Аренсбург (германски: Ahrensburg) — најголем град во округот Штормарн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Дел е од метрополитенската област Хамбург.

Аренсбург
Замок Аренсбург
Замок Аренсбург
Замок Аренсбург
Грб на Аренсбург
Аренсбург во рамките на Германија
Аренсбург
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штормарн
Градски единици 5
Градоначалник Михаел Зарах (СДП)
Основни податоци
Површина 35,3 км2
Надм. височина 46 м
Население 34.052 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 965 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OD
Пошт. бр. 22926
Повик. бр. 04102
Портал www.ahrensburg.de
Местоположба на градот Аренсбург во рамките на округот Штормарн
Карта
Карта
Координати 53°40′29″N 10°14′28″E / 53.67472° СГШ; 10.24111° ИГД / 53.67472; 10.24111

Негова позната знаменитост е ренесансниот замок од 1595 година. Други знаменитости се блиската црква. Аренсбург се наоѓа во Тунелтал (Tunneltal), во која Алфред Руст ископал многу артефакти од леденото доба.

До Аренсбург лесно се доаѓа со автомобил и воз, сместен на автопатот А1 и железничката линија помеѓу Ханзините градови Хамбург и Либек.

Историја уреди

Рана историја уреди

Аренбуршката Тунелтал е место на бројни ископувања од културата на доцниот палеолит. Културата од историчарите е наречена Аренсбуршка култура.

Среден век уреди

Градот потекнува од XIII век, кога грофовите на Шауенбург го основале селото Волденхорн (кое подоцна станало град Аренсбург) и соседните села Аренсфелде, Мајлсдорф и Бајмор. Волденхорн е првпат споменат во 1314 година. Во 1327 година, селото припаднало на цистерцијанскиот манастир Рајнфелд, а Волденхорн станал седиште на манастирскиот управник и останал како таков до средината на XVI.

Замокот Арнесвелде (Arx Arnsburga) бил изграден околу 1200 година. Руини на замокот се видливи во шумата Хаген јужно од градот. Грбот на градот го прикажува замокот го горниот дел. Постојат документи за управници на замокот во 1295 и 1304 година. Во 1326 година, грофот Јохан III од Шауенбург го преместил своето седиште во Тритау и го напуштил замокот.

Нов период уреди

По распуштањето на манастирите поради реформацијата, целата област потпаднала во посед на кралот на Данска. Тој ја доделил на неговиот генерал Даниел Ранцау во 1567 година. Неговиот брат и наследник Петер Ранцау го изградил ренесансниот замок во облик на воден замок, сега симбол на градот, а црквата во замокот околу 1595 година. Изградбата на сиромашните домови непосредно до црквата била пример.

Советот на Аренсбург припаѓал на т.н. благороднички совет, кој поседувал голема слобода и самоуправување.

Поседот на Ранцау бил тешко задолжен во средината на XVIII век и во 1759 година припаднал на стопанственикот Хајнрих Карл фон Шимелман. Шимелман го изменил замокот и селото во барокен стил и моменталниот изглед на градот ги прикажува овие планови.

На 7 јуни 1867 година селото Волденхорн станало слободна пруска заедница и се преименувало во Аренсбург со одлука на советот. Припаѓало на Амтот Аренсбург, од каде како слободна општина излегло во 1912 година.

Изградбата на железницата помеѓу Хамбург и Либек во 1865 година го направило Аренсбург привлечно одредиште за одмор надвор од Хамбург и бројот на жители се зголемил. До 1910 населението достигнало 2.750 жители. Припојувањето на различни села во 1928 година довело до зголемување на територијата на градот на 5 км2.

Изградбата на населбите „Дахајм/Хајмгартен“ (делумно на територија на моменталната општина Амерсбек) и „Ам Хаген“ (првично наречена „Населба Франц Зелте“) се случила во 1933 година, поради навалата на нови жители од Хамбург, кои барале помирно опкружување.

Кога Аренсбург добил градски права во 1949 година, градот имал 17.775 жители — скоро половина од нив биле бегалци од поранешните источни територии на Германија.

Градската инфраструктура била значително подобрена и проширена во текот на следните децении. Во исто време многу компании отвориле свои седишта и погони во близина на градот и придонеле Аренсбург да стане познат стопански центар во Шлезвиг-Холштајн.

Религија уреди

Аренсбург бил седиште на лутеранскиот проректор за Штормарн од 1823 до 1899 година.

Аренсбург имал мала еврејска заедница до почетокот на 1930-тите. Синагогата била запалена во текот на Кристалната ноќ во 1938 година.[2] Еврејските гробишта (отворени во 1822 година) сè уште можат да се видат во близина на градот (Аренсбург-Запад).

Меѓународни односи уреди

Аренсбург е збратимен со следниве градови:

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Internet-Archiv "Synagogen in Deutschland" der TU Darmstadt“. Cad-cook.architektur.tu-darmstadt.de. Архивирано од изворникот на 2014-03-11. Посетено на 11 март 2014.

Надворешни врски уреди