Арсо Мицков

македонски револуционер

Арсо Мицков Велјаноски (1876-1905) — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Спомен-плоча во селото Подвис
Гробот на Мицков во Подвис

Животопис уреди

Роден е 1876 година во селото Подвис (Кичевско). Потекнува од селско земјоделско семејство кое живеело во многу тешки услови. Арсо уште како млад имал можност да слуша револуционерни идеи. Тие идеи иделе од татко му кој бил активен учесник во Брсјачката буна од 1881 година. Арсо бил храбар и строг човек. Секоја средба со османлиските собирачи на данок значела и спротивставување. Турскиот башибозук се плашел од него. Во минатото многу често доаѓало до судири помеѓу жителите на селото Подвис и жителите на селото Другово. Жителите на селото Другово биле претежно од муслиманска вероисповед и ги провоцирале жителите на селото Подвис. Тоа го натерало Арсо во 1899 година да стане ајдут и со својата дружина да отиде во планина. Таму тој се борел против турските зулумџии. Честите потери по него го натерале во 1900 година да замине во Белград.

Тој се вратил во 1901 година во Македонија. Се сретнал со Никола Петров Русински во село Белица (Кичевско). Русински го запознал со идеите на МРО и го приклучил во Организацијата. Во 1903 година во селото Подвис дошол Лука Ѓеров. Целта на неговата посета била да види колку било спремно селото за востанието што се спремало. Начекал спремна и вооружена чета. На чело на таа чета бил Арсо Мицков Велјаноски. Тие учествувале во Илинденското востание и пружиле голем отпор.

После задушувањето на востанието, Арсо продолжил со борбата против турското ропство. Имало потери по него, но не можеле да го фатат. На 31 јануари 1905 година, во селото Подвис се славел верскиот празник „Св. Танасија“. Тука дошол војводата Арсо за да побара парична помош за Организацијата. Несреќно завршила неговата посета (бил предаден од неговата соселанка Неда и убиен од страна на Турците).

Народна песна уреди

Заплакал, Голјак загрмел,
заради Арса војвода.
Каде се чуло видело,
сестра, брата да предаде.

Станала Неда рано В недела,
месила бела погача.
Облекла бела промена,
отишла село Другово.

Друговци деца цареви,
ако го Арса барате,
Арсо е Подвис на гости.