Алексо Стефанов со псевдоними Бај Гањо, Демирхисарски, Стрико Алексо[1] илиТома Христов[2]македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, демирхисарски војвода и член на Македонската револуционерна организација.

Алексо Стефанов
Роден 1869
Радово, Отоманско Царство (денешна МакедонијаМакедонија)
Починал 12 јули 1935
Софија, Бугарија

Животопис уреди

Мајката на Алексо умрела кога бил бебе, еден месец. Имал брат, Димитар, и две сестри, Ристана и Петкана, а татко му се викал Стефан. Откако татко му осиромашил, Алексо заминува за Битола, каде работи како помошник во фурна. Во Битола, не сакајќи убива еден Грк, па се враќа во родното село, а од таму заминува за Бугарија.

Дејноста во ВМОРО уреди

 
Четата на Алексо Стефанов. Прв во првиот ред (десно од војводата) е Стојче Летник од Крушево, кој загинал заедно со Тома Никлев во 1909 година.

Откако со својата група купува пушки и тргнува за Македонија, турската полиција ги прогонува и по кратка престрелка ги апси. Алексо ги наоѓа заробени и Славчо Ковачев, Тома Давидов и Борис Сарафов. Околу 1901 година, Тома Давидов го вклучува Стефанов во ВМРО. Алексо Стефанов влегува во четата на Тома Давидов, во која се вклучени и Димитар Јасенов, Иван Јасенов (внуците на Хаџи Димитар), Петар Тинев и други. Во село Брезово Алексо Стефанов и другарите се земени од Јордан Пиперката, каде заедно со четата на Ѓорѓи Сугарев, четниците станале 70 на број. Во село Магарево, четата се разделила, едниот дел заминува за Могила, битолско, а другиот дел на чело со Давидов, се упатила кон Буково, Дихово, Брусник, Лавци и Крстоар.

За време на Илинденското востание во 1903 година, Алексо Стефанов учествува во борбите кај Смилево, Цапари, Облаково и други села. По востанието, во 1904 година, Стефанов е четник во Благоевград и Малешевско. Во 1905 година станува помошник на битолскиот реонски војвода, Димче Сарванов, и дејствува во Демир Хисар со 13 души,[3] каде останува до Младотурската револуција, во 1908 година. Потоа е направен обид да биде убиен.[4]

 
Алексо Стефанов

По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Алексо Стефанов се пријавува како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети, и станува војвода на четата № 19, која дејствува во Битолско, а потоа во Втората балканска војна служи во Првата чета на Шестата охридска дружина.[3]

Дејноста во ВМРО уреди

По Првата светска војна Алексо учествува во возобновувањето на Организацијата и од 1920 до 1928 година е војвода на чета во Битолско и Охридско. Потпретседател е на Битолскиот окружен конгрес во 1923 година, каде бил избран за член на окружното тело заедно со Георги Поп Христов и Петар Шанданов.

Ванчо Михајлов го опишал со зборовите:

Тој стана многу познат меѓу македонските дејци, посебно поради извонредната духовитост. И сега се сеќавам на неговите забелешки за високиот технички напредок на Германицте, кои ги набљудувал во текот на Првата светска војна во Македонија: „Германецот е како пајак: кога оди, од позади му излегува жица.“[5]


Алексо Стефанов бил оженет со Христина Куртелева, учителка од Охрид, која исто така учествувала во револуционерното движење во Македонија. Во 1931 година, неколку години пред смртта, Бојан Мирчев во Софија ќе ги објави спомените на Алекса за „Револуционерната дејност во Демихисарско (Битолско)“.

Алексо Стефанов умира во 1935 година во Софија.

Наводи уреди

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 87
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 8, 13, 96.
  3. 3,0 3,1 https://mn.mk/makedonski-legendi/11541-Alekso-Stefanov
  4. Дебърски глас, година 1, брой 32, 7 ноември 1909, стр. 3.
  5. Михайлов, Иван. Спомени, том II, Льовен, 1965, стр. 157.