Алат е помошно средство со кое рачно или машински се обработуваат материјалите. Со алатките полесно, побрзо и попрецизно се работи. Алатките овозможуваат изработка на многу сложени производи. Постојат голем број на алатки за најразлична намена. Алатките може да бидат едноставни, но и многу сложени.

Различен вид на алат
Модерна кутија со алат

Поделба уреди

Примената и развојот на алатите непосредно се поврзани за антрополошкиот развој на човечкото општество и цивилизација. Основната цел е да се олесни и забрза работата. Посебен замав во развојот на алатите се случил со почетокот на масовното производство на различни уреди и опрема (на пример, автомобили).

Поделба според материјалот и дејноста уреди

Според материјалот кој се обработува и дејноста, алатот може да се подели на:

Поделба на алатот во машинството уреди

Општа поделба на алатот во машинската струка:

  • резен алат, во директен допир со материјалот го обликува производот (глодало, нож, ...)
  • алат за стегање, посредува помеѓу резниот алат, материјалот за обработка и машината, со што влијае на обликувањето на производот (стеги, стезни глави, ...)
  • мерни инструменти, служат за мерење и контрола во текот на обработката (либела, метро, вагрес, микрометар, шублер, шестар, мерни плочки, мерни ливчиња, ...)
  • алатот за рачна обработка (клешти, клучеви, одвртки, турпии, ...)
  • рачен алат со сопствен погон (електрична рачна дупчалка, брусилка, полирка, ...)

Поделба според начинот на користење и набавка уреди

  • стандарден алат, се купува слободно на пазарот и како таков се употребува, служи за општа употреба, стандардизиран е по квалитет и димензии (на пример: нож, глодало, сврдел, клуч, ...)
  • типизиран алат, изработен е со висок степен на спремност за употреба но не може веднаш да се употреби без претходна доработка или доградба.
  • специјален алат, не може да се купи слободно на пазар, потребно е да се направи или нарача, служи за изработка на конкретен произбод (пример направи за бушење и монтажа, шаблони за сечење и обликување, калапи за лиење на полимери и сл.)

Алатот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Сребрениот чекан на Максвел“ (англиски: Maxwell's Silver Hammer) — песна на британската рок група Битлси од 1969 година.[1]
  • „Божествен чекан“ (англиски: Divine Hammer) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.[2]
  • „Секирче“ (англиски: Small Axe) — песна на Боб Марли енд д Вејлерс (Bob Marley and the Wailers) од 1973 година.[3]
  • „Внимателно со секирата, Јуџин“ (англиски: Careful With That Axe Eugene) — песна на британската рок-група Пинк Флојд (Pink Floyd) од 1969 година.[4]
  • „Најмекиот чекан“ (англиски: The Softest Hammer) — песна на американската рок група fIREHOSE од 1989 година.[5]

Наводи уреди


Предлошка:Алатки