Антони Слонимски (полски: Antoni Słonimski; 1895-1976) — полски поет.

Антони Слонимски
Антони Слонимски
Роден/а15 ноември 1895(1895-11-15)
Варшава
Починат/а4 јули 1976(1976-07-04) (возр. 80)
Варшава, Полска
Занимањеписател, поет
Јазикполски
НационалностПолјак
Книжевно движењеСкамандер
Потпис

Животопис уреди

Долги години, Слонимски живеел во Западна Европа.[1]

Творештво уреди

Од сите припадници на поетската група „Скамандар“, Слонимски е најголем традиционалист во однос на формата. Тој верувал дека песната треба да убедува и да воспитува и бил најголем приврзаник на дидактичката улога на поезијата во полската поезија на XX век. Поради тоа, во неговите песни доминираат мудрата реторика и актуелноста на проблемите за кои пее. Всушност, неговата поезија претставува хроника на полските случувања од 1918 година натаму, а тоа се должи на фактот дека Слонимски објавувал фељтони во кои дал најдуховита критика на полското општество во поново време. Сепак, хуморот присутен во фељтоните во помала мера е присутен во неговата поезија која повеќе се одликува со мудра иронија. За време на подемот на скамандаровците, позијата на Слонимски била поборбена од онаа на Јулијан Тувим и на другите челнови на групата. Слонимски повикувал на кршење на старите односи, на поврзување со надворешниот свет, а тоа го правел со голема доза на потсмев кој од општеството бил сфатен речиси како анархизам. Формално, неговата поезија е врзана за парнасовскиот период, за полската и за европската класика и во неговата поезија воопшто нема траги од формалните иновации низ кои поминала европската поезија во текот на XX век.[2]

Наводи уреди

  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 46.
  2. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 45-46.