Антониј IV Цариградски

Антониј IV Цариградски (починал мај 1397) — Вселенски патријарх во два периоди, од јануари 1389 до јули 1390 година, и повторно од 1391 сè до својата смрт.

Најверојатно бил јеромонах, најверојатно од Дионисијатскиот манастир на Света Гора. Тој бил сменет за време на узурпацијата на Јован VII во април 1390 година, и бил заменет од страна на Макариј, кој веќе претходно бил патријарх од 1377 до 1379 година. По враќањето на прстолот на Јован V и Мануил II неколку месеци подоцна, тој бил повторно вратен да начелствува.

Тој е забележителен по неговите дописи со Владислав II, Велевојвода на Литванија, барајќи од него да се вклучи во крстоносната војна против Турците заедно со унгарците, и со Василиј I, кој не само што го бранел сеопфатниот духовен авторитет на Цариградската патријаршија, туку исто така и сеопфатниот авторитет на византиските цари, и покрај тешката состојба во која била Византија.

Извори уреди

  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 125, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули
Претходник
Нил
Цариградски патријарх
1389–1390
Наследник
Макариј
Претходник
Макариј
Цариградски патријарх
1391–1397
Наследник
Калист II