Анастасиј II (грчки: Ἀναστάσιος Β΄ Ἀρτέμιος) бил византиски цар кој владеел во периодот од 713 до 715 година.

Анастасиј II
Византиски цар
На престол713–715
ПретходникФилипик Вардан
НаследникТеодосиј III
Починал(а)719
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Пред да биде крунисан како цар, Анастасиј бил голем великодостојник во царскиот двор. Армијата во тема Опсикион, Тракија, која започнала со востание против царот Филипик Вардан го прогласила на Артемиј за цар под името Анастасиј. Откако Филипик бил заробен и ослепен од заговорници во царската палата, тој бил соборен од власт и Анастасиј по ова дошол во престолнината Цариград. Анастасиј II го задржал името "Артемиј" кое се гледа од печатените монети на кои пишува ARTEMIUS ANASTASIUS.

Анастасиј II ја поддржувал православната фракција и го симанл од престолот на Јован VI Цариградски кој бил поставен од неговиот претходник. Откако не успеал да го врати мирот со Арапите, тие започнале со напади против Византија по море и копно. Анастасиј започнал подготовка на воен поход за заштита на Галатија.

Иако се обидел да ја стабилизира империјата, Анастасиј II наметнал строга дисциплина, тој управувал по волјата на армиските делови на империјата и по двегодишна власт бил соборен од нив во корист на Теодосиј III, избран за цар повторно во Опсикион. Анастасиј бил принуден да абдицира и да стане монах по кое бил прогонет во манастир во Тесалија. Во 719 или 720/1 година се обидел безуспешно да го собори од престолот на цар Лав III Исавријанин и побарал помош на Бугарите, но бил предаден, заробен и обезглавен по наредба на царот Лав.

Надворешни врски уреди