Амстел Голд Рејс 2019

54. издание на велосипедската трка

Амстел Голд Рејс 2019 — 54. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс, која се одржала на 21 април како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Амстел Голд Рејс 2019
Детали за трката
Издание54. Амстел Голд Рејс
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2019 1.UWT
Датум21 април 2019
Растојание265,7 км
ДржаваNED Холандија
ПоаѓалиштеМастрихт
ОдредиштеБерг ен Терблејт
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај109
Просечна брзина41,06 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникNED Матје ван дер Пул (Корендон-Циркус)
ВторопласиранAUS Сајмон Кларк (ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг)
ТретопласиранDEN Јакоб Фуглсанг (Астана)
◀20182021▶
Документација

Трката била освоена од Матје ван дер Пул.

Екипи уреди

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[3]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Фаворити пред трката уреди

Главни фаворити пред трката биле Матје ван дер Пул, кој требало да го има своето деби на Амстел Голд Рејс и Жилијан Алафилип. Обајцата веќе биле успешни во почетокот на сезоната, каде Ван дер Пул ги освоил Дварс дор Вландере и Брабантсе Пејл, а Алафилип ги освоил Страде Бјанке и Милано-Санремо. Други возачи како фаворити биле Мајкл Метјус, Петер Саган, Максимилијан Шахман, Алехандро Валверде и Јакоб Фуглсанг, како и поранешните победници Филип Жилбер и Михал Квјатковски.[4] Бранителот на титулата, Михаел Валгрен, исто така ќе учествувал, но не бил сметан за фаворит, поради разочарувачкиот почеток на сезоната.[5]

Извештај од трката уреди

На почетокот на трката се одвоило бегство од 11 возачи од главната група. Нивното водство пораснало до осум минути пред екипата на Јакоб Фуглсанг, Астана, да го забрзаат темпото во главната група. Матје ван дер Пул бил прв од фаворитите да нападне на 43 километри до целта, заедно со Горка Исагире, но нивниот обид бил осуетен набрзо потоа. Жилијан Алафилип бил следниот што нападнал набрзо откако раното бегство било достигнато, придружуван од Фуглсанг и Матео Трентин. Трентин не можел да ги следи другите двајца и нему му се приклучил Михал Квјатковски, со група на потера во која се наоѓале поголемиот дел од фаворитите малку зад нив.

По завршното качување на Кауберг, Алафилип и Фуглсанг имале водство од 30 секунди пред другите двајца и скоро минута пред групата зад нив. На 3 километри до целта, нивното водство било до 40 секунди пред Квјатковски, кој го оставил Трентин зад него. Тогаш двајцата напред престанале да соработуваат еден со друг, обидувајќи се да ја зачуваат енергијата за нивниот завршен спринт. Меѓутоа, тие биле достигнати во последниот километар, најпрвин од Квјатковски, а потоа и од групата предводена од Ван дер Пул. Во претстојниот спринт, Ван дер Пул се покажал најсилен, додека местата на подиумот биле земени од Сајмон Кларк и Фуглсанг.[6][7]

Поредок уреди

Завршен пласман уреди

[8]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Матје ван дер Пул Корендон-Циркус6ч 28' 18
2.   Сајмон Кларк ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 0
3.   Јакоб Фуглсанг Астана+ 0
4.   Жилијан Алафилип Декојнинк-Квик Степ+ 0
5.   Максимилијан Шахман Бора-Хансгрое+ 0
6.   Бјорг Ламбрехт Лото-Судал+ 0
7.   Алесандро Де Марки ССС+ 0
8.   Валентен Мадуа Групама-ФДЖ+ 0
9.   Ромен Барде АГ2Р Ла Мондијал+ 0
10.   Матео Трентин Мичелтон-Скот+ 0
Извор: ProCyclingStats


Список на учесници уреди

Наводи уреди

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. Посетено на 23 октомври 2018.
  2. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  3. „Roompot-Charles en Corendon-Circus welkom in Amstel Gold Race“. 6 февруари 2019.
  4. Long, Jonny (21 април 2019). „Who are the bookies' favourites to win the Amstel Gold Race 2019?“. Cycling Weekly. Посетено на 6 ноември 2019.
  5. „Amstel Gold Race 2019 – Preview“. Cyclingnews.com. 19 април 2019. Посетено на 6 ноември 2019.
  6. Fletcher, Patrick (21 април 2019). „Mathieu Van der Poel wins Amstel Gold Race“. Cyclingnews.com. Посетено на 6 ноември 2019.
  7. Long, Jonny (21 април 2019). „Mathieu van der Poel ambushes Alaphilippe to win Amstel Gold Race 2019“. Cycling Weekly. Посетено на 6 ноември 2019.
  8. „Амстел Голд Рејс 2019“. ProCycling.

Надворешни врски уреди