Алиреза Фагани (персиски: عليرضا فغانى, роден на 21 март 1978 во Кашмер) — ирански фудбалски судија, кој суди во Про-лигата на Перискиот Залив и е меѓународен судија од 2008 година.

Алиреза Фагани
Роден 21 март 1978
Кашмер, Иран
Домашна
Години Лига Улога
2000–2008 Лига Азадеган фудбалски судија
2007– Про-лига на Персискиот Залив фудбалски судија
2017– Прва индонезиска лига фудбалски судија
Меѓународна
Години Лига Улога
2008– ФИФА[1] фудбалски судија

Фагани судел важни натпревари, како што се финалето на Азиската лига на шампиони 2014, финалето на Азискиот куп 2015, финалето на Светското клупско првенство во фудбал 2015 и финалето на олимпискиот турнир во 2016 година.

Признанија уреди

  • Ирански судија на годината: 2014 и 2017.
  • Азиски судија на годината: 2016.

Наводи уреди

  1. „FIFA Referee list“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2 мај 2010. Посетено на 31 март 2010.