Анархосиндикализам

Анархосиндикализам — гранка на анархизмот со фокус на трудовото движење. Анархосиндикалистите гледаат на анархосиндикализмот како потенцијална сила за револуционерна општествена промена, заменувајќи ги капитализмот и државата со ново општество кое ќе биде демократски самоуправувано од работниците. Анархосиндикалистите сакаат да го напуштат наемниот систем, сметајќи го за наемно ропство, како и да ги напуштат државната или приватната сопственост над средствата за производство бидејќи водат до класни поделби. И покрај тоа што анархосиндикализмот се јави на почетокот на дваесеттиот век, тој останува популарна и активна школа на анархизмот и денес има многу поддржувачи како и многу активни организации. Анархосиндикалистичките синдикати се разликуваат меѓусебно во економските системи, вообичаено станува збор за колективистички анархизам или анархокомунизам. Историски гледано анархосиндикалистите најчесто се идентификувале како анархокомунисти (на пример Луси Парсонс) или анархоколективисти (како Буенавентура Дурути).

Особености уреди

 
Анархосиндикалистичко знаме

Основните принципи на анархосиндикализмот се работничката солидарност, директната акција и работничкото самоуправување. Работничката солидарност значи дека анархосиндикалистите сметаат дека сите работници, без разлика на нивната полова или етничка припадност, во поглед на нивните шефови тие се класно свесни. Понатаму, тоа значи дека во капиталистичкиот систем било која добивка или загуба на работниците од шефовите ќе има влијание над сите работници. Оттаму за да се ослободат самите, сите работници мора да се поддржуваат во нивниот класен конфликт. Анархосиндикалистите сметаат дека само директна акција, т.е. акција сконцентрирана директно на постигнување на одредена цел, ќе им овозможи на работниците да се ослободат. Спротивно на тоа е индиректната акција, како на пример избирање на претставник во власта. Анархосиндикалистите сметаат дека работничките организации, организациите што се борат против наемниот систем, и во кој, во анархосиндикалистичката теорија, евентуално ќе ја формира основата на новото општество, треба да бидат самоуправувани. Тие не треба да имаат шефови или бизнис агенти, наместо тоа работниците треба да бидат во можност да одлучуваат за сите работи кои се однесуваат за нив.

Рудолф Рокер беше еден од најпопуларните гласови на анархосиндикалистичкото движење. Тој се посвети себеси на организирање на еврејските емигрантски работници во East End на Лондон и го поведе штрајкот на работниците за облека во 1912 година. Тој ги подвлече корените на движењето, целите, и зошто е важно тоа во иднината на трудот, во неговиот памфлет од 1938 со името Анархосиндикализам. Во неговото дело Анархизам и анархосиндикализам, Рокер укажува на тоа дека анархосиндикалистичкиот синдикат има двојна цел,

1. Да ги засили барањата на производителите за чување и за подигнување на нивниот стандард на живеење;


2. Да ги запознаат работниците со техничкото управување на производството и економскиот живот воопшто и да ги подготват за заземање на социо-економскиот организам во нивни раце и да го обликуваат според социјалистичките принципи“. Накратко, да се постават темелите на новото општество „во школката на старото.


Сè до Првата светска војна и Руската револуција, анархосиндикалистичките синдикати и организации беа доминантни глумци во револуционерната левица.

Историја уреди

Хаберт Лагардел напиша дека Пјер Жозеф Прудон ги постави темелните теории на анархосиндикализмот, преку одбивањето на Државата и капитализмот, потсмевањето на политичката власт, неговата идеја на слободни и автономни економски групи, неговите видувања на борба, а не пацифизам, како јадро на човештвото. Најраните изрази на анархосиндикалистичка структура и методи беа формулирани во Интернационалната работничка асоцијација или Првата интернационала, особено во Јура федерацијата. Првата интернационала сепак се подели во две струи кои се разликуваа во политичката и парламентарната акција: слободарското крило претставувано од Михаил Бакунин и државничкото крило претставувано од Карл Маркс. Пропонентите на слободарското крило ќе продолжат со влијанието над трудовите движења во Шпанија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Јужна Америка, додека ортодоксните марксисти ќе формираат труд заснован на масите и социјалдемократските партии низ цела Европа (групирани околу Втората интернационала), со главни седишта во Германија и Англија. Некои марксисти, како Антон Панекоек, ќе формулираат позиции многу слични со анархосиндикализмот преку Советничкиот комунизам (види Анархизам и Марксизам). Во 1895 Confédération Générale du Travail во Франција ќе ја изрази во целост организациската структура и методите на револуционерниот синдикализам, така влијаејќи на многу трудови движења ширум светот. CGT беше моделиран на развојот на трудовата размена, работничка централна организација која ќе поттикнува самообразование, взаемна помош, и ќе ја олесни комуникацијата помеѓу локалните работнички синдикати. Преку генерален штрајк, работниците ќе ја заземат контролата над индустријата, услугите, така ќе формираат самоуправно општество и ќе го олеснат производството и потрошувачката преку трудовата размена. Charter of Amiens усвоен од CGT во 1906, претставува клучен текст во развојот на револуционерниот синдикализам, одбивајќи го парламентаризмот и политичката акција за сметка на револуционерната класна борба. Централната организација на работниците од Шведска SAC (На шведски Sveriges Arbetares Centralorganisation), формиран 1910, се значаен пример на анархосиндикалистички синдикат кој има попримерно влијание од CGT. Денес SAC е еден од најголемите анархосиндикалистички синдикати во сооднос со населението на државата. Истовремено американецот Даниел де Леон ја формулираше неговата програма на Социјалистичката индустриска унија, која сѐ уште е предлагана од неговата Социјалистичка трудова партија. Де Леон и СЛП ја сметаат програмата за социјалистичка, но јасно е дека таа е анархосиндикалистичка.

 
Канцелариите на CNT во Барселона

Интернационалната работничка асоцијација, формирана во 1922, е меѓународна анархосиндикалистичка федерација на различни трудови синдикати од различни земји. Во својата кулминација, Интернационалната работничка асоцијација претставува милиони работници и се натпреварува директно за срцата и умовите на работничката класа со социјалдемократските синдикати и партии. Шпанската Confederación Nacional del Trabajo играше важна улога и сѐ уште игра главна улога во трудовото движење во Шпанија. Таа исто така беше важна сила во Шпанската револуција, организирајќи работнички милиции и олеснувајќи ја колективизацијата на широки секции на индустриската, логистичката и комуникациската инфраструктура, особено во Каталонија. Друг анархосиндикалистички синдикат од Шпанија е Confederacion General del Trabajo de España, кој сега е најголемиот синдикат во Шпанија како и најголемиот анархистички сојуз со десетици илјади членови. Индустриските работници на светот иако не е експлицитно анархосиндикалистичка организација, беше формирана од развоите на поширокото револуционерно синдикалистичко милје на почетоците на XX век. На основачкиот конгрес, во 1905, влијателните членови со силни анархистички и анархосиндикалистички симпатии како Томас Хагерти, Вилијам Траутман и Луси Парсонс придонесоа на синдикатот пореволуционерна ориентација. Луси Парсонс, особено, беше ветеран во организирање на анархистички синдикат во Чикаго од претходната генерација, со учество во борбата за 8 часовниот работен ден во Чикаго и последователните серии од настани кои станаа познати под името Хајмаркетски немири во 1886.

Појавување од револуционерниот синдикализам уреди

Иако термините анархосиндикализам и револуционерен синдикализам често се користат еден наместо друг, анархосиндикалистичката етикета не беше широко користена сè до 1920-тите. Терминот анархосиндикалистички стана широко употреблив во 1921 и 1922 кога беше применет полемички како пејоратив од страна на комунистите за сите синдикалисти кои се спротивставуваа на зголемената контрола на синдикализмот од страна на комунистичките партии. Всушност, оригиналниот текст на целите и принципите на Интернационалната работничка асоцијација (1922) не се однесува на анархосиндикализмот, туку на револуционерниот синдикализам. Употребата на терминот анархосиндикалистички значи зголемување на јазот помеѓу пропонентите на ортодоксниот, политички Марксизам и синдикалистите кои предлагаа комплетна независност од политичките партии после Руската револуција, како и преместувањето во повеќе политичка доктринарна верзија на синдикализмот. Како широка идеолошка насока, пред Првата светска војна и Болшевичкото освојување на власта во Русија, револуционерниот синдикализам имаше во своите редови бројни левичарски тенденции заедно обединети на класна основа без официјална етикета, како што е подвлечено во Charter of Amiens.

Односи со партиски политики уреди

Анархосиндикалистичката ориентација со многу рани американски трудови синдикати играа значајна улога во формацијата на американскиот политички спектар, меѓу најзначајните е Индустриските работници на светот. САД е единствената држава каде што нема главна трудова политичка партија. Ова не било секогаш случај. Во 1912, на пример, Јуџин Дебс (еден од основачите на Индустриските работници од светот) имаше 6% од гласањето како претседателски кандидат на Социјалистичката партија, тоа е значителен дел од гласовите ако се земе предвид дека тоа се случи 8 години пред Еднаквото право на глас во САД. Некои политиколози од САД сметаат дека недостатокот од Американска трудова партија се должи на изборниот систем кој се стреми да биде двопартиски. Овој феномен понекогаш се нарекува и Закон на Даверџер. Контроверзно, Confederación Nacional del Trabajo учествуваше во владата на Шпанскиот народен фронт за време на Шпанската револуција. Во ноември 1936, четири анархистички министри ги прифатија позициите во власта. Тоа беа Гарсија Оливер, Федерика Монцени(првата жена министер во Европа), Хоан Пејро и Хуан Лопес. Овој потег беше критикуван од страна на многу групи како Пријателите на Дурути.

Критики и одговори уреди

Анархосиндикализмот е критикуван како анахроничен од некои современи анархисти. Мјуреј Букчин во 1992 зборува против потпирањето врз застарен поглед кон работата:

Колку и да изгледа „практичен“ и „реалистичен“ анархосиндикализмот, тој претставува според мене архаична идеологија вкоренета само во тесните економски поимања на буржоаските интереси, навистина секторијален интерес како таков. Тој се потпира на упорноста на општествените сили како фабричкиот систем и традиционалната класна свест на индустрискиот пролетеријат што радикално избледуваат од Евро-Американскиот свет во ера на општествени односи кои не може да се дефинираат, како и толку широки општествени проблеми како никогаш досега. Пошироки движења и прашања сега се наоѓаат на хоризонтот на модерното општество кое, секако мора да ги вклучи и работниците, бара перспектива поголема од фабриката, синдикатот и пролетерската ориентација.


Анархосиндикалистот Јуџин Варлин го брани анархосиндикализмот:

огромна предност што им дава на луѓето групен живот и оттука ги подготвува за проширени општествени организации. Тие не само што се навикнуваат на тоа луѓето да живеат во слога, туку и да се разберат едни со други, како и да се организираат самите, да дискутираат и да резонираат од колективна перспектива. И дека синдикатите од природните елементи на општествениот изградба на иднината; тоа се тие кои лесно може да бидат трансформирани во производствени асоцијации; тоа се тие кои може да ги направат локалните состојки и да ја организираат производствената работа.


Некои анархосиндикалисти ја одбиваат потребата од политичка организација и многумина денес сметаат дека синдикатската активност ќе доведе до федеративна активност помеѓу слободните работници:

Револуционерниот синдикализам базирајќи се на класната војна, не само што цели на сојуз на сите интелектуални и не-интелектуални работници во економски борбени организации, туку и се бори за нивната еманципација од јаремот на наемното ропство и од угнетувањето на Државата. Неговата цел се состои во реорганизација на општествениот живот врз основа на слободниот комунизам, преку средства на револуционерна акција на самата работничка класа. За него се смета дека економската организација на пролетеријатот е доволна за реализирање на оваа цел и, последователно, неговиот апел е адресиран до работниците во нивните капацитети на производство на општествени добра, во спротивност на модерните политички трудови партии кои никогаш не може да сметаат од гледна точка на економска реорганизација.


Директната акција како еден од столбовите на анархосиндикализмот, ќе се прошири во политичката сфера според поддржувачите на анархосиндикализмот. За нив работничкиот совет е федерација на сите работни гранки на сите индустрии во одредена географска област, „територијалната основа за организирање на врски за сите работници од една област до друга е работничката солидарност пред и после корпоративната солидарност.“ Како што вели Рудолф Рокер: „засновано на принципите на федерализмот, на слободна комбинација од дното нагоре, ставајќи го правото на самоодлучување на секој член над се и реорганизирање на единствениот органски договор на сите врз основа на слични интереси и заеднички убедувања.“

Оттука анархосиндикализмот не е аполитичен, но гледа на политичката и економската активност како на едно исто. И, за разлика од некои критичари, анархосиндикализмот е различен од реформистичкиот синдикализам, во тоа што се стреми целосно да го уништи капитализмот.

Анархосиндикализмот има двојна цел: Со неуморната упорност да бара подобрување на моменталните услови на работничката класа. Но, без да опсесија за оваа минлива грижа, работниците треба да се погрижат да го направат возможен и иманентен суштинскиот акт на разбирлива еманципација: експропријацијата на капиталот.


Додека колективистичките анархисти и анархокомунистите го критикуваат синдикализмот за потенцијалното исклучување на граѓаните и потрошувачите од синдикатите, анархосиндикалистите сметаат дека трудовите совети ќе работат надвор од работните места и внатре во заедницата за да ја охрабрат заедницата и учеството на потрошувачите во економските и политичките активности (дури и работници и потрошувачи надвор од синдикатите) и ќе работат на формирање и одржување на институциите потребни во секое општество како училиштата, болниците, библиотеките, домовите, итн. Мјуреј Букчин вели:

истовремено додека синдикализмот го засилува овој ублажувачки притисок од капитализмот, се обидува да изгради нов општествен ред внатре во стариот. Синдикатите и трудовите совети не се само средства на борба и инструменти на општествената револуција; тие се исто така и самата структура околу која ќе се гради слободното општество. Работниците ќе се образуваат (преку нивните сопствени активности внатре во синдикатот) во работата на уништувањето на стариот сопственички ред и задачата на конструирање на бескласно, слободно општество. Двете одат заедно.


Во популарната култура уреди

Во филмот „Монти Пајтон и Светиот грал“ па има сцена каде Кралот Артур се среќава со жители од анархосиндикалистичка комуна во средновековна Англија.