Ана Илиќ (Врање, 1995) е српска поетеса од Владичин Хан.[1] Една од ретките во Србија која боледува од Фридрајхова атаксија.

Ана Илиќ
Родена 25 декември 1995
Врање,  Сојузна Република Југославија
Занимање поетеса

Со продажбата и промоцијата на своите збирки песни, Ана го врти вниманието на јавноста кон лицата заболени од ретки болести, и лицата со индавидност, и истовремено собира за набавка на лекарства.

Животопис уреди

Ана Илиќ е родена на 25 декември 1995 година во Врање. Основно и средно образование завршила во Владичин Хан.[2][3] До својата деветта година, поставена ѝ е дијагнозата Фридрајхова атаксија, тешка и подмолна болест за која нема лек, освен лекарства за забавување на развојот на болеста. За кратко време Ана се наоѓа врзана за инвалидска количка.

Своите збирки песни, од 2012 година ги претставува на промоции во Белград[4], Владичин Хан, Врање, Лос Анџелес, Торонто, Ниш, како и на „октомвриските средби на писатели од српската дијаспора“ во Франкфурт.[5]

Во склоп на активностите кои во 2013 година ги организирала Националната организација за ретки болести на Србија, по повод одбележување на „Меѓународниот ден на ретки болести“, на 27 февруари на големата сцена на театарот Атеље 212 е одржана Книжевна вечер со Ана Илиќ. Стиховите на Ана ги читале: писателката Ивана Кузмановиќ, драматург и тогашна управничка на театарот Ивана Димић, како и глумците: Милан Цаци Михајловиќ, Иван Јевтовиќ, Ненад Ќириќ, Јаков Јевтовиќ, Тања Петровиќ и Владислав Михајловиќ.

Збирки песни уреди

  • Под светлом истине, самостално издание, 2011.
  • Оне звездане очи, самостално издание, 2014.[6]
  • Утрнеле речи, самостално издание, 2018.
Опростите
Опростите ветрови што сам вас сузама дозивала,
Опростите сломљени додири што нисам од вас побегла,
Опростите сједињене душе што вас нисам познала,

Опростите урезане молитве што вас се нисам сетила,
Опростите прозирни људи на папиру што сте ми значили,
Опростите спазматични загрљаји
Што више не хрлим ка вама,
Опростите јецаји непроспаваних ноћи
Што ми више нисте мелодични,
Опростите ожиљци црне пожуде
Што вас глатка свила прикрива,
Опростите горких отрова течности
Што ми се више не топите у устима.
Опрости животе што сам те клела,
Опрости смрти што сам те желела,
Опростите звери што сам вас волела.

Ана Илиќ (песна напишана на 14 години)[7]

Првата збирка песни „Под светлото на вистината” напишана е во периодот од нејзината десетта и шеснаесетта година, а објавена е на нејзиниот шеснаесетти роденден како подарок од група автори на издавачката куќа „Лагуна“,[8] под координација и покровителство на писателката Ивана Кузмановиќ.[9] Издавачката куќа „Прометеј” од Нови Сад помогнала збирката да се претстави пред читателите на Меѓународниот саем на книги во 2012 година во Белград, а во 2013 година, со помош на Здружението на писатели „Седмица”, збирката е претставена на најголемиот саем на книги на светот, во Франкфурт.

Антологии и зборници уреди

  • Антологија Најубави љубовни песни на српските поетеси (99 српски поетеси – од монахињата Јефимија до најмладата Ана Илиќ),
  • Антологија на современи поети на 21 век, во едицијата Поезија на мислите: Соништа посеани со иње, издадена по повод 120 години од раѓањето на Сергеј Есенин,
  • Антологија на книжевното творештво на Владичин Хан,
  • Јубилејно издание на списанието за книжевност, уметност и култура „Градина”,
  • Едиција Искри на љубовта издание од 2012 година, по повод 100 години од раѓањето на Саша Божовиж, воен лекар, хуманист и автор на романот „За тебе моја Долорес”,
  • Списание за уметност и култура „Ѕвезден Колодвор”,
  • Списание за книжевното минато и иднината во Босна и Херцеговина „Наследство” и интернационалните зборници: „Меѓу два света”, „Поетско ќоше”, „Насмевка животот го краси”, „Море на дланка” (Хрватска), „Осветлување”.

Расказот на Ана Илиќ „Собирање на љубов” објавен е во петтата книга „Не оставај ме”, од серијот „За кучињата и луѓето” на авторите Ратко Божовиќ и Маријана Рајиќ.

Преведени песни уреди

  • Девет песни, преведени на англиски јазик, се објавени во најстариот српски весник во САД „Американски Србобран” што е основан во Питсбург, во 1905 година, каде и денас се издава еднаш неделно. Песните ги превела Мира Матариќ, доктор на лингвистички науки и светска книжевност.
  • Преведени се песни на полски јазик и заедно со нејзината биографија се објавени на мрежното место: „Поезија, Поезија” каде се претставуваат творци од земјите на источна Европа.

Награди и признанија уреди

  • Наградена е на книжевниот конкурс „Зборови во боја” во организација на Канцеларијата за млади од Врање,
  • Добитник е на првата годишна награда на Националната организација за ретки болести во Србија за придонес во ширењето на свеста за ретките болести,
  • Добитник е на Светосавското признание (2013) и признанието Кнез Лазар (2014) – за унапредување на културното творештво на општина Владичин Хан,
  • Носител е на Вукова диплома во школската 2013/14 година, на гимназијата „Јован Скерлиќ”,
  • Од април 2015 година новооснованиот книжевен клуб во Владичин Хан го носи името на оваа поетеса: „Књижевен клуб Ана Илиќ”.[10]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Ana Ilić, Reč koja leči“. OK Radio. 16 февруари 2016. Посетено на 18 јануари 2017.
  2. Milenković, Zorica (1 декември 2015). „Ana Ilić pod svetlom istine ostvaruje svoje snove“. City radio. Архивирано од изворникот на 2018-12-30. Посетено на 19 јануари 2017.
  3. „Ana Ilić, iako boluje od Fridrajhove ataksije uspešna je studentkinja i pesnikinja“. Vladičin Han vesti. 19 јануари 2017. Посетено на 19 јануари 2017.
  4. „Humanost pod svetlom istine“. Vesti online. 2 февруари 2012. Посетено на 19 јануари 2017.
  5. „Ana Ilić predstavlja novu knjigu u rodnom Vladičinom Hanu“. Južne vesti. 23 јуни 2015. Посетено на 19 јануари 2017.
  6. „Ана Илић-Оне звездане очи“. РТВ Врање. 27 мај 2015. Посетено на 19 јануари 2017.
  7. „Песме“. Ана Илић. Посетено на 19 јануари 2017.
  8. „Lagunini autori u humanitarnoj akciji za Anu Ilić“. Laguna. Посетено на 19 јануари 2017.
  9. „АНА ИЛИЋ - ПОД СВЕТЛОМ ИСТИНЕ“. Српска кућа. Архивирано од изворникот на 2017-01-31. Посетено на 19 јануари 2017.
  10. „Književni klub "Ana Ilić" raspisao konkurs za najbolju pesmu“. Jugmedia. 23 јуни 2016. Посетено на 19 јануари 2017.