Серијата Алборада е романтична и историска мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2005 година, со 90 епизоди[1]. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2006 година. Продуцент на оваа теленовела е познатата мексиканска продуцентка Карла Естрада, која се прослави со сериите Љубовни Врски, Право на Љубов, Извор и Вистинска Љубов. Кај нас оваа серија се емитуваше на Сител телевизија, и имаше голем успех. Насловната нумера во Алборада ја исполнуваше познатиот светски оперски пејач Пласидо Доминго

Алборада
Жанрдрама, теленовела,историска
Создадена одМарија Заратини
УлогиЛусеро
Фернандо Колунга
Даниела Ромо
Ернесто Лагуардиа
Артуро Пениче
Воведна тема"Аlborada"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди90
Производство
Извршен продуцент(и)Карла Естрада
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Хронологија
СледбеникСкриена вистина (2006)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/alborada

Синопсис уреди

Приказната на теленовелата започнува во селото Санта Рита во Панама, во колонијално доба, времето во кое сиромашните биле огорчени од аристократијата. Во средината на приказната е убавата Марија Иполита која живее со нејзиниот маж Антонио, кој е импотентен, и неговата мајка, злобната Аделаида. Марија Иполита била присилена да се омажи за Антонио, поради неговото богатство, од нејзината баба Карлота. Но, сè се уништува кога Аделаида дознава дека Антонио нема да биде наследник на наследството на неговиот чичко, само поради тоа што нема дете. Поради тоа, Аделаида, со помош на своите слуги, им наредува да го грабнат актрактивниот бегалец Луис Манрике, и да ѝ направи бебе на Марија Иполита, и таа да мисли дека тоа е Антонио. За возврат Аделаида, ќе му помогне на Луис да отиде во Мексико. Сето тоа се случува. Луис таа ноќ води љубов со Марија Иполита, а утредента и кажува се што се случува без да и го каже неговото име, и неговото лице, и заминува во Мексико. Огорчена поради злобата на нејзината свекрва, Марија Иполита одлучува да замине во Мексико, со помош на нејзината слугинка. Поминуваат три години, Марија Иполита конечно пристигнува на имотот на нејзината мајка Асунсасион, со нејзиното дете Рафаел, и нејзината слугинка. Сакајќи да го пронајде таткото на нејзиното дете, Марија Иполита ќе се најде во круг на интриги и насилства кои ги преводи Дона Хуана, сестра на бившиот гроф де Гевара, и мајка на Луис. Таа крие дека сегашниот гроф злобниот Диего, е нејзин син, а исто така и дека не е вистинскиот гроф. Поради доаѓањето на Марија и Луис во Мексико, таа почнува да води валкана игра, бидејќи знае дека скриените тајни може да излезат на виделина. Кога повторно ќе се сретнат со Иполита, Луис сфаќа дека Рафаел би можел да е неговиот син и истакнат од нежните чувства кон Иполита, ќе бара излез од договорениот брак со Есперанца, болна и слаба жена, со која бил присилен да се венча заради семејна традиција...

Улоги уреди

Глумци Ликови
Лусеро Марија Иполита
Фернандо Колунга Луис Манрике
Даниела Ромо Дона Хуана
Артуро Пениче Антонио
Ернесто Лагуардиа Кристобал
Иран Кастиљо Каталина

ДВД Издание уреди

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Алборада. Во пакетот се состоат 3 двд цедеа, со сите 90 епизоди.

Алборада на Балканот уреди

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: Евроком
Црна Гора: Пинк М

Наводи уреди

  1. „Alborada (TV Series)“ (шпански). filmaffinity.com. Посетено на October 24, 2005.

Надворешни врски уреди