Александар Матковски

македонски историчар и писател

Александар Матковски (влашки: Leko Matku, Леко Матку; Крушево, 30 мај 1922 - Скопје, 15 април 1992) — прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.

Александар Матковски
Роден 30 мај 1922
Крушево, Македонија
Починал 15 април 1992
Скопје, Македонија
Занимање историчар

Живот уреди

Подолго време (до 1936 година) живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје[1]. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2.VI.1942 и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и Идризово (Скопско, до 29.VII.1944)[1]. По бегството од затворот се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ[1]. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето[1]. Завршил учителска школа 1947 година во Скопје, виша педагошка школа во 1949 во Белград, филизофски факултет (историска група) во 1951 година во Скопје, докторска дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ одбранил во 1957 година на загрепското Сеучилиште, завршил филолошки факултет (група ориентална филологија) во 1961 година во Белград. Добитник е на повеќе награди и признанија. Членувал во МАНУ од 1985 година.

Објавени дела уреди

 
Грб на Македонија од почетокот на XVI век од грбовник од книгата на Матковски
 
Научен труд Уште една Мариовска буна (1688/89 г.) од Александар Матковски
  • Ѓурчин Кокалески (1775-1865), прилог кон прашањето за создавање на селска, сточарска трговска буржоазија во Македонија“, Скопје 1957
  • „Хроника на земјотресот во Скопје“, Скопје 1964
  • Грбовите на Македонија“, Скопје 1970
  • „Уште една Мариовска буна (1688/89 г.)“, Скопје, 1970
  • „Диетот-Крвнината“, Скопје 1973
  • „Крепосништвото во Македонија“, Скопје 1978
  • „Историја на Евреите во Македонија“, Скопје 1983
  • „Отпорот во Македонија“, Скопје 1983
  • „Македонскиот полк во Украина“, Скопје 1983

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Блаже Ристовски, уред. (2009). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 928. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).