Аромаколог

лице кое се занимава со аромакологија

Аромаколог — лице кое се занимава со аромакологија, постапка на користење на мириси или есенцијални масла со цел да се создадат други или кои ќе имаат влијание врз однесувањето на човекот, физичкиот изглед како и карактерот, преку издвојување или помешување на соединенијата. Најмалку проучувано од сите човечки сетила е сетилото за мирис, но аромакологијата не се применува сè повеќе само во здравството или за надоградба на науката, туку и во спортот и во некои секојдневни работи како на пр. при продавање на куќа.

Иако сите аромаколози имаат изразено сетило за мирис некои се служат и со сетилото за вид и слух. Тие се наречени синестети и во историјата се познати : Британскиот сликар Дејвид Хокни, Рускиот уметник Василиј Кандински, Австрискиот композитор Франц Лист и Англискиот поет Вилијам Блејк.

Поле на дејност уреди

Аромакологот е лице кое проучува како мирисите влијаат врз човечката психологија и однесување и работи со етерични масла за да ги докаже позитивните влијанија врз однесувањето и чувствата. Аромакологот е стручњак по аромакологија - поим кој е измислен во 1982 година од страна на Олфацторѕѕ ресеарцх Фунд, сега познат како Институт за Сетило за Мирис (анг.Sence of Smell Institute), дел од Fragrance Foundation која има финансирано бројни медицински, универзитетски и самостојни истражувања поврзани со влијанијата на мирисите врз сонот и активностите на човекот. Аромакологијата се разликува од ароматерапијата.

Ова лице е пронаоѓач кој работи со етерични масла за нивните мирисни и физички влијанија и е стручњак во нивното помешување и спојување за да се добијат опојни мириси што ќе влијаат врз однесувањето, како и да се утврдат тие ароматични позитивни влијанија вклучувајќи ги чувствата и емоциите. Аромакологијата цели да ја проучува заемната врска помеѓу психологијата и најновите технологии за миризбите и директното пренесување разни чувства до мозокот (како смиреност, оживеаност, воодоошевување, сензуалност, среќа и успех) преку овие технологии. Кога мирисите ги активираат дишните патишта кои водат до лимбичкиот дел од мозокот тој предизвикува ослободување на невротрансмитери кои на повеќе начини влијаат на него и на менталната состојба на поединецот. Понатаму, дразбите кои се пренесуваат до лимбичкиот систем не можеме свесно да ги препречиме и поради тоа влијаат врз нашето расположение. Мирисот како сетило е последната гранка на нервниот систем и не е толку детално проучена како видот и слухот. Мозокот е во состојба да обработи и мали разлики во миризбите а сетилото за мирис е подолготрајно во процесот на стареење за разлика од видот и слухот. Тоа е дел од мозокот кој ги обработува мирисните податоци и треперењата, а движечката сила ја менува во зависност од задачите кои се вршат.

Синестезија-спојување на сетилата уреди

Има луѓе кои поинаку ги воспримаат миризбите, односно ги слушаат како звук. Еден таков синтест е Канаѓанката Надин Артемис, автор и творец на "Living for Libations" (живеење за чаша алкохол). Кога Надин Артемис вдишува некаква миризба, таа гледа и бои. Затоа кога таа нешто создава во аромакологијата, не прави само спој од мириси, туку меша и бои за на крај мешавината од најчисти, органски етерични масла ги претвори во корисни производи. На пример кога Надин ќе осети расипани или вештачки мириси, таа ги гледа како темносива или калливо кафена боја.Откривањето на оваа необичност во најрана возраст, на Надја и овозможува еден од најскапите етерични масла во светот т.е. водичката од роза, да ја гледа во нијанси и тонови на розова и црвена. Спокојството на камилицата варира од нијанси на корално океанска до кралско(мастило) сина боја.

Општа синестезија уреди

Д-р Џејми Вард претпоставува дека сите ние можеме да достигнеме основно ниво на синтезија, која пак е одлика на мешањето слики, звуци и други чувства. Рускиот сликар Василиј Кандински ги користи сите четири сетила за допир, мирис, боја и звук. Постојат многу примери на литератури за коишто се верува дека ја опишувале синтезијата. На пример познатиот поет Вилијам Блејк најверојатно бил синтест бидејќи во неговата песна "Песна за дивиот цвет" тој напишал: Како што шетав низ шумата, помеѓу зелените лисја, слушнав див цвет, како пее песна. Главниот лик Греноуилле, во книгата "Парфем" од Patrick Sűskind, е роден со хипер-акутно сетило за мирис но нема свој телесен мирис. Тој ја продолжува неговата животна потрага, која вклучува и многу убиства, за да го пресоздаде невиниот мирис на една убава девојка.

Делотворност уреди

Истражувањата биле спроведени за да се покаже дека преку употребата на миризливи материи може да се влијае на оние делови од мозокот поврзани со будноста и вниманието. Учесниците во екпериментот биле затворени во соба за тестирање и изложени на масло од јасмин, кое се покажало делотворно при засилување на нивните препознавачки вештини а учесниците покажале поголем интерес и мотивација во врска со зададените задачи. Спојот од евкалиптус, нане и етанол исто така ги подобрува сознавачките способности. Испитаниците имале поголем поттик по извршување на некоја монотона и стресна задача, откако биле изложени на мешавина од нане, бергам, сандалово дрво и лаванда.

Улогата на аромакологот уреди

Пријатните мириси причинуваат луѓето да сакаат да се задржат подолго време на некое место, тие се благодат за продавниците, музеите, бањите и казината. Пријатните миризби ги подобруваат продуктивноста и физичките способности, со тоа што спортистите кои биле изложени на мириси на нане или лимон, трчале побрзо, правеле повеќе склекови и за многу кратко време се опоравувале од напорните тренинзи. Со мешање одредени мириси аромакологот може да создаде поспокојна животна средина и да го подобри здравјето. Едно истражување од 1987 година покажало дека мирисите од маслото од морско оревче, екстракт од пченка, neroli oil, valerian oil(валеријана,одолјен),miristici oil, soelemicin oil и elemicin oil го намалуваат стресот и високиот крвен притисок кај луѓето. The Mind Lab, едно независно советувалиште во Велика Британија, како дел од истражувањето поврзано со мозочните рефлекси на различни дразби, го проучува мирисот на една зграда. За да се создаде една домашна атмосфера, агентите за недвижнини им препорачуваат на нивните клиенти да има мирис на свежо печени колачи или арома на кафе во куќата кога им се покажува на можните купувачи. Преку ослободување соодветни миризби со цел да се разбуди чувството на удобност, безбедност и радост, сопственикот може да ја забрза продажбата на куќата.

Продуктивноста на работникот може да се зголеми преку подобрување на квалитетот на воздухот во зградата каде што се работи не само со отстранување на загадувачите, туку и со воведување на благи миризливи стимулатори преку вентилациските системи и клима уредите и воедно со тоа да се добијат свеж воздух и пријатен мирис.

Неопходно е да се осигураме дека дозата на мирисот не е прекумерна и прејака. Овие мириси се различни од парфемите и тие треба да го имитираат природниот воздух однадвор.

Вештите аромаколози можат да измислат масла кои би ја намалиле агресивноста зад воланот, заморот и би ја подобриле концентрацијата додека се вози. Нането ја намалува вознемиреноста и заморот за време на возењето, а споена со циметот, го намалува нивото на фрустрација со кои се соочуваме во сообраќајот а исто така ја зголемува и будноста.

Јасминот пак се користи како помошно средство за спиење а мирисот на ванилата ја намалува желбата за благо после ручекот.

Поврзано уреди