Александар Хлопонин

Александар Хлопонин (руски: Александр Геннадьевич Хлопонин, роден на 6 март 1965 во Коломбо, Шри Ланка) е руски политичар. Тој е поранешен гувернер на Краснојарскиот крај во Сибир. Од 19 јануари 2010 година станал Прв претставник на премиерот на Русија за Севернокавкаскиот федерален округ.

Александар Хлопонин
Прв претставник на премиерот на Русија за Севернокавкаскиот федерален округ
На должноста
19 јануари 2010 – 12 мај 2014
Претходник нема
Наследник Сергеј Меликов
Заменик премиер
На должноста
19 јануари 2010 – 18 мај 2018
Наследник Максим Акимов
Гувернер на Краснојарскиот крај
На должноста
3 октомври 2002 – 19 јануари 2010
Претходник Александар Лебед
Наследник Лев Кузнецов
Гувернер на Тајмирија
На должноста
21 февруари 2001 – 10 октомври 2001
Претходник Генадиј Неделин
Наследник Олег Бударгин
Лични податоци
Роден(а) 6 март 1965
Коломбо, Шри Ланка
Националност Русин
Партија Единствена Русија
Професија политичар, стопанственик

Хлопонин има завршено на финансовата академија во Москва, и бил претседател на одборот на директори на никлената компанија Нориљск. Во 2001 година станал гувернер на Тајмирскиот автонмен округ во северниот дел на Сибир, и на таа позиција се задржал до 2002 година. Тој победил на изборите за гувернер за Краснојарскиот крај, освојувајќи победа со само 48% од гласовите, дури во вториот круг.

Во 2002 година бил прогласен за личност на годината од страна на еден руски деловен неделник. Рускиот претседател Дмитриј Медведев на 19 јануари 2010 година одобрил отцепување на Севернокавкаски федерален округ од Јужнокавкаски федерален округ, по кое Александар Хлопонин бил поставен за полномошен претставник на претседателот на Русија.

Наводи уреди