Апресијација (лат. ad - кон + pretium - цена, вредност) претставува зголемување на вредноста на валутата на една земја. Таа настанува како последица на јакнењето на куповната моќ на парите на внатрешниот пазар, поради паѓањето на цените на стоките и услугите или поради промена на интервалутарниот курс (паритет).[1] На парите во чија корист настанала промената им расте курсот.

Често изразот апресијација на пари означува преценети пари, кога официјалната вредност на парите вештачки се одржува на повисоко ниво од реалното.

Ако на пример македонскиот денар е преценет во однос на еврото, девизниот курс паѓа - потребни се помалку македонски денари за купување на едно евро (1 ЕУР = 41,70 МКД → 1 ЕУР = 41,20 МКД). Кога македонскиот денар апресира во однос на еврото, тој станува помалку конкурентен. Ова ќе доведе до поголем увоз на европски стоки и услуги во Македонија, а помал извоз на македонски стоки и услуги на европските пазари.

Спротивно на апресијацијата е депресијација на парите.

Наводи уреди

  1. What Does Appreciation Mean?, www.investopedia.com