Абрахам Албер Коен (16 август 189517 октомври 1981) — швајцарски писател со грчко потекло кој творел на француски јазик. Коен е роден 1895 на Крф, Грција во еврејско семејство. Родителите биле сопственици на фабрика за сапун, но се преселиле во Марсеј кога Коен бил дете. Завршил католичко училиште во Франција, а во 1914 се преселил во Женева каде завршил правен факултет. Со швајцарско државјанство се стекнал во 1919. За време на нацистичката окупација, тој пребегал за Бордо, а подоцна во Лондон. Во Женева се вратил во 1948, а починал таму во 1981.[1]

Албер Коен
Коен во 1909 година
Роден/а16 август 1895
Крф, Грција
Починат/а17 октомври 1981
Женева, Швајцарија
Занимањеписател, борец за човекови права
Жанрроман
Значајни делаУбавината на господарот
Спомен-плоча на синагогата на Крф

Романите на Коен може да се сметаат како еден долг автобиографски омаж, каде спаѓа и Убавината на господарот, роман вклучен во 100. книги на векот според Ле Монд. Романот бил награден и од француската академија.[2] Повремено бил уредник на еврејското списание Revue Juive, каде пишувале Сигмунд Фројд и Алберт Ајнштајн. Имал понуда и за амбасадорско место во Израел, но одбил за да се посвети на писателската дејност.

Наводи уреди

  1. "Cohen, Albert from Jewish Writers of the Twentieth Century", Further references, related titles, by David Coward. Bookrags 18 June 2010
  2. "Albert Cohen" literary review, especially "Belle du Seigneur" 18 June 2010