Александар Драговиќ

Александар Драговиќ (роден на 6 март 1991 година во Виена) — австриски фудбалер, дефанзивец на Лестер Сити и австриската репрезентација.

Австрија Александар Драговиќ
Лични податоци
Роден на 6 март 1991(1991-03-06)(33 г.)
Роден во Виена, Австрија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Лестер Сити Лестер Сити
Број 16
Младинска кариера
Австрија Виена Австрија Виена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008 Австрија Виена (Ам.) Австрија Виена (Ам.) 8 (2)
2008-2011 Австрија Виена Австрија Виена 67 (1)
2011–2013 Базел Базел 77 (4)
2013-2016 Динамо Киев Динамо Киев 28 (0)
2016- Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 20 (0)
2017-Лестер Сити Лестер Сити 2 (0)
Репрезентација
2007-2008 Австрија Австрија 17 11 (2)
2008-2009 Австрија Австрија 19 6 (2)
2009-  Австрија 54 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички карктеристики уреди

Драговиќ е централен одбранбен играч, но кариерата ја започнал како играч од средниот ред.

Клупска кариера уреди

Ран живот уреди

Родителите на Драговиќ се родени во Гроцка предградие на Белград, но се преселиле во Австрија пред раѓањето на нивниот син. Неговиот биолошки татко Александар никогаш не го видел и живеел со неговиот очув, кој работел како готвач. Меѓутоа за време на своето образовние Александар престојувал кај неговиот дедо кога неговите родителите заминале на тригодишна работа во Холандските Антили. Токму неговиот дедо бил тој кој го запишал Александар во фудбалското училиште на Австрија Виена. Неколку години Драговиќ бил ангажиран со паралелно учење и тренинг, но академија на клубот била премногу далеку од дома, и затоа тинејџерот се одлучил да се концентрира на фудбалот.

Драговиќ ги поминал сите младински категории во академијата на клубот од Виена, пред да почне да настапува за аматерскиот тим на Австрија во 2008 година.

Австрија Виена уреди

 
Драговиќ во дресот на Австрија Виена во 2009 година.

Откако на 6 мај 2008 на возраст од 17 години бил пријвен за настап во тимот на Австрија Виена 2, дебитирал во Австриската Ерсте Лигата во натпреварот против Граткорн. Младиот играч од средниот ред ги одиграл и последните два натпревари од сезоната 2007-08; поразот на домашен терен од Кернтен со 0-1, а потоа и победата на гости над Шваненштадт со 2-0.

Во летото 2008 година го потпишал првиот професионален договор и бил унапреден во првиот тим на Австрија Виена, а своето деби во Бундеслигата го направил на 13 мај 2008, во второто коло против Капфенберг (2-2). Драговиќ се појавил како замена во последните 15 минути на местото на Марио Базина. Во неговата прва сезона тој учествувал во 17 првенствени натпревари и поминал на теренот вкупно 1202 минути. Сепак, големиот успех за Александар во оваа сезона било неговото прекомандување во централен дефанзивец (што ќе стане неговата примарна позиција) од страна на тренерот Карл Даксбахер, каде што тој научил многу од неговиот партнер во одбраната и ментор воедно, полскиот ветеран Јацек Бак. Покрај тоа сезоната била успешна за Александар бидејќи го освоил првиот трофеј во кариерата со победата во финалето на Австрискиот куп против Адмира со 3-1.

Сезоната 2009-10 Драговиќ веќе ја започнал како главен централен дефанзивец, играјќи во 32 натпревари од австриското првенство и помагајќи му на својот тим да го освои второто место со само еден бод помалку од шампионот Ред Бул Салцбург.

Следната сезона (2010-11) Драговиќ исто така бил главна фигура во центарот на одбрана на клубот од Виена, одиграл 18 првенствени натпревари и го заработил првиот повик во репрезентацијата пред да ја напушти Австрија.

Базел уреди

На почетокот на 2011 година тој му се приклучил на швајцарскиот Базел. Тренерот на Базел Торстен Финк, решил да не му даде шанса во првиот натпревар од втората половина на сезоната против Тун, но затоа Драговиќ го направил своето деби во Швајцарската Супер лига пет дена подоцна на 12 февруари во натпреварот на домашен терен против Санкт Гален, кој завршил со убедлива победа на домаќините од 3-0. Тогашниот новодојденец без да биде заменет играл во сите 16 натпревари кој уследиле до крајот на првенството и дал значаен придонес во освојувањето на титулата во Швајцарското првенство.

Следната сезона за Александар била уште поуспешна. Заедно со освојувањето на првенството и купот швајцарскиот клуб неочекувано успешно се претставил и во групната фаза на Лигата на шампионите, каде што Базел е предводен од нов тренер Хајко Фогел успеал да го елиминира Манчестер Јунајтед на Алекс Фергусон со победата од 2-1 на Сент Јакоб Парк. Во осминафиналето швајцарскиот клуб се сретнал со Баерн Минхен. По победата на Базел дома со 1-0 германскиот печат ги пренел зборовите на Драговиќ во кој австриецот изјавил дека во Баварија постојат многу мали шанси нивниот главен напаѓач Марио Гомес да постигне гол. "Тој е напаѓач така. Обично само ги завршува акциите и се движи само неколку метри. Ние ќе го покриеме лесно! Тој не е напаѓач од врвна класа.[1]. Меѓутоа, ништо од најавите на Драговиќ не се остварило во реваншот кога одбраната на Базел примила 7 гола, а Марио Гомес постигнал четири од нив. Баерн победил со 7-0 и се пласирал во четвртфиналето. Драговиќ ги одиграл сите натпревари на Базел во Лигата на шампионите оваа сезона од почеток до крај.

Пролетта 2012 Базел го освоил Швајцарската куп. Трофејот на победниците им бил доделен од страна на Ули Маурер познат политичар, член на Швајцарскиот сојузен совет, а потоа заменик-претседател, од 2013 негов претседател. Драговиќ кој стоел зад Ули го удрил со раката по глава, а потоа се свртел настрана.[2] Оваа негова срамна постапка не минала без последица. Говорници во оваа прилика биле дури пратеници и министри. "Ние разговаравме за незаконското однесување во однос на органите и за санкциите што би следувале". За инцидентот говорел и самиот Маурер, кој рекол дека не користел физичка сила, и дека се работи за вообичаена ароганција на еден млад човек кој демонстрирал емоции во позадина. Тимот на Базел веднаш понудил официјално извинување, а и самиот Драговиќ се извинил заради гестот кој го направил. Како резултат на тоа, австрискиот дефанзивец бил суспендиран на два натпревари за "несоодветно", навредливо однесување и прекршување на етичките стандарди", а клубот бил казнет сериозно.[3].

Сезона 2012/13 бил забележан пад во играта на тимот. Од првите 11 првенствени натпревари во тековното првенство на Швајцарија, Базел остварил само четири победи, а тренерот Фогел бил разрешен и заменет со харизматичниот Мурат Јакин, кој е поранешен одбанбен играч на клубот. По добивањето на довербата од новиот тренер, Драгович ја имал својата најдобра сезона во неговата кариера. Вкупно тој одиграл 55 натпревари, вклучувајќи ги и евротурнирите, и ја освоил својата трета титула во Првак на Швајцарија и стигнал со тимот до полуфиналето на Лига Европа. Исто така, во декември 2012, Драговиќ бил прогласен за најдобар дефанзивец во Швајцарската Супер лига.[4]..

Во текот на сезоната, централниот одбранбен играч на Базел бил предмет на интерес на голем број клубови во англиската Премиер лига и пошироко. Сепак, главниот кандидат за ангажирање на австрискиот фудбалер бил Интер. Луѓе од Интер внимателно го следеле Драговиќ во оф-сезоната, особено за време на пријателскиот натпревар против Фортуна Диселдорф, што Базел го добил со 3-0. Тренерот на Интер Валтер Маѕари дал зелено светло и клубот тргнал во преговори за Драговиќ. Финансиските услови на идниот договор речиси биле решени и Базел требало да добие 8.000.000 € плус можни бонуси, а играчот ќе добие 1,1 милиони евра по сезона. Сепак, во последните детали од преговорите имало долга натегната пауза што предизвикало недоразбирање и фрустрација кај челниците на Базел, кој одлучи дека Интер не ги третираат како еднаков партнер. Токму во тој момент Динамо Киев, објавил конкретна понуда за Драговиќ кој првично биле одбиени, па дури Драговиќ одиграл еден првенствен натпревар за Базел од новата сезона против Грасхопер.[5] Наскоро потоа Драговиќ се согласил да се пресели во Украина и стана најскапиот играч во историјата на австрискиот фудбал.

Динамо Киев уреди

 
Александар Драговиќ во дресот на Динамо пред почетокот на финалето на Купот на Украина 2014.

На 26 јули 2013, потпишал пет-годишен договор со Динамо Киев[6] и станал првиот австриец кој заиграл за тимот и втор кој заиграл во Украинското првенство. (по Маркус Бергер). Своето деби за новиот клуб го направил на 11 август на домашен терен против Чорноморец; го одиграл целиот натпревар и заработил жолт картон.[7]. Набрзо Александар станал главен дефанзивец на Динамо, формирајќи одлично партнерство со Евгени Хачериди. Во првата сезона одиграл 21 натпревар во првенството и сите пет натпревари во Купот, помагајќи му на тимот да го освои трофејот.

Репрезентативна кариера уреди

 
Драговиќ игра за репрезентацијата на 22 март 2013 година.

Драговиќ бил вклучени во селекцијата на Австрија до 16 години. Учествувал во 18 натпревари, постигнувајќи 4 гола.

И покрај фактот дека Александар ја претставувал Австрија во сите младински категории тој решил да чека до последен момент повик во српската сениорска репрезентација. Но откако сфатил дека во Белград не се смета на него, ја прифатил поканата на австриската федерација.[8].

На 6 јуни 2009, тој го направил своето деби за репрезентацијата на Австрија во квалификациите за Светското првенство 2010 во натпревар токму против Србија. Австријците го загубиле натпреварот во Белград со 1-0, и на крајот завршиле на третото место во групата со што не се квалификувале за Мундијалот.

За време на квалификациите за Евро 2012 Драговиќ станал главен дефанзивец на репрезентацијата, но тимот повторно не успеал да избори квалификација за турнирот. Ништо подобра среќа Драговиќ и Австријците немале ниту во квалификациите за Светското првенство 2014, заземајќи ги го 3-тото место во групата Ц.

Титули уреди

  Австрија Виена уреди

  Базел уреди

  Динамо Киев уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Взбить «сливки»
  2. Видео: Драговиќ го ,,зеза‘‘ швајцарскиот министер! Архивирано на 16 март 2016 г. sportinfo.com.mk
  3. Наконец-то, Саша!
  4. 6. Александар Драгович
  5. „Драгович продолжает играть за «Базель»“. Архивирано од изворникот на 2014-05-21. Посетено на 2014-09-29.
  6. „Александар Драгович — футболіст київського Динамо“. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 2014-09-29. no-break space character во |title= во положба 20 (help)
  7. „Чемпіонат Прем'єр-ліги. 5 тур. Матч № 33“. Архивирано од изворникот на 2014-05-21. Посетено на 2014-09-29.
  8. Скаут UA-Футбол. Новобранець «Динамо» Александар Драгович