Алегорија е стилска фигура со која метафоричното т.е. преносното значење на мислата се реализира во целосна слика, со сите придружни детали. Во поезијата понекогаш тоа е цела песна. Алегоријата поимите ги пренесува како поединечни метафори кои дејствуваат заедно и создаваат комплексна метафора. Оваа стилска фигура често се дефинира и како продолжена метафора. Тоа значи дека алегоријата се создава кога метафората се протега низ целата мисла т.е. низ сите делови кои се содржани во истата[1].

Фигури
Фигури на значењето (тропи)
  • Тропи на зборовите
Фигури на формата
Марко Маркола: Митолошка алегорија

Одлика на алегоријата е тоа што таа не го менува самото значење на зборовите, туку предметот за чие објаснување се користат тие. Најмногу доаѓа до израз во басните, кои во целина се една алегорија.

Поврзано уреди

Јазични изразни средства уреди

Наводи уреди

  1. Wheeler, L. Kip (11 January 2018). „Literary Terms and Definitions: A“. Literary Vocabulary. Carson-Newman University. Посетено на May 19, 2020.

Надворешни врски уреди