Андреја Дамјанов (награда)

Андреја Дамјанов е македонска архитектонска награда која се доделува на архитект кој придонел за редот и развитокот на македонската архитектура.

Историја уреди

Востановена е во чест на големиот македонски и балкански градител од 19 век, Андреја Дамјанов[1]. Се доделува од 28 декември 1989 година, кога академикот Крум Томовски, свечено бил прогласен за прв лауреат[1]. Наградата ја доделува доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов[2]. Оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши оценувачка комисија составена од претседател и неколку членови. Комисијата на наградата објавува јавен повик на кој треба да се пријавата можните добитници. Може да конкурираат само државјаните на Македонија, дедека право на поднесување на предлози имаат само членовите на ААМ[3]. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска академија на ААМ. Од почетокот па во наредните 15 години, наградата се доделувала во велешката црква „Св. Пантелејмон“ (која е дело на Дамјанов), но од 2005 се доделува и во други цркви или објекти на големиот неимар[4].

Лауреати уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Дваесет Години награда „Андреја Дамјанов". еПорта. 14 февруари 2009. Посетено на 2009-12-27.
  2. 2,0 2,1 „„Андреја Дамјанов" во рацете на архитект Александар Смилевски“. еПорта. 2008. Посетено на 2009-12-27.
  3. „ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на награда“. Асоцијација на архитекти на Македонија. Архивирано од изворникот на 2009-08-02. Посетено на 2009-12-27.
  4. Ј, А (5 септември 2006). „РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА НАЈВИСОКОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА АРХИТЕКТУРА“. Вечер. Посетено на 2009-12-27.[мртва врска]
  5. „Борис Чипан“. Енциклопедија на културното наследство на Струга. Посетено на 2009-12-27.
  6. Aleksoska, Daniela; Zlatkovska, Marija; Stevo, Temelkovski (1999). Ten Lauréats of the Andreja Damjanov Award. University of Skopje, Architecture: Bigoss. стр. 12. ISBN 9989-44-007-7.
  7. „Дела од творештвото на архитектот Александар Серафимовски“. Дневник. Посетено на 2009-12-27.[мртва врска]
  8. „Наградата "Андреја Дамјанов" за Живко Поповски“. Утрински Весник. 2002. Посетено на 2009-12-27.[мртва врска]
  9. „Наградата „Андреја Дамјанов" за Драган Томовски“. Време. 10 јули 2004. Посетено на 2009-12-27.[мртва врска]
  10. „МАЛ ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ НА АРХИТЕКТКАТА ВАСИЛКА ЛАДИНСКА“. еПорта. Посетено на 2009-12-27.
  11. „Архитектот Александар Никољски добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов" за 2006“. Канал 5. 6 октомври 2006. Посетено на 2009-12-27.
  12. НАГРАДАТА Е ГОЛЕМА ГОРДОСТ И ПОТВРДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД[мртва врска]
  13. „Климент Заров - добитник на наградата „Андреја Дамјанов". Нова Македонија. 30 октомври 2009. Посетено на 2009-12-27.[мртва врска]
  14. Олга Папеш достојна добитничка на наградата „Андреја Дамјанов". Архивирано од изворникот на 2010-11-08. Посетено на 2013-11-12.
  15. ААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело
  16. Крсто Тодоровски,добитник на наградата „Андреја Дамјанов“
  17. ААМ: Михаил Токарев добитник на наградата “Андреја Дамјанов“[мртва врска]
  18. ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ ВЕРА ЌОСЕВСКА, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО "АНДРЕА ДАМЈАНОВ" -АРХИТЕКТИТЕ ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ МИНАТОТО, НО ДА ГЛЕДААТ КОН ИДНИНАТА[мртва врска]
  19. Архитектот Мартин Гулевски добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015 година
  20. Наградата „Андреја Дамјанов" за 2016 година му припадна на архитект Радован Раѓеновиќ. Архивирано од изворникот на 2016-12-13. Посетено на 2016-12-11.
  21. „Добитник на наградата „Андреја Дамјанов" за 2017 година е архитектката Билјана Филиповска“. Архивирано од изворникот на 2019-02-04. Посетено на 2020-10-21.
  22. Добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2018та е архитект РАДОЊИЌ МИОДРАГ – БАТО
  23. АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЈА ДОБИ МИОДРАГ МИТРОВИЌ
  24. 24,0 24,1 „Доделување на наградата Андреја Дамјанов за 2020/2021“. МАРХ. 22.12.2021. Посетено на 8 август 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  25. „НАГРАДАТА "АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ" ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОДЕЛЕНА НА АРХИТЕКТОТ ЗОРИЦА БЛАЖЕВСКА“. МАРХ. 20.12.2022. Посетено на 25 јануари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди