Амфипол

древен град во Зихненско, Егејска Македонија

Амфипол ― значаен антички град во областа Бисалтија, на утоката на реката Струма (тогашен Стримон).[1]

Остатоци од утврдувањето кај Амфипол и древниот Амфиполски мост.
Карта на Амфипол и околината

Географска положба и основање уреди

 
Монетоковање од Амфипол - Прва македонска мерида

Сместен е во плодородна рамнина и со значајна стратегиска позиција. Основан е како атинска колонија, која Филип Ⅱ ја освојува во 357 година пр.н.е. Градот станува еден од најзначајните македонски пристаништа на Егејското Море, центар за експлоатација на пангејските рудници (за злато и сребро) и центар за трговија со Тракија. Под римска власт (од 148 г. пр.н.е.) е главен град на Првата македонска област, а по примањето на христијанството е епископско седиште. Забележан во римските итинерарии и во Табула Поинтегериана како раскрсница на Вија Егнација. Останува значаен град до крајот на антиката. Градот е познат како еден од првите епископски седишта, кого уште во Ⅰ век од нашата ера со христијанската мисија го посетува апостол Павле.[1][2]

 
Амфиполскиот лав
 
Мозаична претстава на Грабнувањето на Персефона од Плутон, со претстава на Филип и Олимпија Македонски.

Музеј уреди

Наодите од древниот град се претставени во Ениќојскиот археолошки музеј на извесно растојание од наоѓалиштата.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „АМФИПОЛ - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-27. Посетено на 2021-12-27.
  2. Дела Ап. 17 | MNT Библија | YouVersion.

Надворешни врски уреди

Древната гробница во Амфипол(ис) не е изградена, туку е природен рид Архивирано на 27 декември 2021 г.