како мене“ (италијански). La Stampa. 25 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-11-28. Посетено на 2013-11-30.
  5. „Messi and Ronaldo joined by Ribery in top three of new list of Europe's top 50 stars“. Sky Sports. 12 June 2013. Посетено на 14 June 2013.
  6. „Енергија Видал“. Hurrà Juventus (италијански). ноември 2011.
  7. Sandro Scarpa (3 ноември 2011). „Vidal a Hurrà Juventus“. tuttomercatoweb.com. Посетено на 3 декември 2011.
  8. „Воин со сон за Светското првенство“. Бундеслига. 21 август 2010. Архивирано од изворникот на 2019-09-25. Посетено на 17 јануари 2011.
  9. Paolo Rossi, Enrica Tarchi (ноември 2011). „Енергија Видал“ (PDF). Hurrà Juventus. стр. 6-7. Посетено на 15 декември 2011.
  10. „Видал е концентриран на слава со Баер и репрезентацијата на Чиле“. fifa.com. 2 април 2008. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 17 јануари 2011.
  11. „Баер Леверкузен го доведе чилеанскиот дефанзивец Артуро Видал“. International Herald Tribune. 28 април 2007. Архивирано од изворникот 2009-02-11. Посетено на 14 март 2008.
  12. Хановер - Баер Леверкузен 0-3
  13. „Извештај од натпревар од Купот на Германија за сезона 2008-2009: Аугсбург - Баер Леверкузен 0-2“. transfermarkt. 23 септември 2008. Посетено на 29 мај 2015.
  14. „Извештај од натпревар од Купот на Германија за сезона 2008-2009: Баер Леверкузен - Бајерн Минхен 4-2“. transfermarkt. 4 март 2009. Посетено на 29 мај 2015.
  15. „Извештај од натпревар од Купот на Германија за сезона 2008-2009: Баер Леверкузен - Мајнц 4-1 (по продолженија)“. transfermarkt. 21 април 2009. Посетено на 29 мај 2015.
  16. „Vidal in, Melo out at Juventus“. uefa.com. 22 July 2011. Посетено на 29 September 2012.
  17. Милан - Јувентус 1-1
  18. Riccardo Pratesi (22 април 2012). „Uragano Vidal sulla Roma“. gazzetta.it. Посетено на 23 април 2012.
  19. Riccardo Pratesi (6 мај 2012). „Вучиниќ и автогол, Јуве во делириум. 28-мо скудето за бјнконерите“. gazzetta.it. Посетено на 7 мај 2012.
  20. Vladimiro Cotugno (6 мај 2012). „Јуве шампион на Италија, 2-0 во Каљари. Милан загуби“. tuttosport.com. Архивирано од изворникот на 2015-07-06. Посетено на 7 мај 2012.
  21. Riccardo Pratesi (5 мај 2013). „Јувентус, Скудетото е одбрането“. gazzetta.it.
  22. Маурицио Никита (18 август 2013). „Суперкуп, супер Јувентус: 4-0 против Лацио со головите на Погба, Кјелини, Лихтштајнер и Тевес“. gazzetta.it.
  23. Рикардо Пратеси (31 август 2013). „[[Серија А]], Двоен стрелец Видал, Вучиниќ и Тевес: Јуве го исчисти Лацио“. gazzetta.it. URL–wikilink conflict (help)
  24. Јакопо Манфреди (2 октомври 2013). „Јувентус-Галатасарај 2-2, Манчини се пошегува со Конте“. repubblica.it.
  25. "На Бајерн му годат рекордите, но ја сака титулата", Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 25.
  26. 26,0 26,1 „Јувентус, хет-трикот на Видал одлучи. "Тоа е подарок за мојот син". gazzetta.it. 27 ноември 2013.
  27. Elvira Erbì (28 ноември 2013). „Видал ги надмина Заморано и Салас“. tuttosport.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-28. Посетено на 2013-12-02.
  28. Владимиро Котуњо (27 ноември 2013). „Шампионите, Конечно Јуве! Три гола на Видал совладан Копенхаген“. tuttosport.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-28. Посетено на 2013-12-02.
  29. „Јуве и Видал го продолжија договорот 3.12.2013“. Архивирано од изворникот на 2013-12-07. Посетено на 2013-12-04.
  30. Andrea Pugliese (4 мај 2014). gazzetta.it (уред.). „Catania-Roma 4-1. Doppietta di Izco, gol di Totti, Bergessio e Barrientos. È scudetto Juve“. Посетено на 19 мај 2014.
  31. Andrea Tundo (2 мај 2015). ilfattoquotidiano.it (уред.). „Juventus campione d'Italia: cronaca di un successo non annunciato. Allegri da reietto a idolo dei tifosi“.
  32. calciomercato.com, уред. (14 април 2015). „Vidal: 'Per la Juve ho perso il Mondiale e rischiato un infortunio irreparabile'. Il finale della scorsa stagione [2013-2014, n.d.r.] è stato maledetto, il mio rendimento calò molto [...] l'operazione dell'anno scorso mi ha condizionato molto ma rifarei tutto negli stessi tempi. Purtroppo dovendo recuperare con tanta velocità, ho seriamente rischiato di farmi male in modo anche irreparabile. La mia è stata una scelta d'amore nei confronti della Juve. Non potevo lasciare la squadra prima della semifinale di Europa League con il Benfica. Mi sono giocato il Mondiale e pure buona parte dell’attuale stagione, però ho deciso con il cuore, amo la Juve, sono fatto così
  33. Fabiana Della Valle (24 September 2014). „Juventus-Cesena 3–0: doppietta di Vidal e gol di Lichtsteiner“. http://www.gazzetta.it (италијански). La Gazzetta dello Sport. Посетено на 14 April 2015. Надворешна врска во |website= (help)
  34. Stefano Cantalupi (30 ноември 2014). gazzetta.it (уред.). „Juventus-Torino 2-1: Vidal su rigore e il capolavoro di Peres. Poi decide Pirlo“.
  35. Jacopo Gerna (14 април 2015). gazzetta.it (уред.). „Juventus-Monaco 1-0: Vidal su rigore fa godere Allegri e lo Stadium“.
  36. Stefano Cantalupi (2 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“.
  37. Jacopo Gerna (20 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“.
  38. Jacopo Manfredi (20 мај 2015). repubblica.it (уред.). „Coppa Italia, Lazio-Juventus 1-2: Matri regala il decimo trofeo ai bianconeri“.
  39. uefa.com, уред. (12 мај 2015). „Dal Cile con furore“.
  40. Paolo Menicucci (6 јуни 2015). uefa.com (уред.). „Tris Barcellona, la Juve deve inchinarsi“.
  41. Uersfeld, Stephan (28 July 2015). „Bayern Munich sign Arturo Vidal from Juventus for €37 million“. ESPN FC. Посетено на 29 July 2015.
  42. „Und wieder scheitert Bayern im Elfmeterschießen“ (германски). Die Welt. 1 August 2015. Посетено на 1 August 2015.
  43. „Joker Bendtner ist zweimal zur Stelle“. kicker (германски). 1 August 2015. Посетено на 1 August 2015.
  44. „Чиле тим за избегнување“ (шпански). elcolombiano.com. Посетено на 1 декември 2011.
  45. „Видал се извини и останува во репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 27.
  46. „Статистика на кариерата на Артуро Видал - Најмногу голови на еден натпревар“. transfermarkt. Посетено на 29 мај 2015.

Надворешни врски уреди