Аристогитон — атински државник.

Историјат уреди

По смртта на Писистрат на власт дошол неговиот син Хипија. Во исто време, младиот Хармодиј му бил миленик на Аристогитон, граѓанин од средниот сталеж. Кога Хипарх го силувал Хармодиј, тој му се доверил на Аристогитон, а тој, воден од љубовниот сомнеж и од стравот од власта на Хипарх, започнал да кова завера против синовите на Писистрат. Истовремено се случило и тоа Хипарх ја отфрлил сестрата на Хармодиј, која била повикана да ја носи кошницата за време на Панатенеите и тоа уште повеќе ги налутило заверениците кои, мислејќи дека се предадени, го убиле Хипарх. Меѓутоа, неговата стража го убила Хармодиј, Аристогитон успеал да избега, но подоцна бил фатен и убиен, заедно со многумина други учесници во заверата. Потоа следувала свирепата власт на Хипија која била задушена три години подоцна од потомците на Алкемеон, помогнати од Спартанците, а Хипиј бил прогонет. Историјата на Аристогитон ја опишале Тукидид (VI 54), Аристотел („Уставот атински“) и Херодот („Историја“ V 55, 56).[1]

Наводи уреди

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 97.