Александар Урдаревски

Александар Урдаревски, познат како Станко или Санде, (20 јануари 1920 во Чучер, Скопско1 февруари 1943 во Липљан, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОБ.[1] Прогласен е посмртно за народен херој во 1951 година. Неговото родно село е именувано „Чучер-Сандево“ по него.

Александар Урдаревски
Роден на 1920 година
Роден во Чучер, Скопје, Македонија
Починал на 1 февруари, 1943 година
Починал во Градец, Косово

Член на КПЈ од крај на 1939 година


Во НОВ Македонија и Србија

Споменик на Александар Урдаревски
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Александар Урдаревски

Животопис уреди

По завршувањето на основното образование во Скопје, завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Во 1938 година станал член на СКОЈ, а во 1939 година на КПЈ.

 
Спомен-куќа на Александар Урдаревски 2

Учество во НОБ уреди

По капитулацијата на Југославија во Втората светска војна ги прекинува студиите и се враќа во Скопје. Се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел на организирањето на народно-ослободителното движење во Скопско. Во август 1941 година заминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред. Убиен е во битка со италијанско-албанските чети.[2].

За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1533.
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 397