Александар Ѓорчев

Александар Ѓорчев (роден на 19 ноември 1933 година во Кавадарци – починал во 26 јуни 1993 година во Скопје) — македонски глумец и режисер.

Александар Ѓорчев
Роден 19 ноември 1933
Кавадарци, Кралство Југославија
Починал 26 јуни 1993(1993-06-26) (возр. 59)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање глумец
режисер
Деца Бранко Ѓорчев

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1961) и на Театарската академија во Белград (1969). Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава во 1954 година, како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжил во Народниот театар во Куманово, каде што покрај глума се занимавал и со режија. Настапувал и на сцената на Македонскиот народен театар, потоа бил потоа директор на Домот на културата во Неготино (1954-1962); член на Народниот театар во Куманово (1962-1969); член на Драмскиот театар во Скопје (1969-1993)[1].

Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Улоги:

  • Змеј („Јане Задрогаз”);
  • Димитрија („Диво месо”);
  • Борис („Хај-фај”);
  • Кољо („Тетовирани души”);
  • Скапен („Ѓаволштините на Скапен”).

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Александар Ѓорчев
Год. Назив Улога
1960-те ▲
1969 Итрата видовица ТВ-филм /
1970-ти ▲
1970 Александра ТВ-филм /
1971 Жед ТВ-филм /
1971 Мува ТВ-филм /
1973 Недела ТВ-серија Сотир
1973 ТВ ребус ТВ-филм
1974 Брачна понуда ТВ-филм /
1977 Големата соба ТВ-филм
1980-ти ▲
1980 Учителот ТВ-филм /
1983 Премиера ТВ-филм /
1984 Лет во место ТВ-филм Кајмакамот
1984 Јуначко колено ТВ-серија Ѓушбашијата
1984 Диво месо ТВ-филм Димитрија
1984 Исчекување ТВ-филм
1985 Слободан пад ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1985 Случки од животот ТВ-серија Доктор
1985 Таткото на службен пат ТВ-филм ДР. Лјахаоф
1985 Дупло дно ТВ-филм
1986 Среќна нова '49 ТВ-филм Стојан
1987 За трошка среќа ТВ-филм /
1987 Хај-фај ТВ-филм
1990-те ▲
1987 - 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓорчев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 505. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди