Алфа Ромео е познат италијански производител на автомобили кој се прославил низ историјата во авто-спортот.[2] Компанијата е основана на 24 јуни 1910 г. во Милано.[3] Во мотоспортот е присутна уште од 1911 година. Од 1932-1986-година е во сопственост на државата, во 1986 година. станала членка на групацијата Фијат. Во февруари 2007 година дошло до реорганизација на групацијата ФИАТ, и таа станува Алфа Ромео автомобили А.Д.[4]

Алфа Ромео
ВидАкционерско друштво
ДејностАвтомобилска
ПретходникSocietà Anonima Italiana Darracq (SAID)
Основано24 јуни 1910 во Милано, Италија
ОсновачАлександар Дирак/Хуго Стела
Никола Ромео
Седиште,
Италија[1]
Опслужувани подрачја
Светско
Клучни личности
Џон Елкан (претседател)
Харалд Џ. Вестер (извршен одбор)
ПроизводиАвтомобили
Производствен обем
130 000 возила (2011)
СопственикФИАТ
Матично претпријатие
Автомобилска групација ФИАТ
Мреж. местоAlfaRomeo.com

Првобитната фирма подоцна била трансформирана во претпријатие со името САИД (Società Anonima Italiana Darracq). Била основана во 1906 година од францускиот државјанин Александар Дирак и група на италијански инвеститори. Со оглед на лошите резултати од продажбата на крајот од 1909 се формирала нова компанија под името А.Л.Ф.А (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili). Првиот модел, 24 hp ја здогледал светлината на денот во 1910 година, а бил дизајниран од страна на Џузепе Мероси и веднаш ја започнал својата „тркачка кариера“ на трката Тарга Флорио. Во 1915 година компанија ја преземал Никола Ромео, кој производствената цел и програма на фабриката ја наменил за потребите на војската. Во 1920 името на компанијата е сменето во Алфа Ромео, и под новото име бил правен нов модел на автомобили, Торпедо 20-30HP.

Актуелни модели уреди

Џулија Стелвио

Поранешни модели уреди

Наводи уреди

  1. „2008 полугодшен финансиски извештај/Алфа Ромео автомобили Торино, стр. 76“ (PDF). 2008. Посетено на 2009-06-18.
  2. „Алфа Ромео - Енциклопедија Британика“. library.eb.co.uk. Посетено на 2010-09-12.
  3. „Алфа Ромео слави 90 години постоење“. autoweb.com. 2000. Архивирано од изворникот на 2009-05-11. Посетено на 2009-01-09.
  4. „Алфа Ромео“. fundinguniverse.com. Посетено на 2009-01-09.

Надворешни врски уреди