Андре Моро (француски: André Maurois, роден на 26 јули 1885[1] - починал на 9 октомври 1967) — псевдоним за францускиот писател Емил Херцог, автор на многу романизирани биографии, современи романи и историска литература. Со указ на претседателот на републиката од 27 јуни 1947 година неговиот псевдоним му станало негово официјално име.

Андре Моро
Роден/а26 јули 1885
Франција
Починат/а9 октомври 1967
Франција
Занимањеписател
НационалностФранцузин

Животопис уреди

Андре Моро е роден на 26 јули 1885 година, во еврејско семејство на индустријалци од текстилниот бизнис, од татко Ернест и мајка Алис Херцог. Неговото семејство се преселило во Нормандија по Француско-пруската војна. Одгледан во патриотско семејство, тој го доживеал антисемитизмот во текот на „Аферата Драјфус“. Студирал на Универзитетот „Корнети“ во Руан, каде ги слушал предавањата на познатиот филозоф Ален и бил под силно негово влијание.

По дипломирањето работел како раководител во фабриката на својот татко во текот на 10 години. Во 1909 година ја сретнал во Женева својата прва жена Жана Мари Ванда де Шимкевич, полско-руска аристократка, која завршила на Оксфордскиот универзитет. Во 1923 година таа починала при спонтан абортус и добиено труење на крвта. Втората сопруга, Симон де Кајлаве (1894-1968), писателка и општественичка, ја сретнал во 1924 година и се оженил за неа во 1926 година.

За време на Првата светска војна бил преведувач и офицер за врски кон Британскиот експедициски корпус. Од тоа време и од впечатоците кои ги доживеал, го напишал својот прв роман „Молчливоста на полковник Брамбел“ (1918) - забавна книга за британските другари од армијата. Фо зел псевдонимот Андре Моро бидејќи Андре било името на неговиот пријател, кој загинал за Франција во Првата светска војна, а Моро било името на мало француско селце.

По војната продолжил да пишува на тема за Англија во голем број на уметнички и публицистични дела - „Ариел, или Животот на Шели“ (1923), „Дизраели“ (1927), „Бајрон“ (1930). Светска слава добил со романите „Бернар Кенет“ (1926), „Семеен круг“ (1932) и др. На 23 јуни 1938 година бил избран за член на Француската академија.

По започнувањето на Втората светска војна, 54-годишниот писател стапил како доброволец во Француската слободна армија. Поразот и окупирањето на Франција го принудило да отпатува за САД. Таму работел како професор на Универзитетот во Канзас. Пишува голем број историски и публицистични материјали против нацистите. Во 1943 година се преселил во Северна Африка, а по завршувањето на војната, во 1946 година, се вратил во Франција.

Издал зборник со раскази, книги „Во потрага на Марсел Пруст“ (1949), "Жорж Сенди" (1952), „Септемвриски рози“ (1954), „Животот на Витор Иго“ (1955), „Тројцата Дима“ (1957). Последниот биографски труд „Прометеј или животот на Балзак“ го завршил во 1965 година, кога имал 80 години.

Андре Моро починал на 9 октомври 1967 година.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: