Американска академија на уметностите и науките

Американска академија на уметностите и науките (англиски: American Academy of Arts and Sciences) — независен истражувачки центар кој врши повеќедисциплински изучувања на сложени и престојни проблеми од разни области. Членовите на академијата се предводници во академските дисциплини, уметностите, деловното работење и јавниот сектор.

Американска академија на уметностите и науките
American Academy of Arts and Sciences
Лого на академијата
Гесло„Да се негуваат сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ.“
Основана4 мај 1780
Видистражувачки центар
Целповеќедисиплински изучувања на сложени и престојни проблеми
СедиштеКембриџ, Масачусетс, САД
Членство5.700+ активни членови
Мреж. местоamacad.org
Домот на академијата во Кембриџ, Масачусетс

Историја уреди

Академијата е основана во 1780 во Бостон за време на Американската револуција. Нејзини основачи се општествениците Џејмс Боудин, Џон Адамс и Џон Хенкок. Според повелбата, академијата има за цел да „[ги] негува сите уметности и науки кои би го унапредиле интересот, честа, достоинството и среќата на еден слободен, независен и доблесен народ“. Во основањето учествувал и правникот Роберт Трит Пејн и начелници на 58 месни заедници. Меѓу првите членови на академијата се вбројуваат разни истакнати дејци како Бенџамин Френклин, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Александар Хамилтон.

Дејност уреди

Денес академијата е сместена во Кембриџ, Масачусетс. Во состав на нејзината дејност, академијата приредува конференции, организира истражувачки проекти и го објавува тримесечникот Dædalus („Дедал“). Има околу 4.000 академици и 600 странски почесни членови. Околу 200 члена се добитници на Нобеловата награда.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

42°22′51″N 71°06′37″W / 42.380755° СГШ; 71.110256° ЗГД / 42.380755; -71.110256