Ана Комнина

византиска принцеза и историчар

Ана Комнина (1 декември 1083-1153) — византиска принцеза, научник и најстара ќерка на византискиот цар Алексиј I Комнин и на царицата Ирина.[1] Таа ја напишала Алексијадата, посветена на владеењето на нејзиниот татко.[2] Ова дело ја прави една од првите жени историчари во западниот свет.

Ана Комнина
Порфирогенита на Византија
Портрет на Ана Комнина
Роден(а)1 декември 1083
Пурпурна одаја, Голем дворец, Цариград, Византија
Починал(а)1153 (воз. 70)
Манастир „Пресв. Богородица Благодатна“, Цариград, Византија
СопружникНикифор Вриениј
ДецаАлексиј Комнин
Јован Дукин
Ирина Дукина
Марија Вриенија Комнина
ДинастијаКомнини
ТаткоАлексиј I Комнин
МајкаИрина Дукина

Семејството и детството уреди

Ана е родена во Пурпурната одава на Големиот дворец во Цариград. Затоа била нарекувана и порфирогенита што означува дека е родена во пурпурно - односно додека нејзиниот татко бил на власт.[3][4] Таа е најстара од седум деца. Нејзините помлади браќа и сестри се (по редослед на раѓањето): Марија Комнин, Јован II Комнин, Андроник Комнин, Исак Комнин, Евдокија Комнин, Теодора Комнин, Мануел Комнини и Зоја Комнин.[3]

Во Алексијадата Ана ја нагласува нејзината приврзаност кон родителите Алексиј и Ирина.[5] Покрај останатото, во Алексијадата Ана ја покажува својата близина кон семејството и при опишувањето на сцената, кога нејзината мајка Ирина е бремена и чека два дена за да се породи за да може на пораѓањето да присуствува и Алексиј Комнин.

Некои современи историчари сметаат дека Ана ја пишува Алексијадата „како доказ за послушноста кон своите родители“, и како демонстрација на нејзината љубов кон семејството[6].

Во Алексијадата таа пишува за нејзиното рано детство. Вели дека била подигната од страна на поранешната царица, Марија од Аланија, кој била мајка Константин Дукас - првиот вереник на Ана Комена.[6] Фактот што Ана била израсната од страна нанејзината идна свекрва било вообичаено во средновековието.[6]

Образование уреди

Таа била добро образована и имала големи познавања од историјата, математиката, науката и грчката филозофија. Средновековниот учен Никита Хонијат вели дека Ана „беше посветена на изучување на филозофијата, кралицата на сите науки и имала познавања од сите други научни полиња“.[7] Некои современи историчари сметаат дека нејзиното образование е одговорно за нејзината самосвесност.[8]

Родителите ѝ го забранувле од проучувањето на античката поезија (чија глорификација на блудните богови и на неверните жени ги сметале за несоодветни, па дури и опасни за една млада жена од нејзината класа). И покрај обидите на нејзините родители да се ограничи, Ана тајно ја проучувала забранетата поезија со еден од скопците во царскиот двор. Така, таа се здобила со вонредно образование што несомнено ја прави една од најпознатите образовани жени на своето време.

Брак уреди

Како што било вообичаено за благородништвото во средновековието, Ана била свршена уште како дете. Таа требало да се омажи за Константин Дука, син на царот Михаил VII и Марија на Аланија. Со оглед на тоа што во тоа време царот Алексиј I немал машки наследник, младиот Константин бил прогласен за соцар на Византија. Меѓутоа, во 1087 наследникот по крв, Јован II Комнин, е роден, и Константин требало да се откаже од неговото право на престолот. Тој умрел набргу потоа.

Во 1097, 14-годишната Ана Комнина се мажи за млад благородник, на Цезар Никифор Брениј. Никифор потекнувал од аристократско семејство, кое имало претензии на престолот пред Алексиј I да стапи на него. Никифор бил исто така и признат државник, генерал и историчар. Ана тврдела дека бракот повеќе претставувал политички сојуз, отколку љубов. Во најголем дел, бракот сепак, се покажал како успешна унија во текот на четириесет години. Тие имале четири деца: Алексиј Комнини, Јован Дука, Ирина Дукина, и Марија Бренина Комнина.

Амбиции за царскиот престол уреди

Уште како дете Ана претпоставувала дека таа еден ден ќе ја води царство, сон разнишана со раѓањето на нејзиниот брат. Ана сепак сметала дека таа и нејзиниот сопруг треба да ја преземат титулата на Цар наместо него. Затоа, таа нејзиниот сопруг и нејзината мајка, Ирина Дукина, во неколку наврати се обиделе да го лишат од наследство нејзиниот помлад брат Јован, во интерес на сопругот на Ана. Во тоа време татко ѝ бил слаб и пред крај на својот живот.[9] Сепак, тие не успеале во своите намери, а во 1118 Јован II го преземал престолот.[10]

Обидите на Ана за узурпирање на царската круна остануваат, а во 1118 таа повторно спрема заговор за отстранување на нејзиниот брат и негова замени го со Никифор (нејзиниот сопруг). Сепак, планот пропаднал кога во последен момент Никифор одбил да соработува. Разочарана од слабоста на нејзиниот сопруг, Ана избувнува и вели дека „природата ги погрешила нашите полови.“[9] Заговорот бил откриен, а Ана требало да се откаже од нејзиниот имот, од статусот на припадник на царското семејство и била испратена во прогонство во еден манастир кој бил основан од нејзината мајка. Мајката на Ана, нејзината сестра Евдокија побегнале заедно со неа. Иронично, Никифор останал во кралска палата и станува еден од најблиските советници царот Јован.

Ана Комнина - историчар уреди

 
Алексијадата на Ана Комнина (манускрипт од 12-ти век)

Ана Комнина како како калуѓерка ја напиша Алексијадата, во 15 томови, во која го велича животот на нејзиниот татко. Алексијадата го опфаќа периодот помеѓу 1069 и 1118 година, кога нејзиниот татко починал. Книгата ја дополнила пред својата смрт со историски материјал што го добила од нејзиниот сопруг. Книгата веројатно била завршена во 1148.

Најмногу место во Алексијадата таа посветува внимание на односот на крстоносците и на Византиското царство. Во своите текстови таа пишува со потсмев за крстоносците.

По завршувањето на Алексијадата, Ана Комнина продолжила да живее како калуѓерка во манастирот, каде што починала 1153 година.

Познавања од областа на медицината уреди

Ана Комнина се покажала како способна не само за интелектуална работа туку и во практичните работи. Нејзиниот татко ја поставил за раководител на болница и дом за сираци во Цариград. Се вели дека во билницата поседувала 10.000 легла за пациенти и сираци.[11] Во текот на работата во болницата станала стручна за лекување на гихт. Таа, исто така, била одговорна за здравјето на татко ѝ кога тој бил на смртната постела.[12]

Литература уреди

  1. "Anna Comnena" in the Catholic Encyclopedia.
  2. Anna Comnena, The Alexiad, преведена на англиски од Elizabeth A. Dawes во 1928
  3. 3,0 3,1 Anna Komnene, The Alexiad, translated by E.R.A. Sewter, ed. Peter Frankopan, (New York: Penguin, 2009)
  4. Пурпурната била сметана за царска боја.
  5. Dion C. Smythe, “Middle Byzantine Family Values and Anna Komnene’s Alexiad,” Byzantine Women: Varieties of Experience, ed. Lynda Garland, (New Hampshire: Ashgate, 2006)
  6. 6,0 6,1 6,2 Angeliki Laiou, “Introduction: Why Anna Komnene?” Anna Komnene and Her Times, ed. Thalia Gouma-Peterson, (New York: Garland, 2000)
  7. Niketas Choniates, O City of Byzantium: Annals of Niketas Choniates (Michigan: Wayne State University Press, 1984)
  8. Carolyn R. Connor, Women of Byzantium (Connecticut: Yale University Press, 2004)
  9. 9,0 9,1 Susan C. Jarratt and Ellen Quandahl, ““To recall him…will be a subject of lamentation: Anna Comnene as a rhetorical historiographer” in Rhetorica: A Journal of the History of Rhetoric (2000): 305-308, accessed April 21, 2011.
  10. Barbara Hill, “Actions speak louder than words: Anna Komnene’s attempted usurpation,” in Anna Komnene and her times (2000): 46-47.
  11. Howard, Sethanne (2007). Hidden Giants, 2nd Edition. Lulu.com. стр. 47. ISBN 978-1-4357-1652-0.
  12. Windsor, Laura Lynn (2002). Women in Medicine: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 45. ISBN 978-1-57607-392-6.