Амурски леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Пантери
Вид: Леопард
Подвид: Амурски леопард
Триномен назив
Panthera pardus orientalis
Schlegel, 1857
Распространетост на амурскиот леопард
Синоними

Panthera pardus amurensis

Амурскиот леопард (науч. Panthera pardus orientalis), познат и под името кинески леопард или сибирски леопард — вид од родот пантери (Panthera) од семејството на мачките (Felidae) кој живее на рускиот Далечен Исток (на мала територија помеѓу Русија и Кина). Овој вид е еден од најретките видови на мачки во светот, и се проценува дека постојат само уште 30-35 единки. Меѓународниот сојуз за заштита на природата го прогласил амурскиот леопард за критично загрозен вид, што значи дека му се заканува опасност од изумирање во дивината.

Особености уреди

Од осумте подвида на леопардот, амурскиот подвид има најразлична шара на крзното. Има жолтеникава боја (поготово за време на летниот период) и широко распространети розети со дебели црни прстени и темен центар. Должината на влакната варира од 2,5 сантиметри во лето до 7,5 сантиметри во зима. Очите на амурските леопасрди се светли со синозелена боја.

Однесување уреди

Мажјаците амурски леопард тежат од 32-48 килограми, со исклучоци кои достигнуваат тежина и до 60-75 килограми. Женките се помали и тежат од 25-43 килограми.

Главен плен на овој подвид е елен сика и срна, како и зајци и јазовци.

Овој подвид се среќава со потешкотии во регионите каде живеалиштето го дели со тигарот, но ова ретко се случува на територијата на Русија. Истражувањата покажале дека зголемената популација на тигрите во југозападниот дел, не влијае негативно на популацијата на леопардот.

Амурските леопарди во зоолошките градини најмногу раѓаат млади кон крајот на летото и почетокот на есента. По носењето кое трае околу 12 недели, младенчињата се раѓаат во легла од 1-4 единки (со просек од 2 мачиња). Младите леопарди остануваат со мајката и до две години додека не станат независни. Првото парење кај женките е на возраст од 3-4 години.

Во дивината леопардите живеат 10-15 година, но во заробеништво достигнуваат и 20 годишна возраст.

Опасности уреди

  • Ловокрадство

Нелеглани ловци се и сиромашните локални селани но и скоро збогатени руси, најмногу од градот Владивосток, како и кинези кои нелегално ја преминуваат границата. Од 2002 година, во Русија се пронајдени 9 кожи или тела од амурски леопарди жртви на ловокрадстовото, а најмалку две единки се убиени во Кина.

  • Уништување на природното живеалиште

Шумите во кои живеат овие леопарди полека ги снемува како последица на честите пожари. Локалните селани ги почнуваат пожарте поради бројни причини, но најмногу за да го стимулираат растењето на папрати кои се популарна состојка во исхраната кај русите и кинезите.

  • Негативното влијание на мала популација

Загубата на генетскиот диверзитет кај малата и изолирана амурска популација претставува голем проблем кој може да доведе до депресија. Сепак досегашните резултати се нецелосни и потребни се дополнителни истражувања на оваа тема пред да бидат донесени заклучоци.

Заштитен статус уреди

 
Амурски леопард во зоолошката градина во Филаделфија
 

Во последната декада направен е доста значаен напредок во заштитата на тигрите и амурските леопарди од овој регион. Коалиција на 13 меѓународни и руски невладини организации ја создале АЛТА (Алијанса за амурскиот леопард и тигарот). На далечниот исток фондцијата Феникс предводи рани активности анти-ловокрадство и уништување на животната средина, додека АЛТА е одговорана за подигање на свеста кај јавноста и научни истражувања. Членовите на АЛТА веќе долги години соработуваат на развивање, финансирање и имплементирање на проектите за заштита во Русија и Кина. WWF исто така учествува во заголемување на заштитата на овој вид.

Сепак, една од последните женки е убиена кон средината на април 2007 година[1] во националниот парк Барсови, со што бројот на женки амурски леопард се намалил на само 7 единки[2].

Зоолошките градини во кои живеат 150-200 единки (според пребројувањата во 2000 година), можеби се единствената надеж за прежувување на овој редок подвид.

Наводи уреди

  1. (француски) „L'un des derniers léopards de l'Amour tué“. www.cyberpresse.ca. 24 април 2007. Архивирано од изворникот на 2008-04-29. Посетено на 7 септември 2008.
  2. (француски) „Un des derniers léopards de l'Amour a été abattu par un braconnier“. www.futura-sciences.com. 25 април 2007. Посетено на 7 септември 2008.

Надворешни врски уреди