Анијан Александриски

Анијан Александриски бил Патријарх на Александрија во периодот од 68 до 82 година. Тој е признаен како папа на некогашната единствена Александриска црква, односно од страна на денешната Коптска православна црква и Грчка православна црква на Александија.

Анијан Александриски
Патријарх на Александрија
ЦркваАлександриска црква
Ракоположен68
Службата завршила82
ПретходникАпостол Марко
НаследникАвил
Лични податоци
ЗанимањеПатријарх на Александрија

Според христијанската традиција, кога Апостол Марко стапнал од коработ на копното на Александрија, обувката на едната нога му се расцепила. Тогаш видел еден чевлар и му ја дал на поправка. Шиејќи чевларот си ја прободел со шилото левата рака и започнало да му тече крв, а тој јачел од болка. Тогаш апостол Марко замесил прав со својата плунка и ја намачкал ранетата рака на чевларот, која со ова веднаш станала здрава. Чевларот се восхитил од ова чудо и го поканил Марко во својот дом. Кога ја слушнал проповедта на апостолот, Анијан, се крстил тој и сиот негов дом. Свети Анијан покажувал толкаво благочестие и ревност за Божјото дело, што Св. Марко го определил за епископ.[1]

Наводи уреди