Ананд „Сеч“ Сатјананд (англиски: Anand "Satch" Satyanand GNZM, р. 22 јули 1944 во Окленд) — поранешен генерален гувернер на Нов Зеланд. Пред тоа бил правник, судија и народен правобранител.

Почитуван

Сер Ананд Сатјананд

GNZM QSO, KStJ
XIX Генерален гувернер на Нов Зеланд
На должноста
23 август 2006 – 31 август 2011
Монарх Елизабета II
Премиер Хелен Кларк
Џон Ки
Претходник Силвија Картрајт
Наследник Џери Матепарае
Лични податоци
Роден(а) 22 јули 1944(1944-07-22)(79 г.)
Окленд, Нов Зеланд
Сопружник Сузан Шарп, QSO
Установа Оклендски универзитет
Професија правник
судија
народен правобранител
Вероисповед католик[1]

Дошол на местото на Дејм Силвија Картрајт како генерален гувернер на Нов Зеланд на 23 август 2006. Првиот нацрт-закон на кој тој дал Кралска согласност бил „Coroners Bill“[2]. На функцијата се задржал до 31 август 2011, кога на гувернерското место дошол генерал полковник Сер Џери Матепарае, дотогашен началник на вооружените сили.

Сатјананд е првиот Генерален гувернер на Нов Зеланд од неевропско потекло и првиот кој нема витештво или дејмство. По скорешните промени, со земање на титулата Генерален гувернер, тој ја задржува титулата Почесен за цел живот [1] Архивирано на 27 септември 2007 г.. Сатјананд е и првиот римокатолик на оваа функција. [2] Архивирано на 27 септември 2007 г.

Роден е и израснал во Окленд во индо-фиџијанско семејство, со тоа што неговите баба и дедо се преселиле во Фиџи од Индија во 1911 год.

Сатјананд се обарзувал на Оклендскиот универзитет каде завршил право во 1970. Во текот на следните 12 години работел како правник, меѓу другото и во Јавното обвинителство.

Во 1982 бил поставен за окружен судија. Во 1995 бил назначен за народен правобранител и служел два рока од по 5 години. Помеѓу 2005 и гувернаторството, претседавал со Доверливиот Форум на некогашни пациенти-станари на психијатарските болници.

На 30 ноември 2006 бил домаќин на средба помеѓу тогашниот Премиер на Фиџи Лаисенија Карасе и командантот на војската, комодор Френк Баинимарама во Управниот дом во Велингтон, во обид за разрешавање на влошената состојба во Фиџи. Иако тој бил домаќинот, Сатјананд не учествувал во преговорите, туку на чело стоел Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс.[3] Сатјановиот гамбит била последната сериозна усилба од меѓународната заедница за спречување на воениот пуч кој следел на 5 декември.

Оженет е и има три возрасни деца.

Наводи уреди

Наводи уреди

  1. „Кралицата му одобри на католик да стане нов генерален гувернер на Нов Зеланд“. Католички вести. 5 април 2006. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 22 август 2007. (англиски)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-09-02. Посетено на 2007-01-11.
  3. „Питерс вели дека преговорите за ситуацијата во Фиџи се конструктивни“. Оклендска фиџијанска заедница. 30 ноември 2006. Архивирано од изворникот на 2007-12-04.
Претходник
Дејм Силвија Картрајт
Генерален гувернер на Нов Зеланд
2006-2011
Наследник
Џери Матепарае