Антички олимписки игри

Античките олимписки игри (грчки: τὰ Ὀλύμπια) биле церемонија со разни натпреварувања во спорт одржани во Стара Грција во чест на врховниот бог Зевс. Натпреварувачи биле претставници од хеленските градови-држави, но и Македонија. Олимписките игри биле сеопшт празник во стара Хелада. Првата Олимпијада била одржана во 776 п.н.е. и се одржувале на секои 4 години

Сцена од игрите

Хелада уреди

Меѓу разните свечености кои Хелените ги приготвувале за боговите најпозната е Олимпијадата. Тие се одржувале во Олимпија во храмот на Зевс. Во времето на игрите биле престанати сите војни помеѓу Хелените и имало мир според нивните обичаи и религија. Тие според преданијата траеле пет дена. Првиот ден имало церемонија со принесување жртви, вториот и третиот ден имало атлетиски натпревари, четвртиот ден имало трка со јавање коњи и петтиот се проглавусале победниците. Олимписките игри биле прекинати во 393 од н.е.. По пример на хеленските олимписки игри биле направени модерните олимписки игри во 1896 година.

Македонија уреди

За античкиот македонски врховен бог Диос македонскиот крал Архелај I го изградил храмот во Дион (во подонжјето на Олимп). Тука ги организирал македонските Олимписки игри кои биле пандан на хеленските.