Антогон III Досон (263 п.н.е.221 п.н.е.) — крал на Македонија од 229 п.н.е. до 221 п.н.е.[1] Ѝ припаѓал на династијата Антигониди.

Монета со Ликот на Антигон III Досон

Освојување на тронот уреди

Антигон III бил внук на Антигон II Гонат (од неговиот полубрат Деметриј) . Со смртта на Деметриј II (229 п.н.е.), Антигон станал старател на синот на Деметриј II, Филип. Во 227 п.н.е. Антигон се оженил со вдовицата на Деметриј II, Фтија (мајка на Филип), со тоа тргнувајќи го младиот Филип и станал крал. Кога се покажал способен да ги штити интересите на Македонија, со победите против Дарданците и Ајтолците и кога се обврзал дека ќе ги чува правата на престолот за Филип, а не за своите деца, бил избран за легален крал на Македонија (227 п.н.е.).[1][2]

Воени кампањи и битки уреди

Како македонски владетел постигнал видни резултати во консолидирањето на Македонија и во обновувањето на нејзината активна меѓународна улога. Покажал извонредни квалитети како воен стратег и тактичар. Презел успешна поморска експедиција против Карија (227 п.н.е.), а три години потоа се замешал во судирот меѓу Ахајскиот сојуз и Спарта.[1]

Антигон го поддржувал Арат од Сикион во Ахајската лига против Ајтолската лига и Клеомен III, кралот на Спарта. Антигон го поразил Клеомен III во Битката кај Селасија, (јуни 222 п.н.е.), а со тоа ја принудил Спарта на капитулација. Ги одбил нападите на Илирите, кои за време на неговото отсуство навлегле во Горна Македонија. Истоштен од долготрајни војни се разболел, по што починал.[1] Според Полибиј можно е да починал од прскање на вена, додека викал бодрејќи ги своите војници, во битките против Илирите.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 34. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 25. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Polybius, Histories 2.70.6
Претходник:
Деметриј II
Крал на Античка Македонија
229–221 п.н.е.
Наследник:
Филип V