Анејтјум (бислама: Aneityum) или познат и како Анатом или Каему (Anatom или Keamu) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Анејтјум е најјужниот остров под контрола на Вануату.[1]

Анејтјум
Anejom̃
Местоположба во Вануату
Географија
Координати20°12′S 169°49′E / 20.200° ЈГШ; 169.817° ИГД / -20.200; 169.817
Површина159,2 км2
Највисоко издигнување852 м
Највисока точкаИнреров Атамејн
Управување
Вануату
Демографија
Население915 (2009)

Географија уреди

Островот е најјужен во државата Вануату. Жителите на Анејтјум, а воедно и Вануату, сметаат дека Метјуовите и Хантеровите Острови се дел од Вануату, дел од културната сфера на Анејтјум, но сепак островите се од контрола на Нова Каледонија.

Најјужна точка на Вануату е ’ртот Неганеајинг. Во непосредна близина на самиот брег на Анејтјум е островчето Ињек или Мистериозен Остров. Околу Ињек има и гребен, потонат, кој е под вануатска контрола. Островот има вкупна површина од 159.2 км2 и највисока точка од 852 метри. Овој врв се вика Инреров Атамејн. Има две села, поголемото е Анелкаухат.

Население уреди

Анејтјум, според пописот од 2009 година, имал население од 915 жители.[2] Населението зборува на анејтјумски јазик.

Сообраќај уреди

На островот има писта која функционира како Аеродром Анатом. Овој аеродром не е на Анејтјум туку на Ињек, малото островче.Има летови до Порт Вила.

Наводи уреди

  1. „Mystery Island Cruise & Aneityum Island“. Vanuatu Travel. Архивирано од изворникот на 2018-08-14. Посетено на 13 August 2018.
  2. 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди