Амок (германски: Der Amokläufer) - новела на австрискиот писател Штефан Цвајг од 1922 година.

Содржина уреди

Во март 1912 година, во пристаништето во Неапол пристигнува прекуокеанскиот брод „Океанија“. Ноќта, за време на истоварувањето на товарот се случува необичен настан: еден ковчег потонува во морето, а истовремено е пронајден и трупот на еден давеник. Читајќи ги весниците, еден патник се присетува дека на бродот сретнал непознат човек, кој го замолил никому да не кажува за неговото присуство на бродот. Истовремено, чудниот човек со очила му ја раскажал својата животна приказна:

Тој бил познат лекар кој поради една жена направил финансиска проневера во болницата, поради што ја загубил работата и заминал во Индија, каде работел во болницата во едно запуштено село. Еднаш, него го посетила една дама, со барање да ја прекине нејзината двомесечна бременост, нудејќи му многу пари за услугата. Привлечен од жената, лекарот се согласил да го изврши абортусот, но во замена за сексуален однос, по што жената веднаш си заминала. Тогаш, лекарот полудел и почнал да трча по неа, а потоа заминал во нејзиниот град, со намера да ѝ помогне. Меѓутоа, налутената жена воопшто не сакала да разговара со него, наспроти сите негови очајни обиди. Неколку дена пред да пристигне нејзиниот сопруг, богатата дама се обидела да изврши абортус во една бедна колиба, при што започнала обилно да крвари. Нејзиниот слуга го повикал лекарот, но тој не можел да ѝ помогне и дамата умрела, молејќи го да не ја открие нејзината тајна. Поради тоа, лекарот направил лажен извештај за нејзината смрт. Тогаш, во куќата на починатата дошол нејзиниот млад љубовник, таткото на нејзиното дете, но лекарот му соопштил лажна верзија за причината на смртта. Подоцна, гонет од полицијата, тој тајно се качил на бродот „Океанија“ и при истоварувањето во Неапол го потопил ковчегот во морето, спречувајќи ја евентуалната аутопсија којашто би ја открила таната на дамата.[1]

 
Амок, корица од германското издание

Наводи уреди

  1. Štefan Cvjag, Fantastična noć - Amok. Beograd: Rad, 1963, стр. 71-126.