Арне Јакобсен

Дански архитект

Арне Емил Јакобсен (дански: Arne Emil Jacobsen) бил дански архитект и дизајнер, претставник на данскиот модерен стил. Освен неговите архитектонски дела, создал и голем број на многу оригинални столици и останат мебел. Добил повеќе меѓународни признанија и награди.

Арне Јакобсен
пред 1960 година
Роден(а)11 февруари 1902
Копенхаген, Данска
Починал(а)24 март 1971
Копенхаген, Данска
НационалностДанец
НаградиПочесен медал на 10тото Триенале за дизајн, во Милано
International Design Award, Јапонија (посмртно)
ЗданијаБелависта апартмани, Клампенборг, предградие на Копенхаген

SAS Royal Hotel, Копенхаген
Данска Национална Банка , Копенхаген
Сент Кетринс Колеџ, Оксфорд, Велика Британија

Градско собрание, Мајнц, Германија
НацртиСтолица Мравка
Столица Јајце

Неговите дела се вбројуваат меѓу најзначајните во данскиот функционализам, кој настојувал, по примерот на Ле Корбизје и Валтер Гропиус, да создаде рационална и функционална архитектура. Облиците развиени од Арне Јакобсен претставуваат основа за скандинавскиот органски модернизам и неговото влијание се чувствува и денес. Денешниот скандинавски дизајн го поврзуваме со едноставни, елегантни и функционални облици направени од природни и удобни материјали - а тоа се принципите кои ги поставил токму Арне Јакобсен.

Галерија уреди