Алигатори од канализацијата

Алигатори од канализацијата (англиски: Sewer alligator) е приказна која датира од касните 1920-ти и раните 1930-ти. Во повеќето случаи тие се дел на современите легенди. Тие се застапени во извештаите за сведочења за алигатори во прилично невообичаени места а најчесто во канализациите на Њујорк. После извештајот од 1930 дека во канализација живеат алигатори, ова станало современа урбана легенда[1].

Модел на алигатор од канализацијата.

Легенда уреди

Легендата вика дека кога многу богати фамилии се вратиле во Њујорк од одмор во Флорида тие донеле мали алигатори да им биднат миленичиња. Со тек на времето, алигаторите почнале да раснат и сопствениците сфатиле дека не можат да се грижат за нив па ги фрлиле во тоалет. Алигаторите наводно така дошле во канализација[2][3]. Што се случувало со тие алигатори тоа не е познато. Најчесто се зборува дека тие алигатори успеале да опстанат во канализацијата. Се зборува дека се хранеле со глувци и со ѓубре. Спрема приказните, тие растеле до огромни димензии и ги напаѓале радниците во канализациите[4].

Наводи уреди

  1. Suggestions that the alligators may have been albino
  2. Comments regarding the theory of alligators being brought up from Florida
  3. „site=http://www.delorenzosdugout.com/urbanlegends.htm Revenge of the poopy Sewer Gators“. Архивирано од изворникот на 8 април 2006. Посетено на 30 јуни 2014.
  4. Alligators in the Sewers - An Urban Legend

Надворешни врски уреди