Ален Лајтман (англиски: Alan Lightman) е Американски физичар и писател на романи и есеи. Роден е во Мемфис, Тенеси во 28 ноември 1946 година.

Ален Лајтман

Живот уреди

Роден е во Мемфис, САД во 1948 година. Татко му бил сопственик во кино, а мајка му танчерка со свое мало училиште за танцување. Уште како ученик бил опседнат подеднакво и со науката и со уметноста. „Колку што се сеќавам, во детството правев проекти за ракети и пишував поезија“, вели Лајтман. „Секогаш бев растргнат помеѓу тие два света“. Студира физика затоа што верува дека тоа е единствениот пат да се стане писател и да се навлезе во светот што постои оттаде реалноста. По дипломирањето, во 1974 година, докторира на тема од астрофизиката. Во периодот од 1976 година до 1978 година предава астрономија и физика на Харвард, а потоа, во 1989 година се префрла на МИТ каде што може да ги задоволи своите афинитети во физиката и во творечкото пишување - станува директор на Програмата за пишување и хуманитарни студии. Во есеите објавени во The New Yorker се обидува да ја објасни врската меѓу науката, уметноста и литературата.

Библиографија уреди

  • Модерен Јенки во суд во Конетикант (A Modern Day Yankee in a Connecticut Court, 1986)
  • Потекло (Origins, )
  • Време за ѕвездите (Time for the Stars, )
  • Добри идеи во физиката (Great Ideas in Physics, )
  • Ајнштајновите сништа, (Einstein's Dreams, 1993)
  • Добриот Бенито, (Good Benito, 1994)
  • Танц за двајца: Одбрани есеи, (Dance for Two: Selected Essays, 1996)
  • Дијагноза, (The Diagnosis, 2002)
  • Повторно соединување, (Reunion, 2003)
  • Осет за мистериозното: Науката и човечкиот дух, (A Sense of the Mysterious : Science and the Human Spirit, 2005)

Надворешни врски уреди