Алпски зајак 
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Зајаковидни
Семејство: Leporidae
Род: Lepus
Вид: L. timidus
Научен назив
Lepus timidus
Карл Лине, 1758
Распространетост

Алпскиот зајак спаѓа во класата цицачи, ред гризачи (RODENTIA). Тој уште е познат како Бел зајак[2], а негово латинско име е Lepus timidis L.

Распространетост уреди

Во подрачјета на Северна Европа, каде што зимскиот период е долготраен и му оневозможува опстанок на обичниот зајак, таму живее посебен вид - бел зајак. На високите подрачја на Алпите преовладуваат слични одлики како и во Северна Европа, па се има развиено посебен вид на зајак, наречен алпски зајак. На овој вид единствено подрачје на неговото распространување го прави појасот на Алпите над 1.200 метри надморска височина.

Опис уреди

Во летно време бојата ме е жолтеникаво-кафена, а во зима сосема бела, со црни петна на врвот од ушите. Ушите му се малку покуси отколку на обичниот див зајак, а во тежина е нешто полесен од него.

Како се исхранува уреди

Исхраната му е прилично поскромна отколку на обичниот зајак, бидејќи алпската вегетација, до која во зимно време тешко може да допре, и во другиот дел од годината е мошне скудна.

Размножување уреди

Се пари во март или април, а женката носи 38 дена. Годишно женката се коти од два до трипати, а бројот на младите во едно легло изнесува 2-5.

Наводи уреди

  1. Lepus timidus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на January 28, 2010.
  2. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978