Алтмарк (германски: Altmark) — историски регион во Германија, ја сочинува северната третина од Саксонија-Анхалт. Како првична територија на грофовијата Бранденбург, некогаш е именуван како „Лулка на Прусија“, бидејќи Ото фон Бизмарк потекнува од Шенхаузен близу Штендал.

Алтмарк кај Шерникау

Географија уреди

 
Топографија на Алтмарк

Алтмарк се наоѓа западно од реката Елба помеѓу градовите Хамбург и Магдебург, главно вклучувајќи ги сегашните окрузи Алтмаркрајс Залцведел и Штендал. На запад се наоѓа ридскиот масив Дравен и депресијата Дремлинг разделувајќи го од Линебуршкото поле во Долна Саксонија; Алтмарк се граничи и со регионот Вендланд на север и Магдебуршко Берде на југ. Источно од Елба се наоѓа историскиот регион Пригниц.

Населението е мало. Културниот пејзаж во рамките на Северноевропската низина е рурален и главно прекриен со шуми и полиња. Најголеми градови се Штендал, со население од 39.000 и Залцведел.

Најпозната личност, која потекнува оттука е канцеларот Ото фон Бизмарк, роден во Шенхаузен, во Алтмарк, на 1 април 1815.

Реки и езера уреди

 
Реката Аланд близу Ванцер

Регионот е поделен од Елба, на која ѝ се придружува Хафел кај Хафелберг и нејзините леви притоки Милде-Бизе-Аланд и реката Јецел.

Најголемото природно езеро во Алтмарк е Арендзе.

Сообраќај уреди

Патен уреди

Алтмарк се наоѓа надвор од главните сообраќајни правци. Bundesautobahn 14 води до Bundesautobahn 2 од Хановер до Берлин, меѓутоа завршува на север од Магдебург. Продолжувањето низ Алтмарк, па сè до Шверин е веќе испланирано. И покрај тоа, сојузните автопати B71, B107, B188, B189, B190, B248 поминуваат низ регионот.

Железнички уреди

Станицата Штендал е попатна станица на брзата железничка линија Хановер-Берлин. Други линии се:

Градови уреди

 
Скулптура во Штендал

Надворешни врски уреди

52°43′N 11°24′E / 52.717° СГШ; 11.400° ИГД / 52.717; 11.400